Промовирани огласи »

Според најавите се очекуваат 15 илјади нови работни места, поголем извоз и поврат на средства во буџетот.

Новиот Стратешки зелен инвестициски фонд на ТИРЗ за поддршка на инвестиции денеска ќе биде во фокус на средба на министерот Бесими и директорот на ТИРЗ со новинарите.

За сите детали на овој фонд новинарите и јавноста ќе биде информирана денес од првиот човек на ТИРЗ Јован Деспотовски и министерот Фатмир Бесими.

Овој фонд, како што се наведува е дел од Планот за забрзан економски раст на Владата што го подготви Министерството за финансии а неговата намена е за странски и домашни инвеститори.

Според најавите се очекуваат 15 илјади нови работни места, поголем извоз и поврат на средства во буџетот.

ФОТО: ВЛАДА  

Промовирани огласи »

Вредноста на минималниот К-15 овој месец се искачи на нешто над 11.300 денари, а за исплата останаа уште два месеца.

Работодавците во приватниот сектор се обврзани овој износ да им го исплатат на сите кои кај нив работеле најмалку шест месеци во оваа календарска година и тоа најдоцна до 31 декември. Газдите кои сакаат, а се разбира и имаат, на вработените можат да им дадат и двојно повисок К-15, за кој не би и платиле данок на државата, зашто годинава со една од мерките на владините антикризни пакети зголемен е прагот на даночно ослободување кај регресот за годишен одмор.

Повеќе на Вечер.прес

Промовирани огласи »

Тинејџерите и младите луѓе минуваат сѐ помалку време на Фејсбук, сѐ помалку се регистрираат и сѐ помалку објавуваат, јавува „Блумберг“, повикувајќи се на интерни документи на компанијата. Тоа може негативно да се одрази на заработката на компанијата.

Во март, раководството на организацијата добило извештај кој наведува дека тинејџерите минуваат 16 отсто помалку време на страната од лани, а „младите возрасни“ – 5 отсто помалку. Намален е и бројот на регистрации кај тинејџерите. Дополнително, просечната возраст на корисниците кои првпат се регистрираат на социјалната мрежа е зголемена од 19-20 на 24-25 години. Вработените во Фејсбук не знаат кои се точно причините за овој тренд.

Постои проблем со начинот на кој младите споделуваат податоци за нивните животи. Тие претпочитаат други апликации да зборуваат за секојдневните работи и да споделуваат важни мигови од својот живот, посочува овој интерен документ.

Самата компанија верува дека интересот на младите и тинејџерите ќе продолжи да опаѓа и наредните години. Покрај тоа, поранешниот вработен во социјалната мрежа Френсис Хоган го обвини Фејсбук дека „не е транспарентен кон своите инвеститори и рекламни клиенти“. Според наводите, раководството претпочита да не ја разгласува оваа тенденција, бидејќи стравува дека тоа може да доведе до губење на приходите од реклами на платформата.

Во составувањето на „Досието Фејсбук“ учествуваа 17 американски медиуми. Новинарите работеа заедно, прегледувајќи илјадници страници интерни документи на американската фирма.

Промовирани огласи »

Аналитичарот Џевдет Хајредини во „Студио 10“ на ТВ24 претпладнето најави дека енергетската криза што ќе се пресели од Европа во Македонија ќе се плати со дополнителни оданочувања.

Ние имавме таква ситуација во комунизмот, загубата се акумулираше во тогашен „Макпетрол“ и кризата финансиска беше врзани садови. Сите денешни долгови се утрешни даноци, рекол нобеловецот Фридман, смета поранешниот министер за финансии.

Според Хајредини, поскапувањето на електричната енергија засега не се најавува во јавноста поради локалните избори и дека треба на клучните позиции државата да постави постручни луѓе за справување со вакви ситуации.

Ќе влечеме струја и натаму, се релативизираат работите во некои медиуми и се правилажен оптимизам кај читателите. Видовте дека имаше тепање за мала компанија, па замислете како може да ескалира ситуацијата по изборите..

Треба да се увезе јаглен и мазут, јаглен нема објективно, џабе зборуваат, а увозниот е скап, ситуацијата излезе дека е безизлезна. А никој не смее да зуцне до тој ден на изборите, наведе Хајредини.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »