Промовирани огласи »

Енергетска криза е на глобално ниво и постои, а  ние сме свесни за нејзините димензии и сме подготвени да одговориме и работиме на тоа. Ќе реагираме не само со Буџетот во 2022 година, туку и со актуелниот Буџет за годинава зашто ефектите од енергетската криза веќе се чувствуваат во нашата економија. Не можам сега да кажам колку ќе биде тоа во однос на цените, а ниту сум надлежен за тоа, ниту, пак, Владата е, туку е регулаторното тело, истакна денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој порача дека во актуелниот Буџетот има средства од програмата за Ковид од околу 6 милијарди денари кои се уште не се реализирани и со нив може да се поддржат енергетските компании. За таа намена, како што рече, во Владата се формира работно тело од повеќе ресори кое треба да  одлучи дали и како ќе бидат поддржани. Веројатно, додаде тој, ќе излезат со предлог мерки и тоа ќе биде спроведено со заклучок од Влада.

Во Владата има работен тим што ја следи состојбата и во зависност од тоа каде ќе се ослободат средства ќе се интервенира. Битно е граѓаните да знаат дека ќе се направат сите напори пред се да има доволно електрична енергија и да се ублажи ценовниот ефект. Не прејудицирам од каде и што, само сакам да кажам дека се уште има простор во Буџетот зашто од планираниот буџетски дефицит од 6,5 отсто остварен е само 3,8 отсто. Решенијата што ќе се донесат треба да бидат конзистентни и одржливи за да може да се справиме успешно и со овој предизвик како што беше и со пандемијата со Ковид-19, рече Бесими во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, на која беше презентиран Предлог буџетот за наредната година и нагласи дека се очекува за неколку месеци да се надмине оваа состојба на глобално ниво.

Министерот потсети дека во текот на 2021 година Владата уште пред почетокот на енергетската криза го намали ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 отсто за домаќинствата.

 Енергетската криза се случи во меѓувреме поради постковид ефектот и зголемената побарувачка, поскапото производство на електрична енергија поради зелената агенда и политички и стратешки причини со ограничувањето на пристапот до природниот гас на пазарот. Се очекува ситуацијата да се стабилизира од вториот квартал на наредната година, рече Бесими.

Како што се справивме со ковид кризата, посочи тој, така ќе се справиме и со оваа криза во делот на Буџетот со одржливи решенија со кои нема да се нарушат пазарните принципи, туку ќе се поддржат компаниите за да се ублажи ефектот на кризата. Токму на тоа работат експерти од областа  на енергетиката, индустријата и други сектори, а во делот на финансии ќе одговориме со тоа што може да се направи за да помогнеме на нашето стопанство.

Прашан дали во буџетот за наредната година се предвидени зголемени средства за институциите за сметките за електрична енергија, Бесими рече дека нема дополнително ставено ставка само за електрична енергија затоа што, како што истакна, така не се планира буџетот, туку на ниво на категории. На ниво на категории, додаде тој, има намалување на оваа стапка притоа со заложба од сите институции како политика на Влада да имаме фискална консолидација.

Ние во буџетот не предвидуваме ставка само за електрична енергија, туку има повеќе позиции и во тој дел во рамките на политиката за фискална консолидација има намалување на национално ниво или на буџетско ниво од 6 проценти во сите стоки и услуги. Тоа е дел на политиката за фискална консолидација. Притоа воведуваме индикатори за оперативни трошоци во последните пет години за секоја институција со цел да се подобри управувањето со трошоците, односно подомаќински да се управува со тоа што сите надлежни институции, во рамките на тој стегнат буџет во делот на стоки и услуги каде што има намалување од 6 проценти, ќе треба со порационално и подомаќинско управување со своите средства да ги предвидат и евентуалните сметки на електрична енергија доколку имаат пораст, потенцира Бесими.

На прашањето дали има простор Владата да се откаже од дел од акцизата за бензинот и дизелот или од некоја друга давачка во делот од горивата, како директна поддршка за граѓаните и стопанството, Бесими одговори дека сега за сега тоа како системско решение го нема во Предлог буџетот, но може да се разгледа во контекст на прашањето за енергетска криза.

Тоа ќе се разгледа во делот на тимот којшто работи на целиот пакет во однос на енергетската криза доколку се укаже потреба да се интервенира и каде да се направи во тој дел. Сега за сега нема некоја конкретна мерка предложена за намалување на акциза за 2022 година заради ефектите на енергетската криза, рече Бесими.

Промовирани огласи »

Нормално е да бидеме возбудени кога ќе ја добиеме првата понуда за работа. Приклучувањето кон работната сила со полно работно време може да значи плата, бенефиции и пат до финансиска независност. Но, пред  да прифатите понуда, важно е да процените што точно ви ветува компанијата и да преговарате за истата. Според едни изстражувања околу 56% од работниците чуствуваат голем страв кога преговараат.

Како да преговарате за погоелма плата од понудената?
Бидејќи  работодавецот ве одбрал вас сметајќи ве за најдобар кандидат за одбраната функција не треба да имате страв додека преговарате. Препорачливо е никогаш да не ја прифаќате понудата на лице место и, наместо тоа, да одвоите малку време за да го истражите пазарот за вашата позиција. Откако ќе знаете што сакате од преговорите, побарајте да разговарате за понудата.

Како да се подгответе за преговор?
Важен дел од преговарачкиот процес е да се подготвите за сè што може да  се случи. Знаејќи што е разумна побарувача и покажува на компанијата дека имате истражувано доволно за да го направете првичното барање. Важно е да имате причина зошто барате да преговарате. На пример, ако луѓето во вашата област или во други компании на слична позиција со вашето ниво на обрзование заработуваат повеќе. За ова ви е потребна причина да докажете зошто сметате дека заслужувате поголема плата. Ако кажете само „сакам повеќе“ нема да го добиете посакуваното.

Дали кога преговаравте за вашата прва плата на вашето прво работно место го добивте посакуваното? Дали доколку ја сакате вашата професија би прифатиле помала плата?
 

Промовирани огласи »

Завчера се одржаа локалните избори во Македонија, а во трката за градоначалник на град Скопје беа Данела Арсовска и Петре Шилегов.

По завршувањето на локалните избори, град Скопје доби градоначалничка првпат по три децении од независноста на земјава, откако независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Данела Арсовска го победи противкандидатот Петре Шилегов кој раководеше со градот во изминатите четири години.

Жена - по цели три децении од независноста на земјава ќе ја води метрополата.

Интересен факт е тоа што последната жена на оваа позиција Скопје ја имало во 1948 година.

Инаку, Арсовска е 26-от градоначалник на Скопје по ослободувањето на градот во 1944 година.

Првиот градоначалник на Скопје по неговото ослободување бил Лазар Танев, а инаку прв градоначалник на Скопје бил Спиро Китинчев во периодот од 1941 - 1944.

Во прилог на досега кажаното, на Фејсбук групата „Стари скопјани“ објавена е колаж фотографија од сите градоначалници на Скопје во последните 77 години.

Погледнете ја фотографијата:

Извор: Град Скопје

Промовирани огласи »

Германската компанија M-sense објави твит во кој го споредува логото на Meta со своето лого, посочувајќи дека тие се речиси идентични.
 

Објавата стана вирална, а корисниците на Twitter одговорија со уште неколку примери.

„Почестени сме што логото на нашата апликација ги инспирирале Facebook – можеби ќе се инспирираат и од нашата политика за приватност на податоците“, напишаа накратко на официјалниот Twitter профил на германската апликација.

Како одговор на твитот, неколку корисници презентираа уште неколку примери на идентични логоа, како оние што ги користат Webex, Mobius, Microsoft...

Социјалните мрежи веќе неколку дена се полни со реакции за новиот деловен потег на Марк Закерберг. На крајот на октомври милијардерот соопшти дека овој чекор претставува ребрендирање на компанијата, што наиде на бројни осуди.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »