Промовирани огласи »

Холанѓанецот Јан де Јонг, кој живее и работи во Хрватска, од септември воведува четиридневна работна недела за своите вработени, без да им ги намали платите.

Тој веста ја објави на својот профил на LinkedIn каде вели дека започнува со четиридневна работна недела

„Нашиот тим е воодушевен“

Компанијата Webpower Adria само што им ги покачи платите на своите вработени за 20%. Не, не во пари, туку во слободно време. Воведуваме четиридневна работна недела - за иста плата! Покрај тоа, одлуката дали моите колеги работат од дома или од канцеларија е целосно нивна одлука. Сите ние сме поединци со различни преференции “, напиша Јан Де Јонг на својот профил на LinkedIn.

Ако можеме да ја работиме нашата работа од каде било, тогаш кој сме ние да кажеме дека треба да се направи од канцеларијата? Цврсто верувам во силните зборови на Сер Ричард Бренсон: „Ако се грижите за вашиот персонал, тие ќе се грижат за вашите клиенти“. Нашиот тим беше воодушевен кога слушна дека почнуваме со четиридневна работна недела од септември “, се вели во соопштението.

Целта на воведувањето на четиридневна работна недела е да се намали стрес и да се зголеми продуктивноста – не познавам ниту една хрватска компанија што го нуди ова, така што ние во Webpower Adria сме горди што сме меѓу првите компании во Хрватска што воведоа четиридневна работна недела за иста плата, наведува Де Јонг во објава на LinkedIn.

Извор: Индекс.хр

Промовирани огласи »

Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер денеска најави четири нови рути од Северна Македонија до Италија, Германија и Данска. Станува збор за дестинациите од Скопје до Болоња и Торино – Италија, од Скопје до Билунд – Данска и од Охрид до Фридрихсхафен – Германија. Првите летови до новите дестинации ќе бидат во декември годинава.

Новите линии ќе ги надополнат постојните услуги што веќе се користат од скопскиот и охридскиот аеродром и ќе ја потврдат заложбата на авиокомпанијата да им понуди на македонските патници летови до различни дестинации. Новите рути до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд ќе започнат со работа благодарение на распределбата на 5 -тиот авион на Wizz Air базата во Скопје, соопшти денеска Виз Ер.

Новите дестинации, појаснуваат, се познати по нивната култура, природа и гостопримство. Позната по своите кули, цркви и долги порти, Болоња е еден од најпопуларните градови во Италија. Градот има голема студентска популација што му дава космополитски карактер. Торино од друга страна е познат по својата префинета архитектура и кујна. Градот Билунд е дом на вториот по големина аеродром во Данска и е забавно жариште во Европа, обезбедувајќи атракции за сите членови на семејството, особено за малите благодарение на познатиот Леголенд. Сместен директно на брегот на езерото Констанца, Фридрихсхафен е познат по својата природа, како и по тоа што нуди акција и забава во, околу и на вода, велат од Виз Ер.

Оттаму  ги советуваат патниците да ги проверат рестрикциите за патување пред да го започнат своето патување. Со Мапата за планирање на патување, патниците можат да ги проверат рестрикциите за патување низ мрежата на WIZZ. Веб-страницата со кодови во боја прикажува сеопфатна карта на можни дестинации, со соодветни линкови до владини веб-страници, страници за патувања и сите формулари што треба да се пополнат пред поаѓање.

Картите за новите рути се веќе во продажба на wizzair.com или на мобилната апликација со цени од 1229 денари / 19.99 евра. 

Промовирани огласи »

Ако имате план за ново вработување или пак прегледувате огласи за вработување и размислувате за промена на вашата професија KARIERA.mk е вистинското место каде може да најдете нови отворени работни места кои се актуелни во моментот.

Токму заради тоа би сакале да ве информираме за поголемиот број на компании кои регрутираат во овој период и имаат активни огласи на кои може да се пријавите со испраќање на вашето CV.

Еден од најголемите ланци на ресторани во светот и лидер во начинот на подготовка и послужување на пилешко KFC има отворено три работни позиции и очекува пријавувања на млади и енергични луѓе.

Подготвувачи на месо

Бургер Мајстори

Касиери

JYSK е меѓународен малопродажен ланец кој продава, сè за дома. Со мисија да се даде одлична понуда за секого, JYSK, со потекло од Данска, е една од најбрзо растечките ланци во светот на продавници во рамките на домашното уредување. Успешната бајка на JYSK започна во 1979 година, кога основачот на компанијата и единствен сопственик, претприемачот Ларс Ларсен, ја отвори својата прва продавница во Данска со едноставна идеја, секогаш давајќи им на клиентите голема понуда. Ова и ден денес останува филозофија на компанијата. Денес JYSK групацијата се состои повеќе од 3000 продавници во 51 земји низ светот. Токму сега, имате шанса да се придружите на оваа успешна приказна преку испраќање на вашето CV за позиција АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА на овој ЛИНК.

Уживајќи во извонредната локација во срцето на градот - античката Стара чаршија - ова уникатно одморалиште со 5 ѕвездички во Скопје „Буши ресорт & СПА“ е прекрасно место за работење. СПА центарот на одморалиштето Буши е единствениот од ваков вид во целиот регион. Во моментот имаат отворени слободни работни места за РЕЦЕПЦИОНЕР и РЕЦЕПЦИОНЕР ЗА СПА.

Жито маркети е во потрага по своите нови членови на тимот во неколку сфери од нивното работење

Персонал за продажба (Скопје)

Персонал за продажба (Петровец)

Персонал за продажба (Велес)

Петровец за видео надзор и мониторинг

Повеќе од 1.100 вработени, под брендот А1, се грижат за обезбедување на најдоброто корисничко искуство за над 1.200.000 корисници. Погледнете ги отворените места 

SOX IT EXPERT

SOX EXPERT

LOGISTIC INTERN

CUSTOMER SERVICE INTERN

Доколку ваша пасија се јазиците, тогаш сигурно ќе се пронајдете во огласите кои моментално ги има Big Business Solutions. Потребни се луѓе со познавање на странски јазици и сите огласи може да ги погледнете ТУКА.

Регионалниот телекомуникациски провајдер СофтНЕТ ЕУ има потреба од ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ИНЖЕНЕР ЗА ПРОДАЖБА.

ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна  компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема  дистрибутивна мрежа, секогаш се во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нивното професионално семејство. Поради проширување на својот тим, имаат потреба од Фармацевтски техничари и асистенти во продажба низ цела држава.

Маркетите Зендолино исто така би сакале да запознаат нови луѓе заинтересирани за придружување на нивните тимови во Скопје, Струмица, Кочани и Штип на позиција ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ.

Никогаш не се откажувајте, вашата замисла за подобро утре е потребно да ја направите уште денес. Разгледај ги сите отворени работни места на на KARIERA.mk

Промовирани огласи »

Патниците кои во Грција влегуваат од 16 земји меѓу кои и Северна Македонија, а немаат сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од имунизацијата или потврда за прележан Ковид-19, односно патуваат со негативен ПЦР или рапид тест, задолжително ќе бидат тестирани при пристигнувањето, а негативниот резултат е предуслов за влез во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Дополнителната мерка е вклучена во новата министерска одлука на грчката Влада „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19″, што е веќе објавена во Службен весник на Грција, а во 6 часот утрово стапи во сила.

Во однос на неопходните документи за влез во Грција кои се поврзани со Ковид-19 нема промени и исто како и во изминатите три месеци за патување кај јужниот сосед потребен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/ рапид тест или потврда за прележан вирус, заедно со пополнет PLF формулар.

Северна Македонија и понатаму е на листата трети земји за кои не важи забраната за влез во Грција, а отворени се сите копнени гранични премини.

Единствената промена се однесува на „сите патници, независно од државјанството и начинот на влез, кои во Грција пристигнуваат од државите: Египет, Албанија, Аргентина, Северна Македонија, Бугарија, Бразил, Грузија, Куба, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина, Либија, Мароко, Пакистан, Русија и Турција” , а предуслов за влез е да добијат негативен резултат од задолжителното тестирање со ПЦР и рапид тест на влезните точки во Грција.

Задолжителното тестирање, е само за оние кои патуваат со негативен тест, а не важи за патниците кои имаат валиден сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од втората доза или потврда за прележана болест во изминатите шест месеци.

Поконкретно, за условите за влез во Грција, како и до сега, сите посетители, „независно од државјанството и начинот на влез во земјата” имаат четири опции, во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со Ковид-19, а МИА детално ги пренесува сите предуслови за патување кај јужниот сосед.

Првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени.

Втората можност е со негативен тест: или ПЦР направен во последните 72 часа пред патувањето или антигенски (брз) тест направен 48 часа претходно. И за двете опции, тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот.

Во однос на оваа категорија се воведените промени од утрово, односно задолжителното тестирање при влезот.

Третата опција се однесува на оние кои прележале Ковид-19 во изминатите шест месеци и може да достават потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со ПЦР или антигенски (брз) тест, а сертификатот се издава 30 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до 180 дена подоцна.

Документот треба да биде од јавна установа или од лаборатории одобрени од државата на потекло, да ги содржи податоците од пасошот и повторно, може да биде на неколку јазици, односно на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик.

Европскиот дигитален Ковид сертификат е четвртата алтернативна можност за влез во Грција.

Конкретните обврски за патување важат за лица со наполнети 12 години.

Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), кој треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција.

Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот.

Тестирањето, веќе е задолжително за патниците кои доаѓаат од Северна Македонија, а патуваат со негативен тест.

Оние кои ќе бидат тестирани, ќе треба да ги почекаат резултатите.

Ако резултатот е позитивен, предвиден е десетдневен карантин, а во случај да се работи за лица кои 14 дена претходно ја завршиле вакцинацијата, тогаш задолжителната изолација е седум дена.

На последниот ден од карантинот, оние кои биле позитивни, без разлика дали се вакцинирани или не, потребно е да направат ПЦР тест.

Лицата што патуваат заедно со потврдените случаи, односно блиските контакти на оние кои се позитивни на Ковид-19, имаат можност да се вратат во нивната земја истиот или следниот ден, под услов добијат два негативни резултати од два теста (ПЦР или рапид) направени во текот на 24 часа и да носат маска Н95 додека патуваат.

Во случај лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи да останат во земјата, а не се вакцинирани или немаат прележано Ковид-19 во изминатите шест месеци, тогаш треба да бидат во 14-дневна изолација по последниот контакт со позитивното лице, без да се тестираат или седум дена карантин и на седмиот ден да направат ПЦР тест.

Доколку блиските контакти се вакцинирани или прележале Ковид-19 во изминатите шест месеци, тогаш не е потребен карантин, но задолжително се тестираат со ПЦР тест при влезот во земјата.

За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 до 5.000 евра.

За влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини кои работат 24 часа, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот,  а за влез од Турција преку Кастаниес и Кипи дневно, дозволен е влез на 1.500 лица.

Од Северна Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос на бројот на посетители или во однос на работното време.

Во одлуката, како што пренесува МИА, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат и за Грците.

Новата министерска одлука е со важност до следниот петок, 3 септември 2021 година во 6 часот наутро.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »