Промовирани огласи »

На повеќето работни места луѓето често се потпираат едни на други со цел да си помогнат работата да се заврши побрзо. Ќе работите на проекти кој што самите по својата природа бараат тимска работа. Но,што би направиле кога луѓето со кои што ќе треба да работите на одреден проект се помалку сигурни? Во тој момент можеби ќе треба да превземете поголема одговорност за проектот за да бидете сигурни дека работата ќе се заврши во целост. Но,ваквата ситуација вашите колеги би можеле да ја искористат и за многу работи да се потпираат на вас,да очекуваат дека вие ќе завршите поголем дел од работата и на крајот највеќе може да страна вашата продуктивност. Постојат неколку можности поради кои што вашите колеги ќе се чувствуваат несигурно.

Некои луѓе што ги сметате за несигурни,неодговорни,невешти на своето работно место или пак имаат навики со кои што го попречуваат работењето на проектите,потребно е да имате добра структура за работа со нив. Може да користите алатки на интернет кои што ќе ги прикажат клучните одговорности на секој член на тимот,список со конректни задачи,како и роковите до кога би требало да ги извршат тие задачи. Корисно би било доколку тие алатки можат да ги потсетат луѓето на задачите кои што треба да ги извршат. Може да наидете на колеги кои поради тоа што се несигурно често велат “да” за многу работи. Тие може да прифатат да завршат повеќе работи,но на крајот сепак голем дел од клучните задачи ќе ги остават недовршени. Ова може да биде начин  вашиот колега често да  кажува “да” бидејќи ќе сака да им се допадне на другите или пак поголем дел од работите ќе им звучат забавно. Овие луѓе можеби се љубопитни и желни за работа,но тие превземаат задачи повеќе отколку што навистина можат да сработат. На вашето работно место може да сретнете и колеги кои навистина напорно работат,но сепак имаат ниска самодоверба и се загрижени дека нивната работа не е доволно добра. Но,важно е да им кажете дека сепак завршениот проект е најдобар проект  и дека ниту една задача никогаш нема да биде перфектна. Секогаш има простор за подобрување во работењето и важно е работата да се пренесува и на другите членови од тимот со цел да се интегрира во што поголем проект.

Промовирани огласи »

Владата на Република Македонија продолжува со интензивна координација со сојузничките НАТО сили, со амбасадата на САД во земјава и со меѓународните организации во рамки на меѓународната спасувачка и хуманитарна мисија за прифаќање и спасување на авганистанското цивилно и миротворно население, соопштија оттаму.

Во овој момент Владата има преземено обврска за прифаќање на 450 граѓани од локално населените од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија.

Најголем дел од 450-те граѓани кои се очекува да пристигнат до крајот на неделава, зависно од околностите на аеродромот во Кабул, се координирани и организирани од страна на американската невладина организација Национален демократски институт (НДИ).

Владата донесе одлука да ги ослободи од трошоци за издавање визи сите граѓани од Авганистан кои ќе пристигнат во земјата, а трошоците за нивното сместување во неколку хотели и мотели во земјава ќе бидат во целост покриени од меѓународните организации и од САД, се до нивното заминување кон САД или до трети земји како нивна крајна дестинација.

Промовирани огласи »

На 16.08.2021 во 05.00 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(36) од Скопје. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба во салон за автомобили и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

 

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 од кривичниот законик.

Промовирани огласи »

Хаос со блокирани сметки во банка, неможност да се подигнат средства од шалтер, да се направат трансакции… настана по банките со ливчињата од МВР место нови лични карти, пишува порталот СДК. 

 Пратениците си заминаа на одмор, не го изгласаа новиот Закон за лични карти, кој е со Република Северна Македонија и со опција за двојазичност според Законот за употреба на јазиците.

МВР, сметајќи дека пратениците ќе го изгласаат новиот Закон за лични карти, си го надгради системот за лични документи и исправи и сега нема назад. Нови лични карти велат дека не смеат да даваат, 30-тина илјади граѓани кои поднеле барање за нова лична карта, останаа со ливчиња од МВР, кои не се лична исправа и не им важат никаде. Оваа бројка секојдневно расте, бидејќи МВР прима барања, но не издава нови лични карти.

„Со оглед на тоа дека ливчето што ми го дадоа од МВР не ми го призна банката како валидна исправа, јас не можев да ја исполнам законската обврска да ги ажурирам податоците. Како што налага законот, неажурирани податоци – блокирање на сметката. Мојата трансакциска сметка од денеска е блокирана!“, испрати скопјанка утринава допис до САКАМДАКАЖАМ.МК.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »