Промовирани огласи »

На купи продај огласник, секојдневно граѓани бараат од некого да купат фалсификуван, лажен сертификат за ковид вакцинација. Граѓаните бараат помош односно контакти од лица, за да им го изработат сертификатот, иако не се вакцинирани и немаат намера да се вакцинираат. Под објавите јавно се оставани телефонски броеви од наводните мајстори што ги изработуваат, пишува порталот Слободен печат. 

Кога се јавивме на броевите, сите ни рекоа дека се работи за грешка, но не беа изненадени од повиците. Слободен печат од свои извори дознава, дека и во инспекторатите ширум земјава, се јавувале лица, кои сакале да останат анонимни и кажувале дека се поканети на свадби, а кога рекле дека не можат да присуствуваат зашто не се вакцинирани, од организаторите добиле одговор дека со ручекот ќе добијат и сертификат. Потоа инспекторите ги препраќале ваквите лица, дојавата да ја достават до Министерството за внатрешни работи, од каде пак, не добиле ниедна пријава, се наведува во истражувањето на порталот. 

Дека ваков бизнис навистина постои, докажува и најновата акција на италијанската полиција која пред три недели фати и стопираше серија онлајн измамници кои нудат лажни ковид сертификати за вакцинација. Италијанската полиција соопшти дека запрела 10 канали на апликацијата Телеграм кои воделе до анонимни профили на црниот интернет пазар односно мрежата ДаркВеб. Оттаму нарачателот можел да стапи во директен контакт со продавачите, а плаќањето се одвивало во криптовалути. За 150 евра можело да се добие и сертификат за вакцинација и шишенце од вакцина.

Промовирани огласи »

Повеќето сопственици кои инвестираат во маркетинг содржина знаат дека доколку сакате да бидете успешни треба да се разликувате од другите. Иако постојат милиони луѓе кои што се натпреваруваат да бидат повеќе истакни од другите,сепак веб страната претставува место каде што има голем број на читатели. Еден од начините за да се издигнете и да привлечете повеќе внимание кон вашата содржина е да ја искористите моќта на авторитетот. Што всушност претставува моќта на авторитет и кои се најдобрите страгегии за да го направите тоа?

Моќта на авторитет всушност се однесува на перцепираното ниво на експертиза и кредибилитетот на една личност да пишува за некоја тема. Перцептивноста овде е многу важна бидејќи може да направи да изгледате поавторитативно на одредена тема и луѓето да ја фаворизираат вашата стратегија. Може да добиете предност во однос на конкуренцијата и да станете повеќе веродостоен за вашите читатели. Со тоа вашата публика ќе стане по лојална и вашите зборови помоќни.

Убаво би било доколку се поврзувате со други извори и го поткрепувате она за кое пишувате,или доколку обезбедите некое оригинално истражување кое ќе ги потврди вашите тврдења. Како што ќе станете повеќе авторитативен,така би имале повеќе можности за соработка. Се разбира дека е потребно многу време и напори за да го зајакнете сопствениот авторитет,но секогаш бидете искрени со публиката која ве следи и признајте ги вашите грешки.

Промовирани огласи »

Заврши периодот на бесплатната патарина за српските туристи во знак на благодарност за можноста македонските граѓани да се вакцинираат против Ковид-19 во Белград, Ниш и Врање. Според претходната одлука на Владата, српските возила кои транзитираа од 15 јуни до 15 август по Коридор 10 немаа обврска да плаќаат патна такса на наплатните пунктови, а наместо тоа на Табановце им беа доделувани смарт картички.

„Согласно Одлуката на Владата на РСМ за ослободување на возила на Српски туристи, од страна на Јавното Претпријатие за Државни патишта изготвени се 100.000 М-Смарт од кои реализирани се 83.959 М-Смарт (во периодот од 15 Јуни до 15 Август) со вкупна вредност од 72.204.740 денари. Вкупниот промет со овие вкалкулирани  картички е 1.695.106.586 денари (рекорден приход од постоење на Наплатна Служба) со што има зголемување на прометот од 12% во однос на истиот период во 2019 година (рекордна година до сега)“, велат од центарот за наплата на јавното претпријатие „Државни патишта“.

Во мај Владата го задолжи Министерството за финансии да префрли 172 милиони денари (нешто над 2.8 милиони евра) за набавка и изготвување на 200 илјади таканаречени М-Смарт Кард картички, со кои ќе им се овозможи на граѓаните на Србија летово да можат да патуваат низ Македонија без да плаќаат патарина.

Од претпријатието инаку велат дека во периодот Јануари-Јули 2021 година од наплата на патарина остварен е вкупен промет од 1.532.901.846 денари или 25 милиони евра. Вкупно за овој период е наплатено на 22.434.168 возила од сите категории

Од „Државни патишта“ велат дека наплатата е повеќе од задоволителна и дека резултатите се подобри дури од 2019 ако се спореди периодот април, мај и јуни, односно откако Грција одлучи да го отвори граничниот премин и дозволи влез на странски туристи.

Ако се направи споредба со 2019 година која е рекордна по остварениот промет, се забележува раст на прометот за првите 7 месеци во 2021 година и тоа за речиси 7 отсто (6,73%)“ иако е наплатено од 1.028.999 возила помалку во однос на истиот период.

„Во месец Јули 2021, наплатено е вкупно на 4.819.678 возила од сите категории, што претставува зголемување од 35,36% од претходниот месец Јуни. Остварен е промет од 313.680.376 денари, што е зголемување од 9% во однос на месец Јули 2019 година, или, наплатено е повеќе за 25.463.167,00 денари во Јули 202“, информираат од „Државни патишта“.

Во периодот Јануари-Јули 2021 година, продадени се вкупно 4.941 електронски уреди, или поединечно 2907 МСмарт картички  и 2034 МТаг уреди. Од започнувањето со електронската наплата на патарина од, заклучно со 31.07.2021 година, продадени се вкупно 26.406 електронски уреди, од кои 16.734 се М-Смарт картички и 9.672 се М-таг уреди.

Промовирани огласи »

Покрај задолжителна вакцинација за угостителските објекти, истото ќе мора и за настани, но и за влез во трговските центри, како и казината и обложувалниците. Влез ќе биде дозволен и со потврда за прележан коронавирус последните 45 дена. Ова го одлучи владата на денешната седница.

Согласно препораките, Владата донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, како и за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложувалници, казина), задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:

сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД – 19 или

сертификат/потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе, како и за влез во затворениот дел од моловите.

Дополнително, во сите угостителски објекти, кафулиња и барови опфатени со оваа мерка каде капацитетот е поголем од 30 посетители/гости/лица, задолжителнo e воспоставување редарска служба од страна на правниот субјект за контрола и спроведување на мерката. Додека пак во угостителските објекти со капацитет помал од 30 лица контролата на поседувањето на КОВИД – 19 сертификатот на посетителите е должност на редовно вработените лица.

Овие мерки стапуваат на сила по нивното објавување во „Службен весник“, односно од утре 18 август 2021 година.

Останува забраната за организација на свадби, веселби и прослави во објекти од затворен тип, додека друг тип на настани на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30% од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители со задолжително поседување, приложување и проверка на еден од задолжителните КОВИД – 19 документи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »