Промовирани огласи »

Швајцарската централна банка ја претстави новата банкнота од 20 франци за која вицегувернерот Фриц Зурбруг рекол дека би можела да биде најбезбедната банкнота на светот.

Црвената банкнота е изработена од хартија зајакната со памучни влакна, а во внатрешноста крие основа од полимер, пренесе Блумберг. Поседува околу 15 заштитни елементи, меѓу кои е глобус кој ја менува бојата, сребрена мапа на Швајцарија и крст кој се прелева во знамето на таа држава. Дел од елементите против фалсификување може да бидат видливи само под ултравиолетови светла или микорскоп. Банкнотата во оптек тргнува на 17 мај.

„Банкнотата од 20 франци се фокусира на швајцарската креативност, нагласувајќи ја вибратната култура и уметничка сцена“, рекол Зурбруг во текот на претставувањето во Берн, швајцарскиот главен град. Новите 20 франци се претставени по ланското пуштање во оптек на банкнотата од 50 франци која е прогласена за банкнота на годината 2016 во избор на меѓународно жири. Инаку, во конкуренција беа 18 валути, вклучувајќи ја и контроверзната банкнота од пет британски фунти изработени од целосна пластика.

Дизајнерите на новата серија на „швајцарецот“ се одлучиле за прикази на мотиви од природата наместо историски личности. Освен што користи најмодерни методи на заштита од фалсификатори, новите 20 франци се со помал формат од досегашните, па банкнотата е поедноставна за користење, соопштиле од централната банка.

Следна на ред за претставување е банкнотата од 10 франци која во оптек тргнува на 18 октомври. Банкнотите од 100, 200 и 1000 франци ќе бидат претставени до 2019 година.

Промовирани огласи »

Пекинг овие денови е економски центар на светот, затоа што таму се одржува форумот „Еден појас-еден пат“, на кој присуствуваат бројни светски лидери, а меѓу нив се наоѓа и делегација на Србија на чело со Александар Вучиќ, каде присуствуваат и Зоран Михајловиќ, Синиша Мали…

Улиците на главниот град на Кина се украсени до таа мера да многумина велат дека Пекинг никогаш не бил поубав. Гламур и сјај пршти на сите страни, а ништо помалку луксузни не е ни внатре во одајата каде се собрани политички и економски лидери на светот.

Дека Кинезите ништо не им препуштуваат на случајот говорат и овие фотки од салата за ручеци направени во пресрет на вечерата која претседателот на Кина ја организираше за сите гости.

Секој тањир имаше посебен вез, лажичка, вилушка, нож поставени милиметарски прецизно, рамномерно еден оддалечен од друг.

Тука беа и незаобиколните кинески скулптури кои ги украсуваа столовите и салата, а домаќинот на форумот не откри колку целиот овој гламур чини. Судејќи според она што можеме да видиме само на основа на овие слики, нема дилеми дека Кинезите станаа многу сериозна економска сила и дека не би било изненадување да наскоро стане и број 1 во светот.

Колку гости – толку конобари. Бројни млади Кинези и Кинескињи услужуваа за секој гостин, подготвени да се тркаат во исполнувањето на желбите.

По вечерата организирана беше и спектакуларна кинеска опера, која ќе биде одржана во големиот Дом на народот.

Промовирани огласи »

Компанијата Tesla не застанува со своите иновации. Започнува предпродажбата на соларните покриви кои според компанијата значително ќе ги намалат сметките за електрична енергија.

Тешко е да се поверува дека овој покрив е евтин, но земајќи предвид колку ќе ви заштеди во иднина, навистина е така. Соларните покриви се доста поскапи од обичните, но енергијата која ќе ја произведуваат мошне брзо ќе ја врати првичната инвестиција.

Веста не завршува со исплатливоста на овој производ. Tesla гарантира дека соларните покриви ќе го надживеат вашиот дом.

„Панелите од калено стакло се вечни“ велат од компанијата и се убедени дека овие панели кои се полесни и три пати поцврсти од стандардните брзо ќе доминираат на пазарот.

Цената во предпродажба изнесува 22 долари за метар квадратен.

Промовирани огласи »

Влијателниот американски магазин „Тајм“ објави листа на 50 земји каде што најевтино се живее.

Параметрите за составувањето на листата се дело на организацијата „GoBankingRates“, која ги рангирала земјите на основа на четири достапни информации кој ги објавил Numbeo, интернет база на податоци за цените. Тука спаѓаат индексот на локалната куповна моќ, висината на закупот на недвижностите, цената на намирниците и индексот на малопродажните цени. Резултатите се споредени со стандардот на животот и цените во Њујорк.
Според рангирањето, десетте земји каде што најевтино се живее се: Јужна Африка, Индија, Косово, Саудиска Арабија, Казахстан, замбија, Оман, Парагвај, Чешка и Македонија.
Од земјите од регионот, Босна и Херцеговина е на 11-то место, Србија на 18-то, Црна Гора на 26-то, Словенија на 36-то, Хрватска на 47-мо место на листата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »