Пандемијата создаде чудна динамика на пазарот на работни места. Откако првично резултираше со отпуштање работници од многу бизниси, сега се чини дека создаде недостиг на работници. Причините може да бидат различни и вклучуваат некои луѓе да се двоумење дали да се вратат на работа поради делта варијантата на КОВИД-19, додека други можеби пак имаат проблем да најдат соодветна работа. Додека бизнисите продолжуваат да ги прилагодуваат своите очекувања, барателите на работа треба да ги знаат следниве совети за полесно да се вработат.
1. Работата на далечина ќе се применува уште долго време.
„Касаса“ не е единствената фирма што ја прифати далечинската работа како иднина на својот бизнис модел. Деведесет проценти од бизнисите очекуваат да користат хибриден распоред за работа во иднина, покажа истражувањето на McKinsey & Company од мај 2021 година. Иако деталите се разликуваат, директорите очекуваат дека вработените кои можат да ја вршат својата работа од далечина ќе можат да дојдат во канцеларија само помеѓу еден и четири дена во неделата.
2. Вештини
Во иднина, можеби ќе биде сменет начинот на пополнување на отворените позиции. Ова може да влијае на можностите за работа на извршно ниво бидејќи компаниите одлучуваат дека нема да им треба, на пример, потпретседател колку што им треба програмер. Покрај тоа, работодавците бараат луѓе кои добро одговараат на вредностите на компанијата. Општата биографија можеби нема да биде доволна за да се оди на интервју за работотно место. Луѓето во основа создаваат нова биографија за секоја работа.
3. Процесот на интервју може да изгледа поинаку
Повеќе компании кои работат на далечина, процесот на интервју би бил сменет. Алатките како што се Zoom, Microsoft Teams или други платформи за видеоконференции постанаа вообичаени. Дури и ако е можно класично интервју, компаниите можеби ќе преферираат да користат виртуелни интервјуа за далечински работни позиции.
На кои работи се фокусирате кога барате работа?