Промовирани огласи »

Фани Јованоска е актуелен државен првак во категорија кадети во пинг-понг. Вели дека нејзината љубов кон овој спорт почнала од седумгодишна возраст, преку детска игра, со играње со импровизирани пинг-понг рекети на обична трпезариска маса кај една нејзина другарка. 

Некако играта веднаш ми се допадна, ми стана интересна и веќе следниот ден посакав да ме запишат во пинг-понг клубот во Крушево – вели Фани

Тренира веќе пет години во ППП Крушево. Сега има 12 години и е седмо одделение.Тренира речиси секој ден во клубот во нејзиниот град, но има и тренинзи за македонската пинг-понг репрезентација. Формата ја одржува со активен тренинг и со физички вежби, како и трчање, додава таа. Вели дека е подобра од конкуренцијата токму поради неуморниот дух, времето што го вложува во тренинзи и желбата за успех. Досега има добиено над 20 медали, од кои повеќето се златни.

Имам добиено и признание од страна на Општина Крушево за посебен придонес во областа на спортот. Имам настапувано на голем број државни првенства, како и мастерс-турнири во нашата земја, а во странство имам учествувано на многубројни кампови и турнири, на пр., во Хрватска, Словенија, Косово, Шведска и на други места. Најдрага титула ми е од турнирот во Шведска, од каде што се вратив со два пехари за освоено прво и второ место во две посебни натпреварувања – раскажува Фани.

Титулата државна шампионка во категоријата на млади кадети ѝ е особено драга оваа година затоа што од следната година нема веќе да настапува во оваа категорија.

Баш сум горда дека последната година од оваа категорија ја завршив со златен медал како и претходните неколку години. Наредна е категоријата до 15 години каде што моментално сум на 2. место, но исто така учествувам и во повисоките категории до 18 и 21 година секоја година – вели Фани.

Преземено од: 

https://deca.mk/vreme-e-da-ischezne-fizichkoto-kaznuvane-na-detsata/

 

Промовирани огласи »

„Јас од Србија си отидов поради неможноста пристојно да живееме без разлика што и да работиме. Никако море на рати, позајмица до следната плата, зимски чизми на рати... За мене пристоен живот значи и дека не ми требаат врски за на лекар, за во детска градинка или за вработување...“ Што мислите дали и Македонците се селат од истите причини?

Наташа Дениќ е Србинка, која живее во Германија, и која на својот Инстаграм профил „Печат живота“ постојано споделува здрави рецепти и порачува дека здравото тело и здравите мисли значат здрави луѓе.

Инспирирана од една Инстаграм објава на друга Србинка која говори зошто се отселила од родната земја во Германија, Наташа остави личен коментар кој ја дава суштината на тоа што многу луѓе си заминуваат како од Србија, така и од кај нас.

„Јас од Србија си отидов поради неможноста пристојно да живееме без разлика што и да работиме. За мене пристоен живот значи финансиски комплетно безгрижен живот. Никако море на рати, позајмица до следната плата, зимски чизми на рати и ај ти плати го пијалакот, јас немам денес.

За мене пристоен живот значи кога службеничката во општина, сестрата на приемно, полицаецот на улица и сите останати лица во служба на државата ме почитуваат без оглед на тоа која сум и што сум.

За мене пристоен живот значи ако останам без работа државата да ми помогне, а не да гладувам, да се чувствуам беспомошно и да паѓам во очај. За мене пристоен живот значи дека не ми требаат врски за на лекар, за во детска градинка или за вработување. И уште многу исполнети услови за тоа што претставува еден пристоен живот. И поважно ми е како живеам, отколку каде живеам.

Германија ми понуди повеќе од што воопшто можев да замислам. Нивниот систем треба да им послужи како пример на другите земји. И да, и тоа како има убав живот во Германија. Поубав од што многу наши луѓе замислуваат.

Се разбира, ако знаеш да го живееш, затоа што благодарам на Бог, од својата работа го можеш тоа. Да патуваш, да излегуваш, да се храниш како сакаш, да си дозволиш сè што ти е потребно, да ги израдуваш најсаканите и да си исполниш некои свои стари желби. Единствена носталгија ми се блиските луѓе.

Преземено од: 

https://www.crnobelo.com/novosti/balkan/86619-iskrena-ispoved-na-srbinka-se-preseliv-vo-germanija-zatoa-shto-ne-sakam-more-na-rati-i-vrski-kaj-doktori?fbclid=IwAR3y0NhFWeqshNNF7LlbTbB5rLwhv4mSV-RE9N7c9ZYk3_fXsyuB4BTBXBY

 

Промовирани огласи »

Индустријата за информатичка и комуникациска технологија е најбрзо растечки сектор во македонската економија и игра важна улога како снабдувач на работни места и создавач на извоз. Хардверот е најголемиот сегмент со 55 % на пазарот на ИКТ во Македонија. ИКТ услугите се втор по големина сегмент 30 %, а софтверот сочинува 15 % од пазарот на ИКТ. Со годишна стапка на раст помеѓу 2,5% и 8% во последните неколку години, секторот за информатичка и комуникациска технологија во земјата е ветувачка област за странските компании, но и за домашните.

Просечната плата во овој овој сектор е највисока на ниво на држава и во мај годинава изнесува 73.108 денари според Заводот за статистика. Голем број меѓународни и домашни компании развиваат софтвер во земјата за извозниот пазар и обезбедуваат клиентска поддршка за мултинационални ИТ компании.

Овој пат ќе ги анализираме само домашните ИТ компании, односно оние што се исклучиво во македонска сопственост. Aнализата на Pari.com.mk и податоците на БизнисМрежа.мк покажуваат дека во најголемите 5 компании во македонска сопственост со дејност компјутерско програмирање, четири од фирмите се скопски, додека една е битолска.

Некстсенс е компанијата која генерирала најголеми приходи во последните три години иако може да се забележи континуиран пад низ годините. Од 7,4 во 2018-та на 5,2 милиони евра минатата година.

Втора најголема по приходи е “натрапникот” во групата битолски Интерворкс. Компанијата лани акумулирала приход од 4,8 милиони евра.

Аксапта Мастерс е трета на листата 5 најголеми компании од ИТ во домашна сопственост. Оваа фирма забележала и најголем раст на приходите во последните пет години од 1889%.

Интертек.ИО е следната ИТ компанија во која лани се слеал приход од 2,3 милиони евра. Компaнијата бележи раст на приходите од година в година.

Листата на петте најуспешни македонски фирми од ИТ секторот ја заокружува скопската компанија Интелегент Нетворк Солушн. Оваа компанија за компјутерско програмирање успешно го изменаџирала приходот и од година вo година забележува раст. 2020 година ја завршила со 1,9 милиони евра приход што ја позиционираше во најуспешните пет.

ПЕТТЕ НАЈУСПЕШНИ СО ВКУПЕН ПРИХОД ОД 17,5 МИЛИОНИ ЕВРА

Износите се изразени во евра .

Поинаква е ситуацијата кај профитот. Најголемата компанија по приходи не е и најголема по добивка.

Најпрофитабилна е битолски Интерворкс која остварила добивка од еден милион евра. Компанијата сепак во последните три години забележува пад во добивката.

Втора на листата по добивка избива Аксапта Мастерс со заработка од 662 илјади евра или раст за пет години од 3354 проценти.

Најголемата по приход е на трето место по добивка, но далеку зад прворангираната. Некстсенс остварил профит од 332 илјади евра.

Својата позиција на оваа табела значително ја подобрува и Интелегент Нетворк Солушн. Оваа компанија со речиси 298 илјади евра заработка минатата година и се приближува на треторангираната. Карактеристично за оваа компанија е што и кај приходите и кај добивката од година вo година бележи прогресивен раст. Таа е втората компанија што по Аксапта Мастерс кај добивката покажала најдобри резултати во последните пет години остварувајќи раст од 591 процент.

Последна на листата е Интертек.ИО. Кај оваа компанија добивката од речиси 160 илјади евра во 2018 се намалила на 3.000 евра минатата година.

АКСАПТА МАСТЕРС И ИНТЕЛЕГЕНТ НЕТВОРК СОЛУШН СО НАЈГОЛЕМ РАСТ КАЈ ДОБИВКАТА

Овие пет компании вработуваат вкупно 435 луѓе.Некстсенс (88), Интерворкс (154), Аксапта Мастерс (59), Интертек.ИО (81) и Интелегент Нетворк Солушн(53).

Просечната плата од различни профили во ИКТ секторот во земјата е околу 60% пониска во споредба со Белгија, Швајцарија и Холандија, што ја прави оваа земја конкурентна за обезбедување на најдобро ефективно решение и високо квалитетна услуга.

Македонската аутсорсинг индустрија опслужува клиенти во 37 земји во Европа, Северна Америка, Азија, Австралија и на Блискиот исток. Повеќето компании за ИТО и БПО во Северна Македонија гледаат најголем потенцијал како извозни дестинации во скандинавските земји, Централна и Источна Европа, проследено со сегашниот избор број еден во Северна Америка. Компаниите ИТО се најголемиот дел од стартапите во Северна Македонија.

Добро развиен образовен систем: повеќе од 80 средни училишта со интензивен фокус на јазиците, математиката и науката, како и 22 универзитети; Повеќе од 1.300 македонски студенти дипломирале компјутерски науки, развој на софтвер ја правата Македонија конкурентна во овој бизнис.

Преземено од:

https://pari.com.mk/5-najmokjni-it-kompanii-2020/?fbclid=IwAR0F-pyFAbhKwI1mU5YVkA5iuYYYM-7O_iG1xoweKd_tCGzpJbj06T10vk8

Промовирани огласи »

Продажбата на автомобили преку интернет може да биде опција за заштеда на време на купувачите. Доаѓање до брендот на автомобилот исто така не е лесна задача. Иако голем дел од брендовите имаат свои мк. домени, дел можат да се најдат само под своите дистрибутери, така што наоѓањето бара дополнителна авантура. Целиот процес на купување автомобил преку интернет варира од еден застапник до друг, но повеќето го следат истиот основен процес.

Еве четири најдобри избори за онлајн автомобил шопинг:

AutoScout 24 има масовна база на корисници и таа популарност ja прави одлично место за купување или продавање автомобил преку интернет. Од 1998 година e најголемиот европски автомобилски интернет пазар, koj им нуди на приватните клиенти, дилери и производители сеопфатна платформа за трговија на автомобили преку Интернет. Со 20 милиони корисници само во Германија, компанијата работи во 18 земји низ Европа. Преку AutoScout24, корисниците можат да најдат, финансираат, купуваат, претплаќаат и продаваат користени и нови автомобили. Веб сајтот нуди инспирација за сите видови возила и ги прави тешките одлуки лесни.

Cars.com е уште еден добро воспоставен агрегатор кој обезбедува пристап до залихи на застапништва, приватни огласи и богатство на истражувачки информации. Во прилог на пребарувањето со марка и модел, можете исто така да наведете општ тип на возило и комплет на функции. Кога ќе пронајдете возило за кое сте заинтересирани имате можност да ја повикате или да ја испратите е-поштата на застапништвото. Додека не постои интегриран метод на контакт, огласите вклучуваат телефонски броеви, линкови до веб-страниците на дилерот и обрасци за контакт.

На Mobile.de , купувачите можат да најдат нови и користени автомобили, како и мотоцикли, камиони и моторни домови. Корисниците кои го рекламираат своето возило за продажба имаат контакт со клиенти ширум Германија и пошироко. Oбемниот избор и развој на mobile.de гарантираат рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката, што овозможува да се обезбедат одлични резултати во продажбата.

Mobile.bg веб-страницата број 1 зa автомобили во Бугарија, се базира на таква огромна база на податоци од сите места, нуди многу поголема веројатност да го пронајдете точнoто возилo што го барате, отколку ако само проверувате локални огласи. Од автомобили, џипови, приколки и чамци, до специјализирана опрема, сигурно ќе најдете совршено совпаѓање за вашите потреби. Мобиле.бг сега е достапна во секое време, каде било со вашиот паметен телефон Андроид.

Ви прелгагаме да го прочитачте правилникот на царинска управа пред да се одлучите да увезете возило: https://customs.gov.mk/index.php/mk/patnici/uvoz-na-vozila-mk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »