Промовирани огласи »

Сојузот на синдикати на Македонија бара од пратениците веднаш да ги усвојат сите законски решенија кои се заглавени во Собранието, а се однесуваат на остварување и унапредување на работничките права.

Бараат да се усвои законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со кое сите оние кои работат во дејностите каде не може да има застој во технолошкиот процес да им биде исплатена дневницата зголемена за минимум 50 проценти. Се бара и донесување на нов Закон за работни односи со кој ќе се решат проблемите со кои се соочуваат вработените како што се договорите на определено време, прекувремената работа, регресот за годишен одмор, работа од дома….

Поради зголемување на животните трошоци, ССМ бара и итно зголемување на платите, како и на минималната плата за најмалку 60 проценти од просечната плата.

Доколку и понатаму пратениците останат глуви на нашите барања, ССМ ќе побара да се донесе одлука на највисоките органи и тела во сите синдикати здружени во ССМ за да се повика членството и сите работници на генерален штрајк, се наведува во денешното соопштение од ССМ. /МИА

Промовирани огласи »

Тешко е да се биде оптимист и позитивен кога секој ден се чувствува како повторување на верзијата од претходниот. Исто така, може да биде тешко да се одредат емоциите на вашиот колега кога работите од дома.

За да помогне во зајакнувањето на здравјето на вработените, Ден Пупиус, извршен директор на провајдерот на софтвер за соработка на работното место Range, одлучи членовите на тимот да го пријават своето секојдневно расположение.

Кога луѓето работат од дома, може да биде тешко да се дознае како се расположени на работа“, вели Пупиус. Меѓутоа, кога сте во канцеларија, можете да најдете знаци. На пример, гледате некого во кујната и можеби изгледа уморно или под стрес. Тоа ви помага да го толкувате нивното однесување во текот на денот“.

За да ги измери емоциите и да додаде контекст оддалеку, Пупиус ги замоли вработените да го додадат своето расположение на секојдневното пријавување, користејќи ги боите зелена за среќни, жолти за под стрес и црвена за вознемирени со емотикони. Вработените исто така можат да го ажурираат своето расположение во текот на денот.

Кога вработен ќе каже дека се чувствува под стрес или вознемирен, не е доволно само да го прашате како му оди. „Не може да се чувствува како ова да е надзор“, вели Пупиус. „Клучот е да се собере контекст и да се разбере како да се помогне“.

Ако колегата се пријави како жолт неколку пати неделно, соработниците можат да понудат да преземат дел од нивниот обем на работа. Ако се пријавуваат како црвено, менаџерите можат да преземат посилни мерки, како на пример да симнат нешто од чинијата или да им дадат слободен ден.

За да ги натера вработените да бидат отворени, Пупиус вели дека лидерот треба да ја моделира ранливоста со тоа што ќе биде автентичен и искрен.

Познавањето на расположенијата на вработените е добро за компанијата и за вработените, вели Пупиус. „Луѓето ги напуштаат компаниите затоа што се чувствуваат исклучени од нивните тимови или од целта“, вели тој. „Тоа што тимовите се чувствуваат поповрзани е добро за компанијата затоа што може да има позитивно влијание врз задржувањето и добро е за вработените затоа што се чувствуваат како тим, наместо еден куп поединци кои работат од дома“.

Промовирани огласи »

Добрите лидери не само што ја насочуваат работата на своите вработени - тие исто така ги инспирираат. Тие им дават мотивација на  сите околу нив да го достигнат својот максимум. Исто така поттикнуваат за  поголем ангажман и му помагаат на тимот да работи преку предизвикувачки околности. Се разбира, еден од најголемите предизвици за лидерите е да го најдат вистинскиот баланс за да ги добијат најдобрите резултати од нивниот тим, без да стане наметлив или непријатен. Според многу истражувања овие совети  се покажале како ветувачки.

1. Исполнете ги основните потреби на вработените.
Едно истражување покажало дека луѓето имаат три основни потреби на работното место и тоа да се чувствуваат безбедно, да имаат чувство на припадност и да чувствуваат дека се од важност. Овие потреби се очигледно важни во нечие секојдневие, но тие можат да бидат исто толку важни и на работниот простор. Кога овие потреби се задоволени, вработените стануваат повеќе ангажирани.

2. Направете заеднички работен простор.
Најинспиративните лидери едноставно не диктираат што треба да се направи. Тие не го гледаат нивниот зборт како последен за било која  тема. Тие знаат дека нивните вработени можеби имаат подобри идеи и се доволно разумни за да ги прифатат истите. Не треба да ви изгледа чудно што зголемениот ентузијазам и продуктивноста доаѓаат од поколаборативната работна средина.

3. Развијте ја вашата „центрираност“.
Постојат многу фактори кои можат да помогнат да се постане инспиративен лидер. Всушност, едно истражување од 2017 идентификуваше неколку фактори кои покриваат категории како што се развој на внатрешни ресурси, поврзување со други, водење на тимот и поставување на ритамот на работното место. Меѓутоа, од сите можни фактори е заклучено дека „центрираноста“, состојбата на внимателност и да се биде присутен во сите аспетки е најважна.


Со создавање на подобра работна средина за вашите вработени, користењето на сопствените сили и поткрепување на сите слабости што ги имате, ќе бидете на добар пат да станете вистински инспиративен лидер.

Промовирани огласи »

Милијардерот Бил Гејтс предупреди на самитот на ОН за климата во Глазгов COP26 дека, покрај пандемиите, нова опасност за човештвото може да бидат и терористичките напади со биолошко оружје. Затоа тој повика да се инвестираат милијарди долари во таканаречените „Игри на микроби“, со цел човештвото да биде соодветно подготвено.

Гејтс го изјави ова за време на дискусијата со Џереми Хант, претседател на Комитетот за здравство и благосостојба на британскиот парламент и поранешен британски министер за здравство за време на самитот COP26.

Основачот на „Мајкрософт“ повика на формирање на глобален пандемски „ударен тим“ во Светската здравствена организација (СЗО).

Потребни се околу милијарда годишно за пандемиски „ударен тим“ во СЗО, кој би се занимавал со надзор и со она што јас го нарекувам „Игри на микроби“, односно вежбање одговори, рече Гејтс.

Тој даде и пример како терористите можеле да нападнат неколку аеродроми во исто време со вирусот на сипаници, па тоа би можело да биде едно од сценаријата за вежбање на „Игри на микроби“ за да се подготват за евентуален напад.

Тој објасни дека има природно предизвикани епидемии, но дека тие можат да бидат и последица на биотероризам и како такви може да бидат полоши од природни. Сепак, како што додаде, напредокот во науката треба да ни даде алатки за подобар одговор отколку што имаме сега.

Милијардерот рече дека земјите како САД и Велика Британија треба да инвестираат десетици милијарди во истражување и развој за да бидат подготвени за следната пандемија.

Тој исто така изјави дека се надева дека светот за пет години ќе биде подготвен да одговори на евентуална нова пандемија, но дека за тоа е потребна сеопфатна инвестиција во развој и истражување.

Ова може да доведе до многу иновации, а за да бидеме подготвени за евентуална нова пандемија, треба да ги искорениме грипот и настинката, да ги направиме вакцините евтини, да имаме големи фабрики, да направиме вакцини кои би можеле да бидат во форма на мал фластер, кој го ставате на рака. И сето тоа би било многу корисно дури и ако нема пандемија, рече Гејтс, пренесува „Скај Њуз“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »