Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи набави нови 40 етилометри (познати уште и како дрегери) кои ќе бидат предадени на сообраќајната полиција за санкционирање на возачите што управуваат возила под дејство на алкохол. По неодамнешната набавка на 50 модерни, технички високо-софистицирани радарски уреди, од МВР, информираат дека продолжуваат со опремувањето на сообраќајната полиција со цел уште поголемa безбедност на патиштата.

Токму возачите кои управуваат возило под дејство на алкохол се причинители на голем број тешки сообраќајни незгоди и затоа нивното санкционирање е еден од приоритетите на сообраќајната полиција. Сега сообраќајната полиција има 145 етилометри, за разлика од само осум етилометри во 2017 година, информираат од МВР.

Постојаното вложување во сообраќајната полиција и професионалното работење на полициските службеници придонесуваат за континуирано намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди. Со новата опрема дополнително ја зголемуваме безбедноста на патиштата, а и во наредниот период продолжуваме со сите потребни набавки за да обезбедиме максимални услови за сообраќајната полиција. Како резултат на посветеноста за создавање безбедни средини за граѓаните, минатата 2020 година е година со најмал број на жртви, а од 2017 година наваму бројот на жртви континуирано се намалува, велат од МВР.   

Промовирани огласи »

Епл го одложи планот за враќање на вработените во канцелариите поради наглото зголемување на бројот на заразени со сојот Делта на коронавирусот. Компанијата планираше вработените да доаѓаат на работа најмалку трипати неделно почнувајќи од септември, но сега тој рок е продолжен за најмалку еден месец.

Значителен број вработени се спротивставија на враќањето на работа. Илјадници потпишаа писмо до извршниот директор Тим Кук и остатокот од управата на компанијата, во кое се наведува дека треба да прифатат пофлексибилна политика за работа од дома.

Менаџментот одговори дека „личната соработка е од суштинско значење за нашата култура и нашата иднина“. „Епл“ беше суштински против концептот на работа-од-дома пред пандемијата, така што дозволувањето на вработените да работат два дена во неделата од дома се смета за голема промена.

Другите големи технолошки компании од Силиконската долина, како што е Фејсбук, најавија дека половина од своите вработени ќе ги пренасочат кон постојана работа од дома. Гугл соопшти дека очекува 20 проценти од вработените да работат од дома кога канцелариите ќе се отворат повторно.

„Епл“ е една од првите компании што реагираа на новиот бран на ширење  на Ковид-19 и ги сменија плановите за враќање во канцелариите. Вработените во Епл ќе бидат известени најмалку еден месец пред да се вратат во деловните простории.

Промовирани огласи »

Програмерите имаат високи, а текстилните работници многу ниски плати.

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, на врвот, со највиски примања убедливо се програмерите. Тие земаат во просек над 72 илјади денари, што е раст за 10 отсто во однос на истиот период минатата година. Веднаш зад нив се вработените во фармацијата, каде просекот е над 47 илјади денари. Следни се лицата кои работат во финансиските дејности, телекомуникациите, воздухополовниот транспорт, управувањето со отпад и управувачки дејности.

Најмали се платите во текстилната индустрија. Во секторот производство на текстил просечната плата е над 22.600 денари, а кај производството на облека над 17.500 денари.

Просечната месечната плата по вработен за мај била 28.721 денар и е за 283 денари повисока од април.

извор: faktor.mk

Промовирани огласи »

Неим*низирани попишувачи нема да пуштаме во домовите за време на пописот – велат граѓаните во анкета за ТВ 24. Според нив, им*низацијата против новата болест треба да биде задолжителна за попишувачите на терен, во услови кога пописот се спроведува среде панде*ија, а се стравува и од нов бран на заразени наесен.

Од државниот завод за статистика пак велат дека не може да бараат од попишувачите да бидат имнизирани, бидејќи таа не е задолжителна во државава и тоа би било дискриминација, но потенцираат дека попишувачите кои ќе сакаат да се им*низираат, ќе им бидат обезбедени дози.

Ние немаме законско право да бараме потврда за им*низација, бидејќи таа во државата е на добороволно ниво, поради тоа не можеме да го поставиме како критериум. Тоа би било дискримимација. Би било добро сите да се им*низираат, но не смее тоа да биде критериум. Ние препорачуваме и има и прашање во апликацијата дали сте примиле доза и дали би сакале да бидете им*низирани доколку бидете избрани, така што нудиме можност и доколку има потреба ние сме подготвени и да организираме им*низација на идните попишувачи – вели Јасмина Ѓорѓиева од Одделение за односи со јавност на Државен завод за статистика.

Министерството за здравство пак, нема да бара задолжителна потврда за примени дози за попишувачите кои ќе влегуваат во домовите на граѓаните, како што се најавува дека ќе се бара за неим*низираните наесен. За попишувачите – само апел од здравствените власти.

Целиот текст прочитајте го на 24.мк со клик ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »