Промовирани огласи »

Axapta Masters е компанија која на пазарот постои веќе 8 години, работи со клиенти од целиот свет, корисници на Microsoft Dynamics-решенијата и овој октомври официјално го достигна бројот од 100 вработени. Златната 100ка немаше да биде возможна без посветеноста на нашиот тим од вработени, кои се клучни за успехот на компанијата.
 

„Без исклучок, ги цениме и им се воодушевуваме на сите наши колеги, кои секогаш се подготвени да обезбедат висококвалитетни софтверски услуги за нашите клиенти, и секако како личности се подготвени да растат заедно со тимот.“  – Менаџмент тимот на Axapta Masters 

Освен достигнувањето на златната 100ка, Axapta Masters годинава ја одбележа и со отворање на  својата втора канцеларија во Малта, а во склоп на компанијата започна со работа и Axapta Learning Center обезбедувајќи обуки во неколку области. Растот на компанијата секако не запира тука, продолжуваме со проширување на тимот и со воведување на новитети кои секако ќе допринесат да нашата компанија биде уште подобро и посреќно место за работа.
 
За сите оние кои сакаат да работат со систем кој го користат светски гиганти како Coca-Cola, BMW, Prada, Pandora или Adobe, во моментот се отворени нови работни позиции во повеќе области:
 
 
А секако во тимот има и простор за раст за сите оние кои се во зачетоците на својата кариера заинтересирани за пракса во следните три области:

Ги очекуваме вашите апликации преку порталот на кариера.мк или директно на е-mail: [email protected]

 

Промовирани огласи »

Според најавите се очекуваат 15 илјади нови работни места, поголем извоз и поврат на средства во буџетот.

Новиот Стратешки зелен инвестициски фонд на ТИРЗ за поддршка на инвестиции денеска ќе биде во фокус на средба на министерот Бесими и директорот на ТИРЗ со новинарите.

За сите детали на овој фонд новинарите и јавноста ќе биде информирана денес од првиот човек на ТИРЗ Јован Деспотовски и министерот Фатмир Бесими.

Овој фонд, како што се наведува е дел од Планот за забрзан економски раст на Владата што го подготви Министерството за финансии а неговата намена е за странски и домашни инвеститори.

Според најавите се очекуваат 15 илјади нови работни места, поголем извоз и поврат на средства во буџетот.

ФОТО: ВЛАДА  

Промовирани огласи »

Вредноста на минималниот К-15 овој месец се искачи на нешто над 11.300 денари, а за исплата останаа уште два месеца.

Работодавците во приватниот сектор се обврзани овој износ да им го исплатат на сите кои кај нив работеле најмалку шест месеци во оваа календарска година и тоа најдоцна до 31 декември. Газдите кои сакаат, а се разбира и имаат, на вработените можат да им дадат и двојно повисок К-15, за кој не би и платиле данок на државата, зашто годинава со една од мерките на владините антикризни пакети зголемен е прагот на даночно ослободување кај регресот за годишен одмор.

Повеќе на Вечер.прес

Промовирани огласи »

Тинејџерите и младите луѓе минуваат сѐ помалку време на Фејсбук, сѐ помалку се регистрираат и сѐ помалку објавуваат, јавува „Блумберг“, повикувајќи се на интерни документи на компанијата. Тоа може негативно да се одрази на заработката на компанијата.

Во март, раководството на организацијата добило извештај кој наведува дека тинејџерите минуваат 16 отсто помалку време на страната од лани, а „младите возрасни“ – 5 отсто помалку. Намален е и бројот на регистрации кај тинејџерите. Дополнително, просечната возраст на корисниците кои првпат се регистрираат на социјалната мрежа е зголемена од 19-20 на 24-25 години. Вработените во Фејсбук не знаат кои се точно причините за овој тренд.

Постои проблем со начинот на кој младите споделуваат податоци за нивните животи. Тие претпочитаат други апликации да зборуваат за секојдневните работи и да споделуваат важни мигови од својот живот, посочува овој интерен документ.

Самата компанија верува дека интересот на младите и тинејџерите ќе продолжи да опаѓа и наредните години. Покрај тоа, поранешниот вработен во социјалната мрежа Френсис Хоган го обвини Фејсбук дека „не е транспарентен кон своите инвеститори и рекламни клиенти“. Според наводите, раководството претпочита да не ја разгласува оваа тенденција, бидејќи стравува дека тоа може да доведе до губење на приходите од реклами на платформата.

Во составувањето на „Досието Фејсбук“ учествуваа 17 американски медиуми. Новинарите работеа заедно, прегледувајќи илјадници страници интерни документи на американската фирма.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »