Maestral Resort & Casino Budva пречекува млади, амбициозни, образовани, искусни луѓе кои сакаат да ја остварат својата кариера во средината на успешен тим, обезбедува можност за вработување на сите хотелски позиции.
Во своите капацитети има 5 ресторани, кои служат медитеранска и интернационална кујна со богат избор на светски познати вина. Бројни барови нудат освежителни пијалоци и закуски. Овој хотел има 205 соби распоредени на 7 ката, 24-часовна рецепција, услуга за хемиско чистење/перење, објекти за перење, портир.
Нуди отоворени работни места во угостителски сектор, во рестораните на хотелот, позиции за домаќинство и многу повеќе!
Maestral Resort & Casino Budva Ве поканува на отворен ден за вработување!
Придружете ни се на следната локација: СКОПЈЕ
Датум: 26 ноември 2021 година од 10 до 16 часот
Локација: Double Tree by Hilton, Бул. АСНОМ бр.17, 1000, Скопје
Доколку ја препознаете вашата можност, посетете не, понесете го вашето CV со себе или пополнете го на лице место, информирајте се за условите за работа и сите други детали! Исто така можете да ни го испратите вашето CV преку следниов линк ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ ВО БУДВА
Ова е отворен настан за вработување, така што не е потребна покана за да присуствувате - само ве молиме, дојдете на погоре наведената локација во точното време и датум.
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!