Промовирани огласи »

Нови мерки во Грција кои стапуваат на сила на 13 септември и ќе важат до 31 март следната година беа соопштени денеска од министерот за здравство Василис Кикиљас.

Затворени простори само за имунизирани; задолжителни рапид тестови еднаш или два пати седмично за неимунизираните вработени во јавниот и приватниот сектор, но на сопствен трошок, по десет евра од тест; задолжителен негативен тест за патување со брод, автобуси, воз или авион за неимунизираните, се само дел од мерките во Грција.

Кикиљас истакна дека согласно податоците од Националната организација за јавно здравје, над 90 отсто од пациентите на Одделите за интензивна нега наменети за актуелната болест се неимунизирани и потенцираше дека нема повторно болниците да се станат само центри кои ќе лекуваат позитивни пациенти.

Мерките што ги соопшти ќе бидат за периодот од 13 септември 2021 година до 31 март 2022 година и пред сè се однесуваат на неимунизираните граѓани.

Поконкретно, како што пренесува МИА, неимунизираните вработени во приватниот и јавниот сектор ќе треба еднаш седмично да се тестираат со рапид тест, исклучиво во приватните дијагностички центри, тестот ќе биде десет евра, а неимунизираните сами ќе си ги покриваат трошоците.

За неимунизираните вработени во туризмот, образованието, угостителство, во телевизиските, театарските, кинематографските и музичките продукции, како и за студентите задолжени се два тестови седмично, кои исто така ќе ги чинат по десет евра од тест и ќе бидат на сопствен трошок. За учениците, задолжителни се два селф теста седмично, кои ќе бидат бесплатни.

Граѓаните кои планираат да патуваат со автобус, воз, брод или авион кон сите дестинации во Грција, а се неимунизирани, ќе треба, 48 часа пред патувањето да направат брз рапид тест, исто така по цена од десет евра.

Во однос на тестовите, Кикиљас соопшти дека од 13 септември во државните дијагностички центри, тестовите ќе бидат бесплатни само за имунизираните или за лицата со симптоми.

За неимунизираните, за онаму каде што ќе им бидат потребни негативни рапид тестови, ќе треба на свој трошок да се тестираат.

Влез во внатрешните делови на кафулињата, баровите, рестораните, таверните, ноќните клубови, како и во спортските сали, од 13 септември ќе биде дозволен само за имунизирани лица и за оние кои во изминатите шест месеци ја прележале болеста.

За театрите, музеите, археолошките локалитети, како и за фитнес центрите и спортски клубови, влез е дозволен за имунизирани, за оние кои прележале, но и за оние кои имаат негативен тест направен 48 часа претходно.

За употребата на маска, и понатаму задолжителна е во затворените простори, но и надвор доколку има гужва.

Кикиљас, потсети дека на принуден одмор, од 1 септември ќе бидат здравствените работници и вработените во болниците кои ќе одбијат да се имунизираат, а задолжителната имунизација се однесува и на приватни лекари и на фармацевтите.

Паралелно, истакна дека за да се стигне до посакуваниот колективен имунитет од 80 отсто, потребно е да се имунизираат уште околу еден милион граѓани.

Промовирани огласи »

Во сила стапува од денес новиот Закон за заштита на личните податоци, донесен во февруари годинава, кој беше со одложена примена за да им се даде можност на компаниите и институциите во земјата да се прилагодат на промените.

АЗЛП, следејќи ја активно примената на Законот за заштита на личните податоци, а по извршената анализа на преземените активности од страна на контролорите и обработувачите во врска со нивното усогласување во работењето со одредбите на Законот во рамки на утврдениот 18 месечен период (24 февруари 2020 – 24 август 2021 година), како и согледувањето на предизвиците со кои најчесто се соочуваат, со цел уште повеќе да ја промовира и засили свесноста на контролорите и обработувачите за нивните обврски според овој закон, ги разви и донесе Насоките за изработка на мерки при обработката на личните податоци.

Промовирани огласи »

За неколку дена следи неработен ден за православните верници. 

Министерството за труд и социјална политика објави дека Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица 28 август (сабота) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Од МТСП на граѓаните од православна вероисповед им го честитаат празникот. 

Промовирани огласи »

Се зголемиле платите во Република Српска, каде просечната плата е 500 евра, објави тамошниот завод за статистика. 

Причината за зголемувањето на платата е тоа што од минатиот месец се пресметува поголем дел приход што не се даночи, објави Српска инфо. Од јули двојно е зголемен износот што вработените го имаат врз основа на поврат на данок за издршка на семејство. Највисока просечна плата има во сферата на финансиите и осигурувањето, а најниска во дејноста на сместување, подготовка и послужување храна. Цените на производите минатиот месец биле пониски за 0,1 отсто. Најголем раст на цените е регистриран кај превозот поради поскапувањето на горивата, а најголемо намалување на цените е забележан во трговијата со текстилни производи. Плати над 500 евра има и во Србија, и во Црна Гора. Словенија и Хрватска пак се земји кои од поодамна имаат повисоки плати.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »