Промовирани огласи »

Генералниот директор на „Неуромедика” д-р Емил Угриновски го доби признанието Личност на Југоисточна Европа за 2017 година (SEE Personality 2017) што се доделува во рамки на Фестивалот на кинематографиите од Југоисточна Европа (SEE a Paris – South-East European Film Festival 2017).

Реномираната манифестација ќе се одржи од 31.05-03.06 во Париз во престижниот “Theatre Le Palace”. Организаторите на фестивалот ова признание на Д-р Емил Угриновски му го доделуваат за заслуги и достигнувања од областа на бизнисот, медицината и како особен придонес за европеизација на земјите од Југоисточна Европа.

Оваа заслуга е резултат на мојата долгогодишна посветеност на отворената соработка помеѓу бизнис секторите во државите во Југоисточна Европа. Веќе 25 години со многу ентузијазам и енергичност посветен сум на унапредување на здравстевениот и бизнис секторите во мојата држава Македонија, а нашите практики и методи веќе долго време ги споделуваме и со повеќе земји од Балканот. Огромно задоволство ми претставува тоа што жирито кое го доделува ова признание е составено од врвни уметници и интелектуалци кои несомнено имаат значителен приодонес во напредокот на културата и соработката помеѓу земјите во Југоисточна Европа. Јас како најмлад добитник на оваа заслуга си земам за задача и во иднина да продолжам активно да работам на ширење на позитивни културни, општествени и бизнис вредности низ земјите од Југоисточна Европа. Признанието го добивам во вистинско време во најзначајната година на мојата бизнис кариера, кога славиме 25 години Неуромедика и отворање на новата болница Неуромедика во центарот на Скопје кое е закажано на 28-ми јуни 2017., истакнува д-р Емил Угриновски.

Во рамки на доделувањето Д-р Емил Угриновски ќе биде почесен гостин на симпозиумот во склоп на фестивалот “Eвропеизација на Балканот и балканизација на Европа” каде ќе има кратко излагање по покана на Жан-Патрик Конрад, Претседател на Европската Академија на науките, уметностите и книжевностите.

Д-р Емил Угриновски е најмлад добитник на оваа заслуга, а досегашни добитници на овие признанија се и Бранислав Мичуновиќ министер за култура на Црна Гора, актерите Мики Манојловиќ и Мето Јовановски, бизнисмените Трифун Костовски, Силјан Мицевски и Живко Мукаетов.

Покрај Д-р Емил Угриновски оваа година признанија ќе им бидат доделени и на Душан Макавејев од Србија за заслуга “Легенда на ЈИЕ” и Јон Карамитру од Романија со заслуга за “Актер на ЈИЕ”.

За „Неуромедика” и Д-р Угриновски ова е трето признание за една година, во октомври 2016 наградите “Најдобра болница” и “Менаџер на годината” од страна на “Europe business assembly” и награда “Stubrand 2017”, Прв избор на студентите кога станува збор за здравствена заштита и прва приватна болница сертифицирана како STUBRAND во Македонија.

Промовирани огласи »

Канцелариите се просторот каде што сите луѓе вклучени во бизнисот поминуваат барем половина ден. Низ светот големите компании инвестираат да го направат работниот простор пријатно место за вработените.

Ова е повик до сите претприемачи и бизнисмени во нашата држава да украдат по некоја иновативна идеја и да направат нивните вработени да одат задоволни кон своето работно место секој ден.

Facebook

Zynga

AirBnb

Dropbox

Lego

Nokia

Google

Промовирани огласи »

Според извештајот објавен од страна на Институтот за истражување на вработеноста во Германија, никогаш немало толку многу отворени работни места; во првите 3 месеци во 2017 година работодавците барале 1.064.000 работници, што е за 9.000 повеќе отколку во последниот квартал од 2016 година, кој досега бил рекорд.
Проценката на Институтот е вз основа на одговорите на 8.000 работодавци од сите економски сектори.

Околу 77% од сите отворени работни места се наоѓаат во западна Германија. Околу две третини (64%) од овие работни места од потенцијалниот вработен бара да има завршено некој занает, додека 16% бараат високообразовни работници. Од останатите 20% од работниците не се очекува никакво посебно образование.

„Моментално малите и средни претпријатијата пред сè бараат работници занаетчии“, вели Александер Кубис од Институтот.

Институтот прогнозира дека во март во Германија вработеноста ќе биде рекордно висока, речиси 45 милиони, што би било зголемување од 670.000 во однос на минатата година.

Промовирани огласи »

4425 субјекти, фирми, граѓани, јавни претпријатија на државата ѝ должат 230 милиони евра за неплатен ДДВ ,данок на добивка, персонален данок на доход… Ова го покажува најновата петта листа на должници која ја објави Управата за јавни приходи.

Најмногу должи охридскиот текстилен гигант АД Отекс, во вредност од околу 11 милиони евра. Од државните претпријатија, најмногу должи Јавното претпријатие „Македонија пат“ кое на државата ѝ должи речиси седум милиони евра за ДДВ и данок на добивка, Македонската Радио Телевизија должи околи 1,4 милиони евра за данок на добивка…

Ваква листа на должници УЈП објавува еднаш во месецот, најдоцна на 10-ти, на која се објавуваат имињата на должниците.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »