Промовирани огласи »

Со воведување на новите мерки од саботата, за влез речиси секаде во Грција потребен е документ за Ковид-19 што се скенира преку специјална апликација, меѓутоа државјаните на трети земји, кои иако имаат валиден сертификат не можат да влезат затоа што грчката апликација за проверка не ги препознава овие сертификати, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, во текот на викендот со овој проблем се соочија туристи како од Северна Македонија, така и од Србија, Сингапур, САД и други земји што не се членки на ЕУ.

Сепак, ова не значи дека сертификатите не се валидни или не се признати или прифатени во Грција, туку едноставно проверката треба да се врши рачно, а не преку апликацијата.

Кон крајот на јули, Министерството за туризам на Грција излезе со појаснување за конкретното прашање, дека апликацијата „Covid Free GR” што во земјата се користи за скенирање на сертификатите и потврдите се однесува само на грчки граѓани и на државјани на земјите членки на ЕУ, односно на оние кои имаат европски сертификат.

За конкретното прашање, дописничката на МИА од Атина, денеска побара одговор од портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, кој објасни дека независно од тоа што апликацијата не ги препознава, сертификатите се валидни и со нив се овозможува влез онаму каде што е неопходен сертификатот.

Сертификатот, доколку не го препозне апликацијата, неговата валидност се признава преку самиот документ на хартија, преку неговото постоење. Па така посетителите на земјата што се вакцинирани и имаат сертификат за вакцинација, самото покажување на сертификатот е признато и е валидно, исто како што важеше и во претходниот период и ќе им овозможува влез во простори во кои е неопходен сертификат за вакцинација, независно од тоа дали апликацијата, очигледно од технички причини, не го препознава, рече Иконому на денешниот брифинг со новинарите.

За влез во речиси сите затворени простори во Грција, како што се молови, продавниците, но и отворените и затворените делови на кафулињата, рестораните, таверните и сл, од саботата, задолжителен е документ за Ковид-19, чија проверка при влезот се врши заедно со документ за лична идентификација.

Исклучок се супермаркетите и продавниците за храна, бензинските пумпи, аптеките и црквите.

Промовирани огласи »

Кариера.мк разговара со Бојан Димитриевски, Head of Operations на Axapta Masters, компанија која на пазарот постои веќе 8 години, работи со клиенти од целиот свет, корисници на Microsoft Dynamics-решенијата и овој октомври официјално го достигна бројот од 100 вработени. Освен достигнувањето на златната 100ка, Axapta Masters има долгогодишна соработка со Кариера.мк.

Би сакале да поразговараме за процесот на регрутирање, како успеавте да придобиете интелектурални умови на пазарот на трудот?

Бројката од 100 вработени ја достигнавме месецов, бројката како таква повеќе ни беше повод и причина да прославиме, меѓутоа сепак главниот двигател на тој процес на раст беа потребите на бизнисот и на нашите клиенти. Базата со клиенти се зголемува, а соодведно и нивните потреби така да тој раст  дојде природно. Од аспект на регрутација, процесот беше доста интересен и низ овие години имаат поминато многу кандидати. Секој од нив имаше и има своја приказна, и ние се трудевме да го извлечеме најдоброто од нив потпомогнати од тимот на човечки ресурси, техничкиот тим и менаџментот, кои дадоа се од себе да ги одбере најдобрите кандидати. Мислам дека сме доста успешни во тоа и го одбравме одличниот тим.

 

Бидејќи прогресивно работите на проширување на тимот, но и на локациите каде што функционирате,  би сакале нешто повеќе да ни кажете каде имате план да работите надвор од нашите граници?

Да, се шириме од сите аспекти, се шириме и географски, а воедно ги шириме и сервисите на Axapta Masters кои ги дава на своите клиенти. Од аспект на географското ширење сме стационирани тука во Скопје, моментално сме во процес на отварање на нова канцеларија во Скопје, отворивме канцеларија во Малта неодамна и сме во процес на отварање на канцеларија во Обидинетото Кралство.

Погледнете го целото интервју со Бојан и неговите совети за потенцијални нови колеги кои сакаат да започнат кариера во Axapta Masters.

Промовирани огласи »

Пандемијата создаде чудна динамика на пазарот на работни места. Откако првично резултираше со отпуштање работници од многу бизниси, сега се чини дека создаде недостиг на работници. Причините може да бидат различни и вклучуваат некои луѓе да се двоумење дали да се вратат на работа поради делта варијантата на КОВИД-19, додека други можеби пак имаат проблем да најдат соодветна работа. Додека бизнисите продолжуваат да ги прилагодуваат своите очекувања, барателите на работа треба да ги знаат следниве совети за полесно да се вработат.

1. Работата на далечина ќе се применува уште долго време.

„Касаса“ не е единствената фирма што ја прифати далечинската работа како иднина на својот бизнис модел. Деведесет проценти од бизнисите очекуваат да користат хибриден распоред за работа во иднина, покажа истражувањето на McKinsey & Company од мај 2021 година. Иако деталите се разликуваат, директорите очекуваат дека вработените кои можат да ја вршат својата работа од далечина ќе  можат да дојдат во канцеларија само помеѓу еден и четири дена во неделата.

2. Вештини

Во иднина, можеби ќе биде сменет начинот на пополнување на отворените позиции. Ова може да влијае на можностите за работа на извршно ниво бидејќи компаниите одлучуваат дека нема да им треба, на пример, потпретседател колку што им треба програмер. Покрај тоа, работодавците бараат луѓе кои добро одговараат на вредностите на компанијата. Општата биографија можеби нема да биде доволна за да се оди на интервју за  работотно место. Луѓето во основа создаваат нова биографија за секоја работа.

3. Процесот на интервју може да изгледа поинаку

Повеќе компании кои работат на далечина, процесот на интервју би бил сменет. Алатките како што се Zoom, Microsoft Teams или други платформи за видеоконференции постанаа вообичаени. Дури и ако е можно класично интервју, компаниите можеби ќе преферираат да користат виртуелни интервјуа за далечински работни позиции.

На кои работи се фокусирате кога барате работа?

Промовирани огласи »

Поради пандемијата голем број oд работниците се принудени да ги напуштат своите работни места. Со многу голема раздвиженост во работната сила, работниците од секое ниво пробуваат да ја заобиколат сегашната ситуација  за да го работат она што го сакат.

Од почетокот на пандемијата, менаџерите и директорите се соочуваат со голем  притисок да ги задржат вработените. Истражувањета покажуваат дека можеби менаџерите  ќе треба  да обрнат дополнително внимание на тоа кој учествува на состаноците на Зум и како се прифаќаат новите членови на тимот или како се чуствуваат работниците во моментот. Одност помеѓу претпоставените и работниците треба да биде секогаш стабилен.
 

Голем дел од вработените велат дека се чувствуваат полојални на нивната компанија сега отколку пред пандемијата. Исто така, поверојатно е дека  ќе чувствуваат повеќе поврзаност со колегите сега отколку пред тоа. Работниците кои се задоволни со својата работа, кои имаат силни лични врски со своите колеги и се лојални кон својата компанија, ќе имаат трајна посветеност на своите работни места. Она што е најизненадувачки е колку тоа останува така дури и по значајните предизвици што ги воведе пандемијата.

Како пандемијата влијае на вашата работа? Дали се обидувате да останете лојални на вашето работно место и покрај сите предизвици што ги дава пандемијата?

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »