Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 22 ноември 2021 година (понеделник), Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука.
Во продолждние прочитајте ги сите преостанати неработни денови до крајот на годината:
За сите граѓани на РМ – 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски“.
За граѓаните од католичка вероисповед – 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци, 25 декември (сабота), првиот ден на Божик. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ – 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука.