Промовирани огласи »

Моловите во недела и на празник ќе работат до 20, а не до 18 часот како што предложи Министерството за економија.

Измените на Законот за трговија со кои за најголемиот дел од трговците неделата ќе биде неработен ден утре се на дневен ред на собраниска седница, а новината во врска со продолжување на работното време за два часа е резултат на вграден амандман предложен од група пратеници од владејачкиот блок, во текот на расправата во надлежните собраниски комисии – за европски прашања и законодавно-правната.

Како што стои во предлогот кој треба да го изгласаат пратениците, од 10 до 20 часот во недела ќе можат да работат продавниците, киосците и штандовите во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 квадратни метри.

Но, за дозволата за работа во недела продавачите во моловите и самите молови ќе ѝ плаќаат на државата.

Спроведувањето на законот од страна на одделните субјекти (трговските субјекти во состав на моловите и самите молови) повлекува материјална обврска во корист на Буџетот, во висина од 2 отсто од вкупниот промет остварен во недела и на празници, во претходната година, стои во предлогот за измени на законот, кој е втора точка на дневниот ред на утрешната собраниска седница.

Во законот е наведено дека средствата што ќе се соберат на тој начин се наменски, ќе се користат за инвестирање во детски градинки.

Освен новото работно време на моловите, кое патем речено би било само два часа покусо од сегашното, во предложениот закон нема други новини. Останува членот со кој оние кои ќе работат во недела ќе добиваат две дневници, односно најмалку 100 проценти за секој одработен час и еден слободен ден во текот на неделата. Останува и правилото малопродажбата и големопродажбата во недела да се под клуч, а освен моловите да можат да работат и специјализираните продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност, продавниците на бензинските станици кои продаваат храна, пијалаци и тутун, штандовите и киосците за време на спортски настани, фестивали, манифестации, саеми и на јавни проекции на кинематографски дела, продавниците за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалаци и тутун во кои трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата и зелените пазари.

Ако пратениците денеска ги изгласаат измените на Законот за трговија, продавачите всушност ќе бидат први кои ќе ги почувствуваат благодатите на неделата како ден за неделен одмор. Останатите вработени, како во приватните компании, така и во јавната управа, со исклучок на оние кои не смеат да го прекинат работниот процес, на недела како работен ден ќе почекаат. Измените на Законот за работни односи со кои се утврдуваат правилата за работење и неработење во недела подолго време се „заглавени“ во матичната собраниска Комисија за труд и социјална политика. Со тоа, измените допрва треба да добијат виза од Комисијата, за потоа да одат на собраниска седница.

Инаку, со тие измени и за останатите вработени во државата се применува истиот принцип како и за трговците, со таа разлика што за работа во недела наместо двојна, ќе добиваат за 50 проценти зголемена дневница.

Според Министерството за труд и социјална политика, кое е автор на предложените измени на Законот за работни односи, во неделите би одморале околу 92 процента од вработените во државата.

Промовирани огласи »

Министерството за здравство информира дека во тек е скринингот на учениците од основните и средни училишта во Република Северна Македонија.

Скринингот го вршат Центрите за јавно здравје во 496 средни и основни училишта на територија на цела држава.

Министерството за здравство ги објавува досега обработените податоци, од спроведениот скрининг во првите денови.

Од тестирани 1323 ученици во средни и основни училишта на подрачјето на ЦЈЗ Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид, 725 се основци од 1 до 9 одделение, а 598 се средношколци. Од нив само 6 основци биле позитивни на Ковид 19, а 1317 ученици биле негативни на тестот.

ЦЈЗ при детектирање на позитивен ученик, постапуваат согласно донесениот Алгоритам за училиштата во случај на појава на ученик со симптоми или сомнителен на вирусот.

За поголем дел од Центрите за јавно здравје скринингот завршува утре, а крајните резултати Центрите мора да ги испратат најдоцна до средината од следната седмица.

По обработката на податоците Министерството за здравство ќе ја објави целосната анлиза со што ќе се добие генерална слика за присуство на вирусот Ковид 19 меѓу учениците во училиштата.

Министерството за здравство информира дека во моментов во РСМ, 885 деца на возраст од 0-17 години, се активни, а 15 се позитивни на Ковид 19. На Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле хоспитализирани се 19 деца на возраст од 9-16 години. Еден пациент е на О2, а сите останати се со лесна клиничка слика. Ниту едно од хоспитализираните деца не е вакцинирано.

Според податоците од националниот систем Мој Термин досега во земјата 5800 деца на возраст од 12,13,14,15,16 и 17 години примиле една доза вакцина за Ковид 19, а ревакцинирани се 4860 малолетници. 

Промовирани огласи »

Стопанственикот Кочо Анѓушев, во Студио 10, денеска за „ТВ24“ изјави дека цената на струјата ќе расте.

„Цената на струјата на светските берзи расте и ќе расте, а по нова година ќе има нова цена на струјата, државата треба да се подготвува да им помогне на најранливите категории“ - истакна Анѓушев. 

Промовирани огласи »

По повеќе од 18 месеци домашна работа под притисок за време на пандемијата, границите помеѓу нашиот професионален и нашиот личен живот се заматени. Многумина од нас сме со работните лаптопи на трпезариските маси, мејловите кои ни пристигнуваат во секое време од денот и викенди кои наликуваат на работни денови.

Знаци дека немате добри работни навики:

Работното однесување кое можеби се „нормализирало“ може да направи сериозна штета на вашето ментално здравје. Значи, на што треба да внимавате? Навиките кои треба да бидат означени со црвено вклучуваат испраќање е-пошта во неработни часови, не правење паузи, постојано работење, постојано одговарање на мејлови. Ова доведува до  немоќност да делегирате или да соработувате затоа што  превземате многу повеќе отколку што треба.

Постојат моменти кога се потребни дополнителни часови за одредени рокови. Но, ако прекувремената работа е постојана и работниот притисок никогаш не попушти, тогаш може да имате проблем. Преземањето сè на себе не само што ве остава исцрпени, туку можеби и лути, огорчени, па дури и виновни.
 

Совети како да ги подобрите лошите работни навики:

Чест проблем е мислата дека треба да кажуваме „да“ на сè. Ова доведува да изгледаме корисни и  вредни. Но исто така кога велиме „да“ ни прави  чуствуво дека мораме да направиме се сами. Ова потоа придизвкува чуствo на незадоволство и лутина, бидејќи се чуствуваме како да работиме само ние. Затоа добро одлучете кога прифакаќте нешто.

Но пак кога кажуваме „не“ можеби е тешко, но исто така е чин на грижа за себе. Да кажете „не“ им помага на луѓето да го почитуваат вашето „да“, бидејќи ќе можат да  ви веруват кога прифаќате нешто. Ако не можете да кажете „не“, тогаш обидете се да кажете „да“ со услови - бидете јасни за вашата временски лимит за да ја извршете дадената задача.

Дали имате премногу лоши работни навики кои ви го нарашуваат вашето ментално здравје? Како се справувате со нив?

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »