Промовирани огласи »

Ќе скокнат цените на лебот и маслото за јадење. Граѓаните ќе се соочат со нови поскапувања, пишува Фатор.

Сега има драстично зголемување на цените на пченицата на светските берзи. Цените на сончогледот на светските берзи исто така брзо растат и од компаниите кои се занимаваат со производство на масло, веќе не е можно да се издржи ни со сегашната продажна цена во Македонија. Дел од пекарниците веќе ги зголемиле цените на лебот и белите печива, а дел тоа ќе го сторат во наредниот период. Пекарниците во внатрешноста на земјата уште се со старите цени, и велат дека лебот ќе поскапе за 2 или 3 денари. Објаснуваат дека целокупниот амбиент со поскапување на брашното, горивата, и ред други работи, водат кон тоа и тие да ги зголемат цените на производите. Сето ова ќе ги „удри“ по џеб граѓаните, кои ќе мора да одвојат повеќе пари месечно за задоволување на потребите.

Порастот на просечното ниво на цени е резултат на експанзивната монетарна и фискална политика, насочени кон задржување на економскиот раст и вработеноста во услови на криза. За разлика од цените кои имаат тенденција на раст, нивото на плати и натаму останува исто. Во вакви околности, со оглед на тоа што ценовната еластичност на побарувачката за есенцијални добра, како што се лебот и маслото за јадење, е мала, порастот на цените на овие производи неминовно води кон зголемување на нееднаквоста во распределбата на доходот и продлабочување на јазот помеѓу богатите и сиромашните. Порастот на цените есенцијалните добра највеќе ги засега најсиромашните слоеви на населението и ранливите групи на граѓани. Оттука, макроекономските политики на државата треба да бидат насочени токму кон заштита на овие категории на лица, со цел подобрување на целокупното ниво на животен стандард и квалитет на живот во земјава, вели м-р. Мартин Новески, претседател на Здружение на економисти, статистичарии економетричари СИГМА СТАТ Скопје.

И претходно во неколку наврати имаше поскапување на маслото за јадење, чија цена скокна и до 100 денари. Во земјава трошоците за живот растат. Граѓаните велат дека луѓето со повисоки примања нема да ги почувствуваат поскапувањата, но за работниците со минимални плати ќе биде најтешко.

Нормално дека таа тема не засега и тоа многу. Тешко дека некој ќе ги натера газдите во приватен сектор да ги зголемат платите. Треба да се зголемат платите, или ако тоа не е можно,  да се преземат мерки цените да стагнираат, да не дојде до нивно зголемување. Цената на маслото за јадење извесно време поскапува, и тоа е  нешто најнеопходно за секое домаќинство, коментираат граѓаните.

Трошоците на животот во август годинава се за 0,6 отсто повисоки во однос на јули 2021, а цените на мало скокнале за 0,4 проценти. Споредено со август 2020 година, пак, трошоците на животот имаат зголемување од 3,6 отсто, а цените на мало за 4,9 проценти.

Како што објави Државниот завод за статистика, поскапување има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 15,8 отсто, сирењето и урдата за 1,1, месото за 0,9, лебот и житата за 0,7, млекото за 0,6, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3, како и прехранбените производи, неспоменати на друго место, жестоките пијалаци за 0,2 отсто. Во јуни просечната плата во Македонија изнесувала 28.744 денари.

Промовирани огласи »

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, прогласи енергетска вонредна состојба во државата и побара од државата веднаш да реагира за да се спречи енергетска и финансиска криза. – Со месеци наназад јас апелирам дека имаме сериозен проблем со набавката и продажбата на струја. Компаниите кои се лиценцирани за снабдување со електрична енергија не очекувале дека ќе има нагло зголемување на цената на електричната енергија на светските берзи. Тоа придонесе снабдувачите да имаат сериозни загуби на дневно ниво кои се принудени да ги раскинуваат договорите кои ги имаат склучено со компаниите и граѓаните, бидејќи договорената цена е значително пониска од цената по која сега ја набавуваат струјата на берзите, изјави за ВЕЧЕР, Манасков

Доколку Владата во наредните 10 до 15 дена не преземе сериозни чекори и не го реши проблемот со набавката на електрична енергија, може да дојде до сериозна енергетска и економско-финансиска криза. Од Стопанската комора за енергетика на Македонија предупредуваат дека ситуацијата е крајно сериозна поради наглото зголемување на цената на електрична енергија на берзите кое може да доведе до зголемување на цената на струјата за граѓаните и компаниите, банкрот на снабдувачите со електрична енергија, па дури и до прекин на електричната енергија во државата.

Претседателот на Стопанската комора за Енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, прогласи енергетска вонредна состојба во државата и побара од државата веднаш да реагира за да се спречи енергетска и финансиска криза.

-Со месеци наназад јас апелирам дека имаме сериозен проблем со набавката и продажбата на струја. Компаниите кои се лиценцирани за снабдување со електрична енергија не очекувале дека ќе има нагло зголемување на цената на електричната енергија на светските берзи. Тоа придонесе снабдувачите да имаат сериозни загуби на дневно ниво кои се принудени да ги раскинуваат договорите кои ги имаат склучено со компаниите и граѓаните, бидејќи договорената цена е значително пониска од цената по која сега ја набавуваат струјата на берзите, изјави за ВЕЧЕР, Манасков.

Според него, потребно е Владата веднаш да реагира и да прогласи енергетска вонредна состојба со цел да се реши проблемот со набавката на електрична енергија. Во спротивно тој предупреди дека може да дојде до економска криза бидејќи граѓаните ќе плаќаат струја повисока од платата што ја земаат, лиценцираните снабдувачи ќе банкротираат, а државата ќе остане без електрична енергија.

Манасков додава дека со оглед на фактот дека цената на струјата се очекува да се покачи за уште 3 до 5 пати, граѓаните кои плаќале месечна сметка за струја од 2.000 денари, ќе плаќаат 10.000 денари.

И претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ рече дека цената на индустриската струја на отворениот пазар во последните два месеца се зголеми за 100 отсто. Тоа предизвика зголемување на цената на брашното за 10 отсто, а до крајот на месецов се очекува и ново зголемување од 10 до 20 отсто, а тоа ќе повлече и зголемување на цената на лебот, белите печива и на другите производи.

Промовирани огласи »

Иако имунизацијата против Ковид 19 во нашата држава е на доброволна основа, дел од вработените се ставани под притисок од работодавците да се вакцинираат.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија за весникот ВЕЧЕР информираат дека добиле пријави од работници во три компании дека работодавците им се закануваат за да ги присилат на вакцинација.

Досега до ССМ се пристигнати пријави и барања од работници од три компании кои се со странски капитал, а каде што имало обид од страна на работодавачот со закани и присилба да се натераат работниците да се вакцинираат, на што навремено е интервенирано од страна на ССМ, поради тоа што личната определба на работниците за вакцинација треба и мора да биде резултат на нивната информираност, а ние како ССМ тоа и го правиме во изминатиот период, велат за весникот ВЕЧЕР од најголемиот синдикален сојуз.

Додаваат дека по нивната интервенција работодавците се воздржале од примена на такви непопуларни мерки.

Од друга страна, укажуваат дека има и такви работодавци кои ги попречуваат вработените во намерата да се вакцинираат со тоа што не ги пуштаат од работа иако имаат закажан термин. Во ССМ стигнале и такви пријави.ивен ПЦР тест или доказ за прележан Ковид- 19.

Промовирани огласи »

Отворена е можност од следната година К-15 да добиваат сите вработени во јавниот сектор. Од Сојузот на синдикатите на Македонија информираат дека до Владата доставиле предлог Општ колективен договор за јавниот сектор во кој, покрај другото, е предложен и регрес за годишен одмор во висина од 30 до 100 отсто од основицата за сите вработени во јавниот сектор. Тоа значи дека право на К-15 би добиле и вработените во полицијата, одбраната, образованието, здравството…

Доколку Владата го потпише понудениот колективен договор, исплатата на К-15 за овие вработени најверојатно би почнала од наредната година, зашто во годинешниот буџет не се одвоени средства за тоа.

Од лани право да добиваат К-15 имаат само дел од јавните службеници, односно околу 27 илјади кои работат во министерствата, општините, судовите, обвинителствата, државното правобранителство, казнено-поправни и воспитно-поправни установи, центрите за социјална работа, јавните установи. Поради кризата тие лани не добија регрес, а годинава по 9.000 денари им се исплатија на дел од нив. За ова во буџетот се предвидени околу четири милиони евра.

Вработените во приватниот сектор, пак, К-15 добиваат веќе осма година. Парите треба да им се исплатат најдоцна до крајот на годината, а на нивните сметки газдите треба да ја уплатат најмалку минималната сума утврдена со колективен договор, која сега изнесува околу 11.500 денари.

Повеќе на Вечер прес со клик ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »