Промовирани огласи »

САД– Универзитетот Харвард, веќе најбогатиот во светот, вчера соопшти дека во фискалната година која заврши во јуни, остварил профит од 34 отсто и го зголеми своето богатство на 53,2 милијарди долари.

Универзитетот го оствари зголемувањето на профитот, кое неговите службеници го нарекоа „извонредно“, со инвестирање во приватниот и јавниот сектор.

Во текот на претходната фискална година, која заврши во јуни 2020 година и само неколку месеци по пандемиската криза, универзитетот соопшти дека остварил профит од 7,3 проценти.

Главниот менаџер за инвестиции и извршен директор на компанијата Харвард Менаџмент Компани (ХМЦ), Н.П. Нарвекар изјави дека профитот оваа година би бил многу поголем доколку универзитетот инвестираше во поризични бизниси. Сепак, тој истакна дека таков резултат не може да се постигне секоја година.

Нарвекар во годишниот финансиски извештај на универзитетот наведе дека Харвард ризикувал многу помалку во изминатите години отколку другите универзитети.

Со други зборови, со оглед на развојот на пазарот минатата година, значително повисоко ниво на ризик драматично би ја зголемила заработката на ХМЦ, нагласи Нарвекар.

На пример, МИТ (Технолошкиот институт во Масачусетс) оствари 56 проценти профит оваа фискална година, зголемувајќи го богатството на 27,4 милијарди долари, а Универзитетот Браун со 52 проценти добивка на 6,9 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Компанијата „Епл“ има задача да ја направи следната генерација на својот паметен часовник Ајвоч целосно автономен уред, цени бизнис-порталот „Блумберг“. „Епл“ неодамна претстави нова генерација паметни часовници, а тоа се случи на 10-годишнината од смртта на основачот на оваа компанија, Стив Џобс. Неговата најнова идеја за технологијата Ајклауд беше поврзана со паметниот часовник. Меѓу неговите последни големи идеи беше онаа за ерата на „посткомпјутери“ или време кога работните површини и лаптопи ќе бидат речиси целосно надминати. Пред 2011 година, екосистемот на „Епл“ значеше дека неговите уреди – Ајфон, Ајпед, Ајпод, Епл ТВ и други – примаа содржина од Мак десктоп компјутер или лаптоп. Мораше да има синхронизација помеѓу на пр. Ајфон и Мак. Тоа се промени во 2011 година со Ајклауд и ИОС 5, бидејќи станаа основа на уредите на „Епл“. Ова им овозможи на Ајфон и Ајпед да функционираат речиси целосно автономно, без компјутери.
Седум години од првата генерација на Ајвоч, овој уред работи на ист начин. Треба да имате Ајфон за да го активирате овој паметен часовник и да ги поставите неговите опции. Ова значи дека Ајвоч не се совпаѓа со визијата на Џобс за секој уред на „Епл“ да биде автономен.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши не очекува да има големо зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата по 1 јануари идната година и вели дека ќе направат се што им е на располагање за да остане сегашната производна цена на АД ЕСМ кое ги задоволува потребите на регулираниот пазар.

За домаќинствата, како што кажа, во Законот за енергетика е предвидена постепена либерализација и потенцира дека ќе се направат дополнителни калкулации од страна на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и сите енергетски институции и компании кои се во сопственост на државата за да се види колкава ќе биде цената на струјата по 1 јануари идната година. Ситуацијата будно се следи и во делот на домаќинствата не очекуваме да има големи ценовни шокови.

Моменталната производна цена на електричната енергија на АД ЕСМ е 36 евра за мегават и ќе направиме напори тоа да остане така. Веќе се преземаат соодветни мерки од страна на раководството на ЕСМ да се зголеми производството во РЕК Битола и во ТЕЦ Осломеј и убеден сум дека до крајот на годината речиси ќе се дуплираат капацитетите на ЕСМ во делот на производството од страна на термоелектраните, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на завршниот настан на Проектот на УСАИД за развој на регионални пазари на енергија и дискусија на тема „Идните предизвици во развојот на енергетскиот сектор во Република Северна Македонија“.

Во делот на увозот на јаглен за потребите на двете термоцентрали, посочи, дека треба да се почитуваат сите процедури.

ЕСМ има внатрешни и законски процедури кои треба да ги спроведе за набавка на јаглен од странство. Убеден сум дека тендерот ќе биде успешен зашто веќе имаме искуство со ТЕЦ Осломеј за каде се набавува јаглен од Косово, истакна Бектеши.

На прашањето дали треба да се вклучи ТЕЦ Неготино за да се избегнат евентуални ценовни шокови, претседателот на РКЕ Марко Бислимоски рече дека во моментов се прават сите анализи, бидејќи производната цена на ТЕЦ Неготино за струја е врзана со цената на мазутот.

За жал сега имаме повторно тренд на пораст на цената на нафтата на светските берзи што е процес на кој ние не можеме да влијаеме. Доколку постои економска исплатливост и доколку и понатаму продолжат да растат цените на електричната енергија апсолутно ќе се примени и сценариото за вклучување на термоелектраната доколку цената за производство на ТЕЦ Неготино е пониска од таа што е на пазарот, рече Бислимоски.

Повика да престанат шпекулациите дека цената на електричната енергија за домаќинствата ќе се зголеми за 50 проценти по 1 јануари.

Би замолил да се воздржиме од шпекулации без никакви анализи. Нема потреба сега да се крева паника, се што и стои на располагање на РКЕ, на ЕСМ, на МЕПСО и на Владата ќе биде преземено, посочи Бислимоски и додаде дека кај нас се веќе преземени голем дел од мерките што вчера ги препорача Европската комисија за земјите членки за заштита од ценовните удари со електричната енергија.

Состојбата, потенцира, е сериозна имаме проблем со хидрологијата, во одреден дел и со термоелектраните, но се се решава и на никој не му е ни на крај на памет да не преземе мерки кои стојат на располагање.

Најодговорно тврдам дека цената на електричната енергија нема да се зголеми за 50 проценти, а никој во моментов не знае колку ќе се зголеми. Оперативните трошоци, амортизација и поврат на капитал се работи кои веќе се определени на Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија и на МЕПСО за пренос. Тоа не може да се смени. Може да има притисок врз трошокот за набавка на електрична енергија за покривање на загубите. МЕПСО и Електродистрибуција треба да распишат тендери и ќе видиме кои цени ќе се понудат. Ако цените се превисоки на располагање ни е концептот преку ЕСМ за набавкана јаглен или доколку има потреба да се вклучи ТЕЦ Неготино, прецизира Бислимоски.

Промовирани огласи »

Клучевите денес не се само за отклучување и заклучување на вратите на автомобилите.

Денешните автомобили се полни со нови технологии, апликации и бројни трикови кои се таму за да ни го олеснат животот, а истото важи и за нивните клучеви. Иако на прв поглед изгледа дека има само копчиња за отклучување и заклучување на вратата, со вистинската комбинација на овие две копчиња може да дојдете до некои изненадувања.

Клучот од автомобилот има голема тајна за која знаат многу малку сопственици на автомобили. Затоа ви носиме список на автомобили каде што може да се направи ова. Денес, сите автомобили имаат безжични клучеви или едноставно ги нарекуваме „далечинско“ со кои ги отклучуваме и заклучуваме автомобилите, ја отвораме задната врата, но и го стартуваме моторот.

Некои од нив имаат и други функции кои се корисни. Еве за што станува збор.

Притиснете го копчето за отклучување автомобил на далечинскиот управувач, отпуштете го и притиснете го повторно стискајте и држете го стиснато некое време. На овој начин, овозможивте автоматско спуштање и подигнување на прозорците.

Оваа функција е објаснета во фабричките упатства за одржување што доаѓаат со новиот автомобил и е опишана.

Но, се разбира, ова не функционира кај сите модели на автомобили, па сега веројатно се прашувате, а подолу ви носиме список на автомобили на кои работи:

– Acura (MDX/TL/TSX/ZDX)

– Alfa Romeo (159)

– Audi (A1/A2/A3/A4/A5/A6/A7/A8)

– BMW (3 Series/5 Series/6 Series/7 Series/M5/Z4)

– Chevrolet (Corvette/Equinox)

– Chrysler (Sebring/Town & Country)

– Dodge (Challenger/Charger/Durango/Grand Caravan/Journey/Ram)

– Fiat (Bravo)

– Ford (C-Max/F150/Focus/Focus Ghia/Fusion/Galaxy/Mondeo/S-Max/Taurus)

– Honda (Accord/Accord Crosstour/Odyssey/Pilot/Ridgeline)

– Infiniti (G25x/G35/G37/I30/I35/M35/QX56)

– Jeep (Grand Cherokee)

– Jaguar (S Type/XF/XJ8/XK8)

– Lexus (ES300/GS350/IS250/RX300/RX350/RX400h)

– Lincoln (LS/MKX/MKZ/Zephyr)

– Mazda (6/CX-9/MX-5 Miata)

– Mercedes-Benz (B180/C240/C300/CLK350/CLS550/E350/E430/E500/GL450/ML550)

– Mini Cooper (Clubman/S/Mayfair)

– Nissan (350Z/Altima/Armada/Maxima/Murano/Pathfinder/Titan)

– Opel

– Peugeot (508)

– Saab (9-3)

– SEAT (Leon)

– Skoda (Fabia/Octavia II)

– Toyota (Prius)

– Vauxhall (Insignia/Vectra/Zafira)

– Volkswagen (Beetle/Golf/Jetta/Passat/Polo/Routan)

– Volvo (C30/S40/S60/V50)
 

Многу сопственици не се свесни за фактот дека во нивните дигитални клучеви има механички клуч. Се наоѓа таму во случај кога ќе ви остане без батерија и не можете да ја отворите вратата. Кај некои автомобили кога ќе откаже акумулаторот, откажуваат и функциите на отварање на вратите. Тогаш со помош на механичкиот клуч можете да ј аотворите вратата.

Клучот обично се наоѓа на дното и треба да притиснете посебно копче за да го испуштите – и се наоѓа на видливо место на повеќето дигитални копчиња.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »