Промовирани огласи »

18 годишно момче ќе лета во вселената со најбогатиот човек Џеф Безос

најмладиот астронаут кој ќе лета во вселената

Компанијата „Сино потекло“ на Џеф Безос објави дека анонимниот победник, кој платил 27,9 милиони долари за нивниот билет, има други планови на 20 јули. Негова замена ќе биде Оливер Дамен, 18-годишен неодамна матурант. Тој зеде одмор во 2020 година за да добие лична дозвола за пилот и планира да студира физика и управување со иновации на универзитетот во Утрехт со седиште во Холандија во септември.

Јас сум супер возбуден што одам во вселената. Сонував за ова цел живот“. - рече Дамен во видеото објавено на Твитер.

Дамен ќе се приклучи на најбогатиот човек на светот заедно со братот на основачот на Амазон, Марк Безос, во вселенското летало.

Ракетата ќе се лансира во Западен Тексас овој вторник и ќе се движи 62 милји над површината на Земјата, достигнувајќи ја линијата Карман, призната како почеток на вселената.

Со 18 години и 82 години, Оливер Даемен и Воли Фанк ги претставуваат најмладите и најстарите астронаути кои ќе патуваат во вселената “, напишала Blue Origin.

Промовирани огласи »

На море „на кредит“ – Луксуз или реална потреба?

Се повеќе македонци се одлучуваат да подигнат кредит, па одморот да го отплаќаат на рати цела година, или две.

Добро позната е фразата дека „Македонецот е познат по тоа што заработува 250 евра, а во месецот троши дупло повеќе“. Па така, и кога станува збор за годишниот одмор, не е мал бројот на Македонци кои се одлучуваат да заминат на море на кредит.

Работиме приватно и јас и сопругот, тргаме на страна заштеда за одмор, но секогаш нешто друго ќе излезе и заштедата ни оди за тоа. Кога ќе дојде време за одмор се чудиме како да ги организираме финансиите за да ги одведете децата на море. Последниве неколку години земаме потрошувачки кредит кој потоа го отплаќаме со месечна рата. Едноставно банката ни одбива од платата и мислам дека не е осетно, вели 38-годишната скопјанка Ели П.

Ние со партнерот одамна сакаме да го посетиме Египет. Годинава решивме да подигнеме кредит за да си го оствариме сонот, бидејќи во ова стресно секојдневие мислам дека треба да инвестираме во сопственото задоволство. Не се знае утре што ќе биде, а вака со минимална позајмица од банка, на рати ќе го отплаќаме патувањето, раскажува друга скопјанка.

Банкарските работници велат дека во летните месеци побарувачката за потрошувачки кредити е поголема, но, иако кредитобарателите немаат обврска да кажат за што им се потребни парите од кредитот, во неформален разговор откриваат дека ќе инвестираат во годишен одмор.

За некого, годишниот одмор е потреба, за некого луксуз од кој може да се откажат. Многумина на социјалните мрежи коментираат дека „колку е чергата, толку треба да се испружат нозете“ или соодветно на можностите треба да изберете дестинација и да менаџирате да си поминете убаво, но евтино. Сепак, секој одлучува за своите избори.

Промовирани огласи »

Храбро се вози по македонските патишта, возила „летаат“ со огромни брзини

МВР санкционираше 435 возачи за едно деноноќие, од кои дел возеле пребрзо.

Во текот на вчерашниот ден (18.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 435 возачи.

Од нив, 35 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Промовирани огласи »

НЕМА НОВИ РЕСТРИКЦИИ: Остануваат свадбите на затворено, нема ПЦР за влез во земјава

А кластерите на заболени се баш од семејни веселби - состанокот заврши без нови рестрикции!

По благиот пораст на новозаразени со корона вирусот во Македонија, Комисијата за заразни болести денеска разговараше за актуелната епидемиолошка состојба. Фактор дозанава дека на состанокот било заклучено дека не се потребни нови рестрикции во овој момент, но дека е многу важно да се стави акцент на имунизацијата. Иаковпрвично се најавуваше дека е можно да се забранат семејните веслби во затворен простор тоа засега нема да се случи.

Здравствените власти уверуваат дека засега имаме мирно лето и дека нема потреба од рестрикции, но секако најпозанатите кластери од тетовско се од поголеми собирања во затворен простор - еден од свадба, друг семејна веселба. Сепак нема да има забрани барем засега. 

Останува и слободниот влез во земјава односно засега нема да се воведе задолжителен ПЦР или потврда за вакцинација за граѓаните кои доаѓаат од странство. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »