На извршните директори им е потребно повеќе време да размислат за своите одлуки,активности и должности кои подоцна треба да ги претворат во реални проекти.Тие секогаш треба да размислуваат да ги водат своите компании кон раст и успех. Доколку се најдете на таа позиција како помлад извршен директор,постојат одредени совети кои што треба да ги следите за да изградите успешна кариера.
1.Бидете фокусирани за време на вашите состаноци
Како извршен директор,одлуките кои ги донесувате ќе бидат засегнати исто така и за вашиот тим,па веројатно ќе бидете навикнати да одржувате повеќе состаноци. Не закажувајте состаноци кои што немаат одреден план или пак состаноци кои се предолги,за да може да ги задржите сите присутни фокусирани на темата. На тој начин,состанокот може да ја изгуби својата смисла и луѓето да станат премногу опуштени,при што ќе морате да го презакажете состанокот за следен пат. Времето со кое што правилно ќе го изменаџирате вашиот состанок,може да ви биде многу корисно за целата работната недела.
2.Елиминирајте ги сите пречки
Како што правилно распореденото време за состаноци може да ве направи по продуктивни,исто така од големо значење е и елиминирањето на сите пречки додека работите. Извршните директори најчесто треба да бидат достапни за сите,но понекогаш е потребно да го ограничат своето време за другите,со цел да се фокусираат на своите обврски за да постигнат одредена цел. Одредете си неколку цели на кои што бескомпромисно ќе бидете фокусирани и оставете другите луѓе да се прилагодуваат на вашиот распоред.
3.Задржувајте се до своите рутини
Доколку имате свој систем на навики со кои што ја зголемувате вашата продуктивност,тогаш придржувајте се секојдневно кон нив. Одржувајте ги вашите дневни рутини кои што го вадат најдоброто од вас. Ова може да претставува еден од полесните начини за поедноставување и организирање на неделата.