Промовирани огласи »

САД денеска ги отвораат границите за целосно имунизираните странски патници, воедно укинувајќи ја забраната што претходниот претседател Доналд Трамп ја воведе пред околу 20 месеци поради Ковид-19. Таа ги погоди неамериканските граѓани од многу држави, меѓу кои и земјите од Европската Унија. Со ова многу семејства беа разделени а најголем удар доби туризмот.

Авиокомпаниите очекуват зголемен број на патници по укинувањето на ресктрициите. Забраната за патување во САД се однесуваше на сите кои биле во Велика Британија и бројни други европски држави, како и Кина, Индија, Јужна Африка, Иран и Бразил.

Според новите воведени правила, при патување во САД, патниците задолжително ќе морат да приложат сертификат за примени две вакцини и негативен тест за Ковид не постар од 72 часа. По пристигнувањето во САД тие нема мора да одат во карантин. Здраствените власти објавиа дека ќе се прифаќат вакцини исклучиво одобрени од Светската здраствена организација, вкучивајќи ги и кинеските, но не и „спутник“.

Промовирани огласи »

Според светскиот алманах (World Population Review) Македонија е на шестото место на ранг листата на 10 најсиромашни земји во Европа. После нас се Босна и Херцеговина, Белорусија, Србија и Црна Гора, а на врвот на листата се Украина, Грузија, Косово, Молдавија и Албанија.

Неколку европски земји се многу богати и се меѓу најбогатите на глобално ниво. Сепак, економскиот просперитет во Европа значително варира помеѓу државите. Земјите од Источна Европа, особено оние кои беа значително погодени по падот на Советскиот Сојуз се меѓу најсиромашните и денес, пишува во алманахот во кој се објаснува дека Бруто домашниот производ (БДП) е една од најважните метрики што се користи за мерење на економското богатство на една земја.

За Македонија во овој преглед пишува дека земјата од 1991 година претрпе драматични економски промени и постепено ја подобруваше својата економија. Трговијата сочинува околу 90% од БДП на земјата. И покрај успешно спроведените политики од властите, Македонија сè уште има висока стапка на невработеност – 16,6%. Во 2020 година БДП по глава на жител во Македонија изнесуваше 5.888 американски долари.

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикати на Македонија бара од пратениците веднаш да ги усвојат сите законски решенија кои се заглавени во Собранието, а се однесуваат на остварување и унапредување на работничките права.

Бараат да се усвои законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со кое сите оние кои работат во дејностите каде не може да има застој во технолошкиот процес да им биде исплатена дневницата зголемена за минимум 50 проценти. Се бара и донесување на нов Закон за работни односи со кој ќе се решат проблемите со кои се соочуваат вработените како што се договорите на определено време, прекувремената работа, регресот за годишен одмор, работа од дома….

Поради зголемување на животните трошоци, ССМ бара и итно зголемување на платите, како и на минималната плата за најмалку 60 проценти од просечната плата.

Доколку и понатаму пратениците останат глуви на нашите барања, ССМ ќе побара да се донесе одлука на највисоките органи и тела во сите синдикати здружени во ССМ за да се повика членството и сите работници на генерален штрајк, се наведува во денешното соопштение од ССМ. /МИА

Промовирани огласи »

Тешко е да се биде оптимист и позитивен кога секој ден се чувствува како повторување на верзијата од претходниот. Исто така, може да биде тешко да се одредат емоциите на вашиот колега кога работите од дома.

За да помогне во зајакнувањето на здравјето на вработените, Ден Пупиус, извршен директор на провајдерот на софтвер за соработка на работното место Range, одлучи членовите на тимот да го пријават своето секојдневно расположение.

Кога луѓето работат од дома, може да биде тешко да се дознае како се расположени на работа“, вели Пупиус. Меѓутоа, кога сте во канцеларија, можете да најдете знаци. На пример, гледате некого во кујната и можеби изгледа уморно или под стрес. Тоа ви помага да го толкувате нивното однесување во текот на денот“.

За да ги измери емоциите и да додаде контекст оддалеку, Пупиус ги замоли вработените да го додадат своето расположение на секојдневното пријавување, користејќи ги боите зелена за среќни, жолти за под стрес и црвена за вознемирени со емотикони. Вработените исто така можат да го ажурираат своето расположение во текот на денот.

Кога вработен ќе каже дека се чувствува под стрес или вознемирен, не е доволно само да го прашате како му оди. „Не може да се чувствува како ова да е надзор“, вели Пупиус. „Клучот е да се собере контекст и да се разбере како да се помогне“.

Ако колегата се пријави како жолт неколку пати неделно, соработниците можат да понудат да преземат дел од нивниот обем на работа. Ако се пријавуваат како црвено, менаџерите можат да преземат посилни мерки, како на пример да симнат нешто од чинијата или да им дадат слободен ден.

За да ги натера вработените да бидат отворени, Пупиус вели дека лидерот треба да ја моделира ранливоста со тоа што ќе биде автентичен и искрен.

Познавањето на расположенијата на вработените е добро за компанијата и за вработените, вели Пупиус. „Луѓето ги напуштаат компаниите затоа што се чувствуваат исклучени од нивните тимови или од целта“, вели тој. „Тоа што тимовите се чувствуваат поповрзани е добро за компанијата затоа што може да има позитивно влијание врз задржувањето и добро е за вработените затоа што се чувствуваат како тим, наместо еден куп поединци кои работат од дома“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »