Промовирани огласи »

Денеска е петок 13, ден кој отсекогаш се сметал за ден со лоша среќа, а некои истражувачи објаснуваат и зошто е тоа така.

Широко распространетото суеверие датира уште од Средниот век, а одредени историчари тврдат дека тоа бил денот кога Ева го натерала Адам да го касне јаболкото, кога почнал потопот и изградбата на Вавилонската кула.

Петок се вклучува во сево ова, бидејќи распнувањето на Исус се случува во петок – нормален ден за распнување во Рим. Во Америка во доцниот 19 век, сите егзекуции се извршувале во петок.

Стравот од петок 13ти сеуште е актуелен. Суеверните луѓе на овој ден дури и одбиваат да излезат од дома, некои се откажуваат од патување со авион, а некои и воопшто не патуваат. Било пресметено дека на овој ден во САД бизнисмените губат помеѓу 800 и 900 милиони долари, бидејќи многумина не ни помислуваат за своите работни места.

Петок 13 станал најнесреќен од деновите бидејќи се комбинирале две суеверија во едно.

Промовирани огласи »

Кога ќе го составувате вашиот тим за дигитален маркетинг,треба да одберете луѓе кои ќе бидат креативни и ќе можат да направат одличен стратешки маркетинг план. Голем дел од луѓето со кои ќе се сретнете ќе бидат подготвени да се носат со повеќе одговорности,ќе имаат врвни дигитални вештини и ќе ја разбираат важноста на податоците. Ваквиот тим секогаш ќе биде подготвен да превземе и да совлада некоја нова технологија. Во продолжение ќе ви прикажеме кои се клучните позиции на кои што треба да вработите навистина креативни и искусни луѓе за реализирање на еден маркетинг план.

1. Editorial director

Ова лице ќе го надгледува создавањето на содржина за маркетинг планот,како и стратегијата за социјалните медиуми,поврзувајќи ја свесноста за брендот со конверзија.

2. Content manager

Овој менаџер ќе биде одговорен за создавање нови идеи,креирање и распоредување на содржини за сите медиуми,објава на блогови и видеа, како и да има познавање од оптимизација на веб страни.

3. Community manager

Community manager или пак уредник на социјални медиуми,исто така ќе внимава и на стратегијата за тоа каква содржина се објавува. Ќе се потрудат присуството на вашиот бренд на социјалните медиуми да биде константен.

4. Acquisitions director

Овој директор ќе биде задолжен за стекнувањето на клиенти,како и за креирање на кампањи. Дел од нивната задача е и грижата за максимизирање на приходите, како и ќе го водат тимот за креирање на платена и органска кампања.

5. Analytics manager

Менаџерот за анализирање е одговорен за маркетинг аналитиката,како и за индикаторите на внатрешните одделенија и ќе ги состави и пренесе резултатите од нивното следење.

6. Graphic designer

Графичкиот дизајнер ќе биде задолжен за креирање на графика за вашите канали,платени медиуми,блогови.

7. Email marketing manager

Емаил менаџерот е одговорен за извршување на маркетинг стратегија и кампањи за е-пошта,како и за тестирање на тие кампањи.

Промовирани огласи »

Од понеделник стапуваат на сила мерките кои ги донесе владата на почетокот на оваа недела, според кои за влез во угостителските објекти се воведува задолжителна потврда за извршена им*низација, најмалку прва доза, и редарска служба заради контрола на приложување доказ за им*низација во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 лица, за било каков настан и целосна забрана за одржување на настани во затворениот дел на објектите.

Од Пазарниот инспекторат за Канал 5 велат дека граѓаните нема да бидат казнувани, затоа што тоа е работа на МВР и тие немаат такво овластување. Како што пред неколку дена истакна и министерот Бектеши казна ќе треба да платата оние угостителски објекти кои примаат неимунизирани гости, односно пазарниот инспекторат има надлежност да го казни само физичкото лице кое е сопственик на угостителски објект, а не и граѓаните кои ќе бидат затекнати во истиот.

Казните се движат од 250 евра до 30.000 евра.

Промовирани огласи »

За време на пандемијата,голем дел од луѓето своите работни обврски ги извршуваат од дома. Многу млади сметаа дека ги пропуштаат можностите кои што им се достапни во канцеларија,односно дружењето со колегите,менторства и обуки. Посебно оние млади кои што работат во други градови далеку од своите семејства сакаа да работат во своите канцеларии. Младите луѓе беа најпогодени од пандемијата,бидејќи голем дел од загубите на работни места ги засегаат вработените лица под 35 години. Работењето од дома може да се каже дека на одреден начин изгради позрела работна сила, но во одреден период кај младите владееше стравот дека работата од дома може да влијае на нивната кариера и на потежок напредок. Но,сепак младите лица полесно може да се прилагодат на работењето од дома,на дигиталната комуникација и своите успеси да ги насочат преку истата.

Исто така,може да се каже дека искуствата на менаџерите за време на работа од дома беа доста измешани. Но, голем дел од нив импулсивно се справија со тој нов предизвик,да научат како да управуваат и да ја поттикнат продуктивноста на вработени. Постоеа доста силни аргумети за младите лица да се вратат назад на работа во своите канцеларии и тоа враќање назад може да биде успешно бидејќи менаџерите веќе имаат можност да ги спојат индивидуалните,деловните и тимските потреби за повеќе успеси.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »