Промовирани огласи »

Кон крајот на јуни, Instagram почна да ја тестира можноста за објавување содржини со помош на веб-прелистувач на компјутери, што деловните корисници на социјалната мрежа го бараат од компанијата со години, бидејќи беа принудени да користат одредени алатки од трети страни за да креираат објави.

„Знаеме дека многу луѓе пристапуваат до Instagram од нивниот компјутер, па за да го подобриме тоа искуство, сега ја тестираме способноста да креираме објави на Instagram преку нивните веб-прелистувачи на компјутери“, изјави портпаролката на Facebook, Кристин Паи за Блумберг во јуни.

Речиси пет месеци подоцна, во четврток, на 21 октомври, оваа опција конечно ќе стане достапна за сите корисници на Instagram, кои потоа ќе можат да објавуваат содржина на социјалната мрежа од нивниот компјутер со кликнување на иконата + во горниот десен агол.

Покрај тоа, Instagram ја воведе експерименталната функција Collabs, која ќе им овозможи на корисниците да се придружуваат во објавите на Reels или Feed, а според Tech Crunch, има два нови ефекти кои можат да се користат во нивната копија на TikTok – Superbeat и Dynamic Lyrics.

Промовирани огласи »

Големиот интерес за состојбата на седумкратниот светски шампион Шумахер се појави во последниве недели по објавувањето на документарниот филм на Netflix, кој го прикажува неговиот извонреден подем кон врвот, како и аспекти од семејниот живот на 52-годишниот Германец.

Говорејќи на неодамнешното доделување на наградите во Рим, Пјеро Ферари сподели неколку спомени за Шумахер пред неговата скијачка несреќа во 2013 година.

Имав задоволство да му гостувам на Шумахер и да пијам црвено вино. Тој навистина уживаше во овие моменти на интимност и мир. Тој е едноставна, јасна, прецизна личност, многу комплетна личност“, рече потпретседателот на Ферари, додавајќи:

Жал ми е што денес зборуваме за него како да е мртов. Не е мртов, тој е тука, но не може да комуницира", рече Ферари.

Да потсетиме, Шумахер се здоби со тешка повреда на главата при пад на 29 декември 2013 година во францускиот скијачки центар во близина на Мерибел, и истиот ден беше префрлен во болница и оттогаш нема многу официјални информации за неговата здравствена состојба.

Промовирани огласи »

Возачот на Honda Марк Маркез конечно дојде до неговата втора победа во MotoGP шампионатот, додека Фабио Квартараро го зајакна своето водство во генерален пласман.

Откако ја заврши својата низа на победи шест победи на Американската патека после падот во 2019 година, Марк Маркез се врати победнички оваа година со доминација во секој круг до крајот на трката.

Маркез од третата позиција дојде во водство уште пред првиот свиок веднаш после стартот, со Квартараро и Бањаја позади себе. Од круг во круг Маркез го зголемуваше своето водство и едноставно не дозволи да биде загрозен.

Квартараро дојде до комфорна втора позиција и воедно го зголеми своето водство во генерален пласман, а веќе на следната рунда на Мизано има шанси да дојде до титулата оваа година.

На третата позиција заврши Франческо Бањаја пред Алекс Ринс Хорхе Мартин, Енеа Бастианини, Џек Милер, Жоан Мир, Бред Бинер и Пол Еспергаро кој ги заокружи топ 10-те.

Во генерален пласман води Квартараро со 254 поени, пред Бањаја со 202 и Мир со 175 поени.

Промовирани огласи »

Викендов на новата ридска патека во Дубровник се одржа последната трка од шампионатот на ридски патеки во Хрватска, која исто така се бодуваше и за Црногорскиот шампионат кој заврши со истата трка.

Во саботата имавме суви тренинзи, но ниските температури како и секогаш во Дубровник во овој дел од годината не дозволуваат максимални резултати. На саботните тренинзи најбрз, но кој воедно постави и прв рекорд на новата патека беше Никола Асановиќ во прототип Norma M 20 со време од 1:49.542, беше побрз од неговиот најблисок конкурент во категоријата на туристички автомобили Домагој Перековиќ (Mitsubishi Lаncer EVO 9) за нешто повеќе од 4 секунди со време од 1:53.151, а воедно ја освои и титулата во Хрватскиот шампионат во класата Е1.

На ред дојде недела, денот за трка. Иако изутрината временските услови изгледаа дека ќе бидеме сведоци на сува трка и подобри времиња, пред самиот старт на трката започна дожд кој не престана цел ден. Возачите пред самиот старт беа со монтирани дождовни гуми и во еден момент беа готови да менуваат гуми за суво, но најавата за дожд воопшто не разочара.

На дождовната трка победник во генерален пласман беше Домагој Перековиќ (Класа Е1), додека на втората и третата позиција пристигнаа Црногорскиот возач Василије Јакшиќ (Група Н) и домашниот возач Стијепо Маненица (Група Н), сите во Mitsubishi Lаncer EVO 9.

БрзКруг беше и на оваа трка присутен, па погледнете ги фотографиите на нашата ФБ страница, а во текот на неделата ќе погледнете и некои видеа кои ќе бидат склопени.

Првата временска листа е од саботните тренинзи, втората од неделните две трки:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »