Промовирани огласи »

4425 субјекти, фирми, граѓани, јавни претпријатија на државата ѝ должат 230 милиони евра за неплатен ДДВ ,данок на добивка, персонален данок на доход… Ова го покажува најновата петта листа на должници која ја објави Управата за јавни приходи.

Најмногу должи охридскиот текстилен гигант АД Отекс, во вредност од околу 11 милиони евра. Од државните претпријатија, најмногу должи Јавното претпријатие „Македонија пат“ кое на државата ѝ должи речиси седум милиони евра за ДДВ и данок на добивка, Македонската Радио Телевизија должи околи 1,4 милиони евра за данок на добивка…

Ваква листа на должници УЈП објавува еднаш во месецот, најдоцна на 10-ти, на која се објавуваат имињата на должниците.

Промовирани огласи »

Дипломираните студенти денес се најзадолжени со студентски кредити во историјата на модерниот свет. Американците должат повеќе од $1,3 илјади милијарди и во моментот има околу 44 милиони должници.

Сепак, бизнис светот никогаш не бил повеќе конкурентен. Затоа, на компаниите и нивните основачи навистина им е важно да инвестираат во себе. Еве неколку начини на кои можете да го сторите истото, без тешкотии и кредити

Oнлајн курсеви

Ако сакате некој вид на формална обука или учење, постојат многу бесплатни или евтини опции онлајн. Сакате да дознаете повеќе како да бидете претприемач во земјите во развој?

Заинтересирани сте за основните принципи на архитектурата? Харвард има безброј програми на нивниот веб-сајт без трошоци. Сакате да работите низ забава и да сте креативни? Pixar соработува со Кан академија да ги инспирира младите луѓе да се креативни. Сакате да дознаете еден од најважните вештини во денешниот пазар на труд? CodeAcademy ќе ве научи како се кодира - бесплатно.

Читање книги

Никогаш не било полесно да се стигне до книги. Можете да ги купите од книжарница,пишани или звучни или од Амазон, да позајмите од библиотека, или да ја користите слободата на правниот јавен домен на книги од Barnes & Noble, Google Play или iTunes.

Многу од менаџерите се регистрирани на онлајн страниците кои овозможуваат бесплатно или пак за ефтини пари дообразување во било која област која ве интересира

Направете план на играта
Пишувањето на "идна" биографија (или LinkedIn профил) прави чуда во мотивирањето и ви дава шанса да ги следите вашите соништа уште посилно. Тоа ви помага да ги визуелизирате сите планови и да почнете чекори за да одите кон нив.

Многу од успешните луѓе сонуваат да излезат од корпоративниот живот, да почнат компанија која им помага на другите, и работат за тебе - таквите луѓе, се луѓе со визија и идеји кои ги ставаат во пракса и остваруваат големи успеси. Токму биографијата на иднината им помогнала директно во остварувањето на своите соништа.

Вклучување во проекти

Работењето понекогаш ни дава простор и за дополнително вклучување во некои активности. Проектите најчесто се работат во групи на одредени теми и во склоп е многу лесно да се научат нови работи.

Најчесто невладините организации раководат со проекти во кои може да се вклучат разни експерти од најразлични области а учесниците освен финансиски бенефит да добијат и неповторливо искуство.

Патување

Патувањето е еден од најважните нешто што треба да ги направите ако сакате да растете како личност и да собирате искуства од другите култури. Патувањата учат на толеранција, независност и доверба.

Додека патувањата може да бидат скапи, искуствата се добар начин да се трошат пари и постојат многу начини да се намалат трошоците во зависност од каде и што посетувате. Патување е најстариот витален дел од бизнисот и со тоа бизнисот расте а исто така се унапредувате и себеси како претприемач.

Промовирани огласи »

Тимот на Македонската асоцијација на готвачи и шефови – ГастроМак Македонија, освои три златни медали на годинашниот Прв интернационален гастрономски натпревар во Измир, Турција, што се одржа од 6 до 8 мај годинава.

Тимот на готвачи на ГастроМак Македонија, составен од шеф Бобан Билбиловски, Лирим Даути и Цветанче Тодоровски, се натпреваруваа во категоријата приготвување нриба, при што со нивните кулинарски вешти и креативност ги задоволија највисоките критериуми на натпреварот и ги освоија симпатиите на интернационалното жири.

Македонските готвачи уште еднаш покажаа и докажа дека можат да се носат рамо до рамо со високите стандарди во светската гастрономија. Уште повеќе, да иновираат, да експериментираат и да ги наметнат своите вкусови и кај најпребирливите и строги меѓународни судии, изјави претседателката на асоцијацијата ГастроМак Адријана Алачки.

Исто така, на Асоцијацијата и беше укажана доверба, со тоа што на овој интернационален натпревар, како член на меѓународното жири, беше делегиран и еден од основачите на ГастроМак Македонија, Бесим Латифи, лиценциран судија од WACS – Светската организација на шефови на кујни.

Чест и задоволство е да се биде дел од една ваква манифестација и за мене лично, но е и признание за нашата Асоцијација, изјави Латифи.

ГастроМак е национална асоцијација на готвачи и шефови на кујни во Македонија. Како национално здружение, ја претставува Македонија во WACS во која што членуваат национални асоцијации од над 150 држави во светот.

Промовирани огласи »

Минатата недела "Дојче банк" (Deutsche Bank) го претстави годишниот извештај за цените по светот. Тој го пресметува трошоците за стоки и услуги во најголемите градови.

Вклучени се стоки како кутија цигари, просечна изнајмување на еднособен стан, трошоци за превоз, храна, сметки за домаќинство .

Еден од критериумите кои банката ги пресметува е и просечниот доход на човек во овие градови. Податоците од кои се одземени даноците, се индикатор за богатството и на самите градови, пишува Бизнис инсајдер.

Во општи црти градовите кои се рангирани напред во листата, се наоѓаат во северната хемисфера во развиените западни економии. Напред се и градови од јужната хемисфера од Австралија и Нов Зеланд.

Погледнете кои се 24-те градови во светот со највисоки средни приходи по даноци.

24. Единбург, Шкотска - 2293 долари

23. Отава, Канада - 2446 долари

22. Амстердам, Холандија - 2493 долари

21. Торонто, Канада - 2560 долари

20. Париз, Франција - 2583 долари

19. Даблин, Ирска - 2603 долари

18. Хелсинки, Финска - 2620 долари

17. Стокхолм, Шведска - 2622 долари

16. Франкфурт, Германија - 2626 долари

15. Хонгконг - 2715 долари

14. Оклaнд, Нов Зеланд - 2762 долари

13. Лондон, Велика Британија - 2776 долари

12. Токио, Јапонија - 2897 долари

11. Велингтон, Нов Зеланд - 2941 долари

10. Копенхаген, Данска - 2958 долари

9. Сингапур - 3077 долари

8. Осло, Норвешка - 3154 долари

7. Мелбурн, Австралија - 3344 долари

6. Сиднеј, Австралија - 3451 долари

5. Чикаго, САД - 3622 долари

4. Њујорк, САД - 4303 долари

3. Бостон, САД - 4322 долари

2. Сан Франциско, САД - 4817 долари

1. Цирих, Швајцарија - 5876 долари

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »