Промовирани огласи »

Samsung Galaxy S8 стигна до 5 милиони продажба

Galaxy S8 се продава одлично – надмината бројка од 5 милиони уреди

Кај никој од нас сигурно немаше сомневање дека новите модели од Samsung, Galaxy S8 и 8+ , ќе бидат меѓу најпопуларните смартфони и дека ќе се продаваат во одлични количини.

По рушење на сопствените рекорди во Кореа, со нарачката на 550.000 уреди за само 2 дена , овие модели продолжуваат со истото темпо во остатокот од светот.

Од компанијата истакнуваат дека иако не можат да дадат точни бројки, продажбите во светот одат одлично и тие веќе ја имаат надминато бројката од 5 милиони, за двата уреди комбинирано.

Се предвидува дека продажбата на овие модели ќе ја достигне бројката од 20 милиони до крајот на оваа четвртина од годината, а таа бројка ќе достигне 50-60 милиони по истекот на една година од почетокот на достапноста.

Телефоните секако се достапни и во нашата земја и сите заинтересирани корисници може да ги купат.

Овие бројки се доста важни за Samsung, најмногу поради проблемите кои се јавија кај Note 7 моделот. Иако не се очекуваа поголеми проблеми при нарачките на новите модели, сепак се чекаа официјалните бројки за да се види дека Note 7 нема да влијае на продажбата.

Фактот што така испадна на крај покажува на популарноста и довербата во брендот, па еден проблем сигурно не може да го наруши тоа. Инаку, променетата, односно refurbished верзија од Note 7, наречена 7R ќе се продава по цена дупло пониска од оригиналниот модел, барем така говорат информациите. 

Тагови: Samsung

Промовирани огласи »

Повеќе од 1,4 милиони Македонци користат интернет, а еден милион Фејсбук

Македонците навлечени на интернет и Фејсбук

Во Македонија се регистрирани 1.440.000 корисници на интернет или 68,5 проценти од населението, а милион се приклучени на социјалната мрежа Фејсбук, покажуваат податоците на специјализираниот статистички веб сајт „Интернет ворлд стат“.

Од земјите во регионот повеќе од Македонците интернет користат во Словенија  (72,8 проценти) и во Хрватска (75 проценти). Зад Македонија се рангирани БиХ (68,1 процент), Србија (66,6 проценти), Грција (63,2 проценти), Црна Гора (60,2 проценти), Албанија (60), Бугарија (56,7).

Во Европа интернет користат 637 милиони луѓе, а Фејсбук 328 милиони. Глобалната он лајн мрежа најмногу се користат во Исланд, односно 100 проценти од жителите, по што следат Норвешка, Холандија и Шведска со 96 проценти. Најмалку интернет корисници има во Украина 43,4 проценти.

Според Интернет ворлд стат, во светот има 3,67 милијарди интернет корисници или 50,1  процент од вкупната светска популација, а 1,68 милијарди луже користат Фејсбук.

Промовирани огласи »

Сури Мур е писател на книги за само-усовршување. 

Таа спроведува и курсеви за личен развој.

Во 2013 година, Сузи ја напушта работата од која добиваше по 500.000 долари годишно.

Оваа жена презема еден ризичен чекор, за да создаде свој бизнис, поврзан со тоа да им помага на луѓето да бидат добри во она што го прават.

Таа може да се нарекува како што е популарно во последно време „персонален водич".

Мур вели дека во својата работа забележала дека луѓето дозволуваат една голема грешка.

„Луѓето се во голема заблуда, кога се залажуваме дека им треба идеално време, совршена идеја и инспирација. Чекаат нешта кои сметаат дека ќе им ја дадат потребната волја за да го претворат својот сон во реалност"- вели Мур за Бизнис инсајдер. 

Луѓето имаат тенденција да размислуваат повеќе од потребното, кога е потребно само да дејствуваат, додава таа. 

  

Промовирани огласи »

Не може да најде работа: Има дипломи од три факултети, а 30 пати ја одбиле

Има три факултетски дипломи, а 30 пати е одбиена за работа

Има 30 години и три дипломи од различни факултети, досега 30 пати е одбиена за работа.

Хрватката Ивес Водановиќ Лукиќ дипломирала уметност, компаратива книжевност и географија, но не може да најде работа.

Таа многу вложила во себе, но е несреќна затоа што нејзиното знаење никому не му треба.

На било кој оглас и да аплицира, или е одбиена или нема повратен одговор.

„Кои се причините за одбивање? На еден оглас тоа беше доказ за познавање на англиски јазик и ми пишуваат дека не ми се признава ТОЕФЛ, а тоа е меѓународен сертификат кој се признава секаде. Го признава Оксфорд, но не и секторот за туризам во градот Загреб – вели таа.

Додава дека е очајна затоа што уште од средно училиште знаела што сака да студира, да работи, но тоа не се вреднува.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »