Промовирани огласи »

Начинот  како да се мотивирате за работа е чест проблем, без разлика дали ја сакате или не вашата работа. Ако не ја работите вашата омилена работа, се подразбира дека не е лесно да се пронајде начин да добиете мотивација. Сепак, дури и ако сте ја избрале вистинската работа, постојат утра кога се „фаќате со канџи“ по ѕидовите за да станете од кревет. Лесно е да заглавете во истата рутина, со тоа желбата за работа се губи. Меѓутоа, ако постојано се мотивирате на работа, ќе искусите:

  • Зголемено ниво на енергија.
  • Повеќе ентузијазам.
  • Подобри одржливи резултати.

Наместо да зависите од работодавецот за да најдете мотивација, еве неколку начини како да бидете мотивирани и да одите позитивни на работа секој ден.

  1. Потсетете се себеси „Зошто“ работите
    Премногу често, вработените ја засноваат својата мотивација на надворешни извори како признанија, бонуси и унапредување на работа. Овие можеби ги прави вработените да се чувствуваат добро, но тие само представуваат лажна мотивација.
  2. Превземете контрола
    Многу е лесно да дозволите првите неколку часа од вашата работа да ви бидат исполнети со состаноци. Почнете со планирање и закажување на вашите први неколку интеракции во денот за да ги имате во предвид. Излезете на кафе со некој од вашите колеги кој е почесто со оптимистичка мисла  и креативен. Со ова вие ќе имате низок стрес на работа бидејќи вклучува интеракции со други.
  3. Прoславете ги вашите големи и мали достигнувања.
    Ако имате потешкотии како да се мотивирате на работа, можеби е време да се наградите за вашите успеси. Дали навреме ја завршивте таа презентација од 30 минути? Би можеле да се почестите со убава вечера како награда за исполнување на таа голема цел.

Сите имаме свои подеми и падови, исто така  имаме моменти кога едноставно немаме желба да правиме нешто продуктивно. Ова е нормална појава но можете да ја подобрете. Користете било кој од горенаведените совети за подобра  мотивиција на  работа и со ова  да ја подобрите вашата продуктивност.



 


 

Промовирани огласи »

Четири нови дестинации ќе бидат овозможени за летање од скопскиот аеродром до крајот на годинава, а денес ќе биде реализиран првиот лет на  „Изиџет“ британска нискобуџетна авиокомпанија на релација Скопје-Женева.

Три пати неделно ќе се лета на оваа релација а првите патниците на скопскиот аердром ќе пристигнат во 15.05 часот.

Изиџет“ е британска нискобуџетна авиокомпанија со главна база на аеродромот Лондон-Лутон. Компанијата е основана во 1995 година од страна на претприемачот Стелиос Хаџи-Јоану, кој е со потекло од кипарски Грк и британски државјанин и витез на Британското Кралство . „Изиџет“ работи во рамките на групата EasyGroup и има над двесте редовни летови до повеќе од 65 дестинации.

Фото: Skopje International Airport - SKP

Промовирани огласи »

Англискиот сленг „ работа за викенд“ се користи да се искаже дека некој ја поминнува  работната недела мислејќи на активностите за викендот. Тоа понекогаш го одовлекува вработениот да не ја завршува работата на време. Во други случаи сугерира дека некој е несреќен за време на работа. Поради ова биле направени голем број истражувања за да се дознае повеќе за ставовите за работата во и надвор од работното место. Без разлика дали луѓето работат за викенд или не, истражувањата покажуваат дека луѓето се посреќни за време на викендите дури и ако се задоволни со својата работа.

Вработените кои чуствуваат дека нивната работа им придонесува среќа, имаат подобри резултати за разлика од луѓето кои ја гледаат својата работа како средство за постигнување на целта. Личност со ваквото чуство  може да се чуствува лошо или здодевно на работа.

Промената на работните услови може да ги разниша ставовите на работното место и да ги направи луѓето позаинтересирани и ангажирани, намалувајќи го чувството за работа за викенд. Промоциите, преместувањата во различни оддели и други промени на работното место, како што е воведувањето флексибилно работно време, може да придонесе вработените да се чувствуваат посреќни на работа и помалку фокусирани на викендот.

Дали  и вие го имате чуството наречено „Работа за викенд? Дали сте задоволни со вашата работа? Како го поминувате вашиот викенд?

Промовирани огласи »

Летното сметање на времето во европските земји заврши денеска, кога стрелките на часовниците беа помесетени еден час наназад, од 03.00 на 02.00 часот. Летното сметање на времето е воведено согласно одлуката на ЕУ, пред сѐ заради очекуваните економски придобивки - подобро функционирање на единствениот пазар, транспорт и врски, индустрија. Меѓутоа, поради недостаток на поголеми придобивки од тоа, ЕУ одлучи да се откаже од враќањето на стрелките на часовниците двапати годишно во 2021 година, оставајќи им на членките да одлучат дали трајно ќе го усвојат „летното“ или вообичаеното „зимско“ сметање на времето.

Заминува ли менувањето на времето во историја?

Но, земјите членки на ЕУ не постигнаа договор за предлогот на Европската комисија од пред три години за укинување на сезонското поместување на часовникот последната недела во март, односно во октомври. Предлогот беше поддржан од Европскиот парламент во 2019 година, но треба да биде усвоен од земјите-членки. Одлуката дали некоја земја-членка ќе го земе летното или зимското сметање на времето за постојано зависи од нејзината географска локација, така што договорот за предлогот на ЕК нема да биде лесен. Постојат три временски зони во ЕУ, а најголемата е централноевропската од Полска на исток до Шпанија на запад.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »