Промовирани огласи »

KARIERA.mk во месец ноември го одбележува својот 5ти роденден!  Досега, KARIERA.mk беше местото каде секојдневно се среќаваа работодавачите и активните баратели на работа! За овие 5 години, KARIERA.mk успешно соработуваше со над 4.500 компании од државата и странство кои имаат потреба од нова работна сила, објавивме над 28.000 огласи за работа и зачленивме над 123.000 корисници. Дополнително, организиравме многу настани и обуки, бевме присутни на голем број медиуми и се вмреживме во круговите на најголемите HR професионалците од регионот! 

Бидејќи сме тим кој се радува на предизвици и нови проекти и константно сме во динамична атмосфера, со цел да им овозможиме одлично искуство на нашите корисници, нашиот 5ти роденден решивме да го прославиме преку големо проширување на нашиот сервис со додавање на огласи за недвижности, возила и се останато што вреди да се купи и продаде на едно место. Проширувањето на нашиот сервис е инспирирано од реалната потреба за комплетна и модерна платформа за огласување во нашата држава која ќе даде едноставно и одлично искуство за нашите корисници со повеќе опции на едно место.

Отсега, нашиот сервис прераснува во обемна платформа која ќе изобилува со огласи од различни категории каде корисниците ќе можат да најдат се она што им е потребно во моментот на едно место. Како иновативно решение, во сервисот интегриравме реална мапа за карактеристично доживување на корисникот, преку споредба на локации на недвижнините и цените за истите. Дополнително, нашиот нов сервис за огласување е изграден низ голем број на конкретни филтри за пребарување со што постигнавме корисникот најбрзо да дојде до посакуваните конкретни огласи кои му се потребни. Она што можеби најмногу од корисниците ќе ги интересира е дека нашиот сервис е БЕСПЛАТЕН и нема ограничување на бројот на огласи кои имате потреба да го поставите во било кој момент!

На крај, за овие 5 години поддршката од нашите корисници беше основната линија која не инспирираше да се приспособуваме на нивните барања и да правиме измени на нашиот сервис со цел полесно снаоѓање на корисниците. KARIERA.mk е успешна приказна која продолжува да расте и да се развива, па затоа ве покануваме да го погледнете новиот лик на KARIERA.mk и секако, освен вашата посета на делот за огласи за вработување, отсега, БЕСПЛАТНО да објавите се она што сакате да продадете или пак да почнете да пребарувате се она што ви е потребно да го купите. Придружи се на нашата роденденска прослава и почни да огласуваш БЕСПЛАТНО
 

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 22 ноември 2021 година (понеделник), Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука.

Во продолждние прочитајте ги сите преостанати неработни денови до крајот на годината:

За сите граѓани на РМ – 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од католичка вероисповед – 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци, 25 декември (сабота), првиот ден на Божик. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ – 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука.

Промовирани огласи »

Министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарското прашање, во врска со тоа дали знае што се случува со цените во продавниците низ земјата и што ќе превземе Владата во однос на заштитување на стандардот на граѓаните, одговори дека ќе интервенираат.

Ако предвидиме дека ќе има ценовни шокови, тогаш ќе интервенираме во рамките на нашите надлежности и согласно Законот за трговија, изјави Бектеши потенцирајќи дека не се спрема никаква реакција, но ги откри двете можности.Постојат две можности. Една е сувбенционирање на производителите, со цел помали цени. Но, прашањето е дали со домашното производство може да се задоволи потрошувачката. Ако не може, тогаш може да се ограничат увозните цени, со тоа што ќе се лимитира маржата. Ние бевме единствена земја во регионот која  на почетокот на панде*ијата ги замрзна цените на одредени продукти, и ако треба, тоа пак ќе го направиме – рече Бектеши.

Постојат две можности. Една е сувбенционирање на производителите, со цел помали цени. Но, прашањето е дали со домашното производство може да се задоволи потрошувачката. Ако не може, тогаш може да се ограничат увозните цени, со тоа што ќе се лимитира маржата. Ние бевме единствена земја во регионот која  на почетокот на панде*ијата ги замрзна цените на одредени продукти, и ако треба, тоа пак ќе го направиме – рече Бектеши.

Промовирани огласи »

Прогресивниот синдикат за образование (ПСО), член на Сојузот на синдикатите на Македонија, бара од Министерството за образование и наука да дозволи наставниците на наставнички совети да може да одлучат дали наставата да ја организираат со физичко присуство или онлајн во периодот од 1 декември 2021 до 31 март 2022 година.

Барањето го образложува со актуелните услови – сезона на грипови и влошување на состојбата со панде*ијата, како и поради енергетската криза во државава.

Доколку состојбите со панде*ијата се подобрат, учениците би можеле во последното тримесечие да се вратат во училишните клупи и со успех да ја завршат учебната 2021/2022 година. Покрај здравствена заштита, овие измени ќе овозможат и заштеда на енергија, како и помало загадување од училиштата што се затоплуваат со други горива, наведува ПСО во барањето до МОН.

Во соопштението, потпишано од претседателот на овој синдикат, Влатко Секулоски, се бара и итно решавање на статусот на околу 4000 вработени во образованието кои  работат со договори на определно време.

Покрај ветувањата, освен вработените во стручните служби и техничкиот персонал во училиштата, кои може веднаш да бидат вработени на неопределно време, но не и наставниците. Се залагаме и препорачуваме оваа неправда итно да се исправи. Изненадени сме што засега единствениот репрезентативен синдикат во образованието е индиферентен кон претстојните предизвици на образовниот систем и наставниот кадар, наведува Прогресивниот синдикат за образование.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »