Ешли Сатон е стариот-нов шампион во Британскиот туринг шампионат.
Изминатиот викенд се одржа последната рунда од Британскиот шампионат на туристички автомобили каде се одлучуваше шампионската титула. Џош Кук беше победник на првата и втората трка, додека Ешли Сатон победи на третата трка.
Сатон беше крунисан шампион веќе после втората трка но тоа не го запра да ја заврши оваа сезона со победа, како што доликува за еден шампион. Ова е втора титула по ред на Сатон со истиот тим и автомбоил – Laser Tools Infiniti Q50 од вкупно трите освоени во неговата кариера.
Во третата трка и последна за оваа сезона Сатон стартуваше од четвртата позиција како резултат на правилото на обратен грид. Лошиот старт на Рори Бучер му овозможи брза трета позиција е веќе при крајот на четвртиот круг Сатон дојде до водство каде започна да прави предност, но излегувањето на безбедностниот автомобил поради излетувањето на Џек Мичел ја стопи предност.
После рестартот Сатон повторно на прави предност од една секунда во следните три кругови, за подоцна да ја зголеми предноста на 3.378 секунди на еден круг до крајот. Сепак го намали темпото и трката ја заврши со предност од 1.369 секунди пред Даниел Роботом.
Том Инграм заврши на третата позиција, додека позади подиумот следеа Џејк Хил, Џош Кук, Том Чилтон, Гордон Шеден, Џек Гоф, Рори Бучер и Џејсон Плејто кој ги комплетираше топ 10-те на последната трка оваа сезона.