Промовирани огласи »

Топ 5 причини зошто да се придружите на BtoBet - еден од светските лидери во “iGaming” индустријата

“iGaming” индустријата во последните 15 години бележи исклучителен позитивен тренд, а денес стои рамо до рамо дури и со музичката индустрија во светски рамки, во однос на големината на пазарот и генерирањето приходи. Само до 2024 година се очекува да достигне раст и до 100 милијарди американски долари, а пак нејзиниот рапиден развој прави компаниите кои се дел од оваа бизнис средина постојано да се соочуваат со предизвикот да ги унапредуваат своите производи и услуги. Како логична последица од овој рапиден раст на индустријата, пак, се забележува и сè поголема потреба од квалификувана работна сила, со цел соодветно да се одговори на побарувањата на овој компетитивен пазар, а со тоа секако, и да им се обезбеди на играчите најдобро можно “iGaming” искуство.

Но, каде на глобалната мапа се домашните ИТ компании за развој на “iGaming” софтверски решенија и што тие прават за да одговорат на овие предизвици?

Како соодветен пример се издвојува токму македонскиот провајдер на софтвер за спортско обложување и онлајн казино, BtoBet, технолошки напредна ИТ компанија која воедно е и еден од лидерите и пионер во “iGaming” индустријата и во светски рамки. Компанијата со канцеларии во Скопје, Битола и Охрид, но и надвор од границите на Северна Македонија, вработува тим од врвни ИТ експерти, а веќе седум години успешно соработува со голем број партнери и клиенти од целиот свет, обезбедувајќи за играчите на глобалната сцена уникатно корисничко искуство.

Оттаму велат дека за искусните ИТ професионалци самата “iGaming” индустрија е доволно предизвикувачка бидејќи програмерите имаат прилика да работат на исклучително технолошки напредни продукти, но доколку висококвалификуваните професионалци треба да се задржат на подолг рок, неопходно е стратегијата за развој на компанијата, меѓу другото, да се темели и на постојан развој на кадарот, кој на крајот на денот ќе биде високомотивиран, со лична амбиција за успех да се направи што повеќе и силно и искрено чувство на припадност во компанијата.

“Win-win” компаниска политика

Меѓутоа она што е и поинтересно е дека политиката на BtoBet се базира токму на идејата дека работата треба да биде предизвикувачка, а предизвикот треба да биде забавен. Преку ваков процес на работа и компаниска култура каде се вреднува постигнувањето на тимот, но и гордоста што поединецот ја чувствува за својот личен придонес, BtoBet верува дека големите достигнувања и креативните решенија се многу поверојатни и така директно ќе придонесат и за севкупен успех на компанијата.

Токму ова се и едни од вредностите кои BtoBet ги негува кога станува збор за придобивање нови кадри, но и задржување на постојните, а во продолжение ви претставуваме топ 5 причини зошто вреди да се приклучите на тимот на BtoBet - тим кој бележи извонредни резултати и континуиран светски успех во висококонкурентната “iGaming” индустрија:

Преку препознавање на личниот потенцијал до тимски успех

Препознавањето на талентот и негувањето на силните страни и способности кај секој член на тимот е особено важно за индивидуалниот, но и за тимскиот успех на секоја компанија. За BtoBet вклучувањето нови членови во тимот подразбира давање поддршка и конструктивен фидбек во секое време, што дополнително ги стимулира новите вработени да ги извршуваат работните обврски со полн капацитет. Нивото на квалитет на извршената задача е далеку поголемо од страна на задоволни вработени, а пак тоа задоволство кај тимот на BtoBet резултира токму од взаемната поддршка која е издигната на ниво на компаниска култура.

Креативна работна средина

Креативната и стимулирачка работна средина е една од главните причини за денешниот успех на домашниот BtoBet.  Во висококонкурентната “iGaming” индустрија, креативноста на вработените е клучна за континуирано креирање на нови и уникатни производи, поради што синергијата на тимот и позитивната енергија на работното место се од особена важност. Затоа, покрај работата, BtoBet ангажирано го негува тимскиот дух преку интерни дружби, тематски забави, социјални и спортски настани, но ја почитува и сечија лична природа преку покажување грижа и внимание за секој еден вработен. Всушност, вреднувањето и негувањето на тимскиот дух преку редовни забавни интерни активности ги поттикнува вработените и на индивидуално ниво, што пак резултира и со високо ниво на задоволство кај целиот колектив. Бидејќи без задоволни вработени нема ниту задоволни клиенти.

Преку предизвици до професионален развој

Во работниот процес, вработените на една компанија секојдневно се соочуваат со предизвици кои се причина да ги поместат своите граници. Напредувањето во работата е процес кој бара посветеност и истрајност, но за овој процес да се одвива непречено, поддршката од компанијата е неопходна. BtoBet верува дека инвестирањето во континуирана надградба и образување на своите вработени ќе им овозможат ефикасно надминување на секојдневните предизвици. Дополнително, препознавањето на придонесот и напредокот од страна на претпоставените, за секој вработен претставува стимулација и чувство дека е дел од успешната приказна на компанијата.

Флексибилно работно време

Флексибилното работно време е можеби најнеконвенционалниот дел од описот на работата во оваа индустрија, иако во последната година работата на далечина стана неминовен процес за многу компании и наметна нов, но и иновативен начин за постигнување успешни резултати. Меѓутоа за BtoBet пандемијата не беше единствениот фактор за да се воведе принципот на флексибилно работно време. Флексибилното работно време во овој случај претставува начин да се покажат извонредните организациски вештини на вработениот, но и начин да се оддаде почит кон неговото приватно време и можност да се воспостави идеалниот “life-work” баланс. Сè додека работата е завршена, вие сами го креирате својот работен ден – е едно од основните правила на кои се темели делувањето на BtoBet.

Благосостојбата на вработените е врвен приоритет

Благосостојбата на вработените секогаш треба да биде на прво место и тоа е клучно кога станува збор за вистинска грижа кон своите вработени. Грижата за нивното здравје, поттикнувањето и негувањето здрави навики преку бесплатно членство во фитнес центри, тимско учество на спортски настани, обезбедувањето здрави ужинки и приватното здравствено осигурување се само неколку од начините на кои BtoBet се грижи за целокупната благосостојба на своите вработени.

Ако сè ова звучи доволно примамливо, посетете ја страната за кариера на BtoBet и погледнете ги тековните огласи.

Тагови: АГЕНЦИЈА РЕЈТИНГ СП-М ДООЕЛ Скопје

Промовирани огласи »

Изминатата недела во Скопје во Ragusa 360 Rooftop во организација на P World и ексклузивно партнерство од страна на KARIERA.mk беше одржан HR SUMMIT Skopje 2021. Пеесетина врвни експерти од светот на HR од Макдонија и Косово беа присутни и активни на самитот и низ интересни работилници и презентации се едуцираа за последните трендови во светот.  

По пандемијата, природно, една од главните теми на настанот беше враќањето во канцелариите по вирусот ипромените кој истиот ги донесе во работењето. Дополнително се разговараше за тоа како да се остане среќен на работнот место и да се избегнат сите стресни моменти и предизвици во секојдневието. 

На настанот, како главни говорници беа Рамаркришна Мова од CHRYSALIS CONSULTING SOLUTIONS, Анета Коробкина од KA WORLD и Азад Наваз од BMW.

KARIERA.mk, преку кратка презентација на генералениот директор Зорица Бужаровска Бошковска, исто така го претстави својот нов продукт под името HR SCANNER, наменет за сите компании кои имаат потреба од аналитичка алатка за следење на пазарот на труд во регионот.

На настанот присуствуваа претставници од сите најголеми компании во регионот како А1 Македонија, Axapta Masters, Assecco, KAZ Group, Жито Лукс, Халк Банка, Vanhool Македонија, Quantox Technology, Slice и многу други.

Атмосферата беше позитивна и денот прерасна во одлично едукативно сеќавање за сите учесници од регионот.

Се надеваме дека наредната година, сите рестрикции ќе бидат анулирани и ќе можеме да се собереме во уште поголем број како и во минатото! Ваквите настани со сигурност носат одлична промена на енергии и мотив за понатака! 

Тагови: P World

Промовирани огласи »

Денеска почнува онлајн регистрацијата за Лотаријата за зелена карта за 2023 година, објавија од Стејт департментот. Аплицирањето ќе заврши на 9 ноември.


Единствениот начин за аплицирање е на следниот линк: https://dvprogram.state.gov/

Линкот сè уште не е активен затоа што аплицирањето ќе почне напладне по американско време, што значи дека ние ќе може да почнеме да аплицираме во попладневните часови.

По завршувањето на апликацијата ќе добиете потврда со единствен број кој треба да се чува. Со овој број потоа се проверува статусот на апликацијата.

Аплицирањето за лотаријата е бесплатно. Со среќа!

Промовирани огласи »

Во детските градинки во државата се згрижуваат деца согласно протоколите поради пандемијата на ковид-19, а усвоени од Комисијата за заразни болести. Во јасли се згрижуваат по максимум 15 бебиња, а во поголемите групи има по максимум 25 деца. Она што се случува и оваа година, според директорките со кои разговаравме, е тоа што има родители кои не си ги носат децата во градинка иако ги запишале. Станка Буџакова, директорка на градинката „Весели цветови“, вели дека во оваа градинка има 160 деца кои се на листа на чекање.


Поголеми групи се составени од по 25 деца, а во јасли има по 15 деца максимум. Кога би немало мерки, ќе можевме сите да ги примиме, но ситуацијата е таква каква што е. Ако беа нормални условите, имаме одобрение од Советот на Општината да може да запишуваме број на деца и над нормата. Конкретно кај нас, но и во поголемиот број градинки, капацитетот кој е предвиден по протокол не е исполнет. Еве ние, според новите протоколи, можеме да примиме 880 дечиња, но ни доаѓаат 450, а тоа е околу 60 отсто од капацитетот. Родителите ги држат местата - вели директорката.

Прочитајте повеќе на Деца.мк

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »