Кога ќе го составувате вашиот тим за дигитален маркетинг,треба да одберете луѓе кои ќе бидат креативни и ќе можат да направат одличен стратешки маркетинг план. Голем дел од луѓето со кои ќе се сретнете ќе бидат подготвени да се носат со повеќе одговорности,ќе имаат врвни дигитални вештини и ќе ја разбираат важноста на податоците. Ваквиот тим секогаш ќе биде подготвен да превземе и да совлада некоја нова технологија. Во продолжение ќе ви прикажеме кои се клучните позиции на кои што треба да вработите навистина креативни и искусни луѓе за реализирање на еден маркетинг план.
1. Editorial director
Ова лице ќе го надгледува создавањето на содржина за маркетинг планот,како и стратегијата за социјалните медиуми,поврзувајќи ја свесноста за брендот со конверзија.
2. Content manager
Овој менаџер ќе биде одговорен за создавање нови идеи,креирање и распоредување на содржини за сите медиуми,објава на блогови и видеа, како и да има познавање од оптимизација на веб страни.
3. Community manager
Community manager или пак уредник на социјални медиуми,исто така ќе внимава и на стратегијата за тоа каква содржина се објавува. Ќе се потрудат присуството на вашиот бренд на социјалните медиуми да биде константен.
4. Acquisitions director
Овој директор ќе биде задолжен за стекнувањето на клиенти,како и за креирање на кампањи. Дел од нивната задача е и грижата за максимизирање на приходите, како и ќе го водат тимот за креирање на платена и органска кампања.
5. Analytics manager
Менаџерот за анализирање е одговорен за маркетинг аналитиката,како и за индикаторите на внатрешните одделенија и ќе ги состави и пренесе резултатите од нивното следење.
6. Graphic designer
Графичкиот дизајнер ќе биде задолжен за креирање на графика за вашите канали,платени медиуми,блогови.
7. Email marketing manager
Емаил менаџерот е одговорен за извршување на маркетинг стратегија и кампањи за е-пошта,како и за тестирање на тие кампањи.