Поранешниот авганистански министер Сајед Садат, откако пред неколку години си даде оставка, сега е доставувач на храна во Германија.

Тој заработува за живот во Германија како доставувач на храна со велосипед. Заработува по 15 евра на час. Овој човек месечно поминува 1.200 километри на велосипед.
„Нема срам во тоа. Бизнисот е бизнис”, рече тој за АФП.
По оставката, тој се вработи како советник во авганистанскиот телекомуникациски сектор. Но, до 2020 година ситуацијата во земјата се влоши и тој одлучи да замине.
Садат има двојно авганистанско-британско државјанство, но не може да се вработи во оваа професија во Британија, па затоа се одлучи за Германија, каде што виде повеќе можности за тоа. Проблемот, сепак, е што тој не зборува германски јазик.
Садат беше министер за комуникации во авганистанската влада од 2016 до 2018 година, но поднесе оставка затоа што повеќе не може да толерира корупција во владата.
Тој е еден од илјадниците Авганистанци кои се преселија во Германија. Од 2015 година околу 210.000 Авганистанци побарале азил во Германија. Со враќањето на Талибанците на власт, Германија евакуираше уште 4.000 Авганистанци од земјата. Талибанците сега наметнуваат многу ограничувања за жените, но и за оние кои соработувале со САД. Дури имаше и обвинувања за киднапирања.