Министерот за здравство Венко Филипче во вчерашното гостувањето на ТВ Сител рече дека децата ќе бидат ослободени од задолжителен ПЦР тест за влез во Македонија.
Ќе бидат секако ослободени. Потребите за вакцинација е насочена кон полнолетните граѓани, над 18 години. Сметам дека мерките и досега дадоа резултат. Гледаме дека изминатата недела, откако беа најавени, зборувам за овие коишто се денеска се во сила, значајно се зголеми интересот за вакцина. Во еден момент достигнавме и до 8-9.000 граѓани кои се пријавија и се вакцинираа во текот на еден ден. Минатата недела се дадоа околу 50.000 дози. Значајно се зголеми опфатот на вакцинација, рече Филипче.
Појасни дека досега околу 4.000 деца на возраст од 12 до 16 години се вакцинирале против вирусот.
Исто така Филипче реле дека ќе биде даден разумен рок за старт на новите мерки кои се очекува денеска да бидат утврдени од страна Влада.
Ни утре, ни задутре нема да почнат новите мерки за влез и излез од државата. Ќе дадеме дадеме разумен рок – дали тоа ќе биде една недела или десетина дена, ќе соопштиме утре. Имаме предвид дека многу од нашите граѓани се на одмор, а други допрва треба да одат. Не сакаме да им предизвикаме дополнителен финансиски трошок, рече вчера министерот за здравство, Венко Филипче.