По скоро цели две годнини, тизери, најави, неофицијални слики и видеа, конечно Husqvarna собра храброст и го претстави Norden 901 и тоа во сабота!

Скоро и да нема што ново да се каже, освен да се поботри се она што се оечуваше и веќе беше најавено за овој модел. Norden 901 е базиран на KTM 890 Adventure, но има различен, повеќемина би рекле далеку поубав, дизајн кој напред го краси уникатниот лед преден округол фар.
Градбата на телото е насочна да му овозможи лесна управливост на тешки терени на познатиот KTM паралелен двоцилиндарец со 889cc кои производува 103,9 КС и 73,4 lb.ft. Рамот е повотрно наследен од сестринскта компнија, KTM, но кај Norden 901 аголот на предната дел е поагресивен и треба да овозможи поголема агилност на самиот мотор во кривини. Суспензијата е повторно онаа која ја има KTM 890, станува збор за WP Apex, но кај 901 одот е малку зголемен, поточно за 20 мм напред и 15мм назад.
Висината на седиштето може да биде 854 или 874мм а истото се стеснува на предниот дел кон резервоарот за да овозможи возачите посигурно да може да застанат со двете нозе на земја.
За крај, додека не каже некој какво е искуството да се вози Norden 901 останува само да претпоставиме дека по толку најави сепак ова Хаски е само убаво издизајниран KTM 890 Adventure, а дека е убав, убав е! Иако нели за вкусови не се дискутира.