Доставувачи

За компанијата: Paket.mk е интернет супермаркет кој ви овозможува избор на повеќе од 4.000 намирници достапни за достава истиот ден. Сервисот е едноставен за користење – процесот за купување и достава на нарачките е објаснет подолу: повеќе за компанијата »

Добро возиш, одговорен си и бараш работа? Ти си човекот кој го бараме.

Прочитај ги условите и аплицирај веднаш директно на Кариера или со испраќање на твоето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] .

Огласот е отворен до исполнување на позициите.

Месечна заработка од 21.000 до 26.000 денари.

Прашања и повеќе информации на [најави се за да го видиш е-маилот] или на 075 455 299

За позицијата:

Paket.mk е онлајн продавница за производи за секојдневна употреба (онлајн супермаркет).
Работиме од понеделник до петок или понеделник до сабота во две смени. Локацијата е во Пинтија.

Имаме потреба од доставувачи на нарачки кои ќе бидат одговорни за:

  • Помош во комплетирање и проверка на нарачките, како и пријавување/отстранување на евентуалните недостатоци
  • Доставување на нарачките низ домовите во Скопје според строг распоред

Потребни вештини:

  • Возачка дозвола „Категорија Б“ со најмалку 3-годишно искуство
  • Способност за користење на основни компјутерски програми и мобилни апликации
  • Снаодливост, брзина и способност за исполнување на сложени задачи во краток рок
  • Прецизност и чувство за детали

Би било одлично доколку:

  • Имаш познавање на градот Скопје и адресите
  • Имаш претходно искуство на иста или слична позиција

Поволности кои ги добиваш:

  • Фиксен загарантиран надоместок плус надоместок по учинок
  • Работа од 40 часа неделно и слободни државни празници
  • Нови возила за достава со соодветни услови за работа

Аплицирај веднаш директно преку Кариера или со испраќање на CV на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »