Промовирани огласи »

Стив Хемерстофер на својот twitter профил објави слики за претстојниот смартфон Google Pixel 6A кои го откриваат неговиот изглед.

Pixel 6A припаѓа на серијата Pixel A со пристапна цена, изгледа идентично како и стандардниот Pixel 6 - на задната страна има две камери, напред има селфи камера, USB-C влез.

Според она што може да се види на рендерите, сензорот за отпечаток за прст е сместен под екранот, исто како и кај моделите Pixel 6 и Pixel 6 Pro.  Pixel 6A ќе биде првиот смартфон од среден ранг кој нема да има влез за слушалки. Смартфонот ќе биде со димензии 152,2x71,8 мм и 6,2-инчен екран. Засега не е познато кога ќе се појави Pixel 6A на пазарот, а Pixel 6 и Pixel 6 Pro ќе пристигнат наредниот месец.

Промовирани огласи »

Расправиите што се случуваат на работа не се секогаш толку негативни како што изгледаат. Не е најважно што е аргументот, туку како ќе реагирате на ситуацијата што ќе влијае на крајниот резултат. Составивме листа на корисни совети за тоа како да управувате со аргументите на работното место.

1. Контролирајте ги вашите емоции.

Постојат одредени линии на однесување кои едноставно не треба да се преминат на работа. Кога ќе се разгорат нервите, треба да работите напорно за да ги контролирате вашите емоции. И, разумно е да се очекува одредено ниво на обѕир и професионализам и од другите. На пример, не е во ред да се повикувате или да кревате глас за време на спор на работа. Наместо тоа, прашањето треба да се дискутира на образложен и логичен начин.

2. Бидете подготвени да се чувствувате разочарани

Идеално, добар компромис значи дека секој се чувствува среќен со исходот. За жал, во реалниот свет, луѓето често мора да се задоволат со нешто што се чувствува речиси спротивно од тоа. Понекогаш добар компромис значи дека двете страни се чувствуваат малку разочарани.

3. Поминете покрај тоа

Откако ќе решите тежок конфликт, важно е свесно да продолжите понатаму. Можеби ќе има смисла да размислите за искуството и да размислите како можете да ги усовршите комуникациските вештини за да го минимизирате деструктивното влијание на идните конфликти. Но, исто така е важно проблемот да се остави во минатото.

4. Внимавајте на јазикот што го користите

Кога се изразувате, обидете се да избегнувате да ги користите зборовите „но“ и „сепак“. Вклучувањето на овие зборови во разговорот ќе го натера другиот да верува дека неговите идеи не се ценети или важни.

 

Промовирани огласи »

Стопанската комора денеска соопшти дека бара во мерките за заштита од ковид-19 да се наведе дека тие работници што не сакаат да се вакцинираат, а ја немаат прележано болеста во последните шест месеци, да можат да прават и брзи тестови кои се поевтини во однос на ПЦР тестовите, но трошоците исклучиво да бидат на нивна сметка, а во ниеден случај на сметка на работодавачите.

Комората во пресрет на денешната владина седница апелира, доколку се усвои ваквиот предлог, државата да овозможи контррла на движење на цените, односно да ја определи највисоката цена на брзите антигенски тестови за работниците да немаат големи трошоци.

Според Комората, трошокот за тестовите не смее да падне на товар на компаниите.

Ако работникот одлучи да се вакцинира, ќе нема никакви трошоци. Во спротивно, ќе треба задолжително да се тестира, но со брзи тестови, а не со ПЦР кој е 10 пати поскап. Ова никако не значи задолжително вакцинирање, ниту каков било притисок во таа насока, туку само задолжително брзо тестирање што е вид превентива. Ако некој не смее да се вакцинира поради здравствената состојба, нема да подлежи ниту на тестирање. Ќе ги почитува само мерките, рече потпретседателката на Комората, Анета Трајковска и додаде дека целта на ваквиот предлог е да се обезбеди континуитет на бизнис процесите.

Според неа, Комората ќе апелира до компаниите-членки да им одобрат два дена неплатено отсуство на своите вработени за да ги мотивираат да се вакцинираат.

Како што објасни Трајковска, ако работодавачот се одлучи за самотестирање, клучно е трошокот да падне исклучиво на товар на работникот зашто „секој друг трошок на товар на компанијата е непродуктивен и нема да даде ефект во смисла на зголемување на бројот на вакцинирани".

Во услови на криза и пандемија, непродуктвини трошоци за работодавачите се неприфатливи, потенцира Трајковска.

Даниела Василевска Михајловска од Комората додаде дека ваквите одлуки на Комората се резултат на сериозни анализи и на исКуства на земјите во Европа и опкружувањето.

Нашиот став е во насока на тоа како бизнисот го следи ова прашање. Во пресрет на владината седница на која треба да се одлучува, сакаме да укажеме уше еднаш што бараме, не сакаме да навлегуваме во ставовите на другите. Според нас, економијата мора да биде пред се, мора бизнисот да работи и процесите да течат ако сакаме да има ефекти кои на крај се одразуваат во Буџетот. Ова е исклучиво во насока на движење на поцесите без притоа да се заборави здравјето на работниците, подвлече Василевска Михајловска.

Одговорајќи на новинарско прашање, таа рече дека не може Комората да каже колкави треба да бидат цените на брзите тестови, но во секој случај бара, повтори, да не се дозволи нивно покачување.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на Главниот координативен кризен штаб ги предложи новите рестриктивни мерки за задолжителна вакцинација на здравствените работници и за неопходно поседување ковид - потврда за вработените во јавниот сектор кои деновиве ги препорача Комисијата за заразни болести. Мерките треба да се разгледуваат денеска на владина седница. Филипче синоќа имаше состанок и со синдикатите, откако тие изразија незадоволство и побараа вакцинацијата да не се наметнува со присила. Дел од нив бараа и бесплатни ПЦР-тестови за вработените во јавниот сектор.

Промовирани огласи »

Мерката за имунизирање на вработените важи за луѓето во јавните и приватните институции а иницијативите за ваквите иницијативи дојдоа од претставниците на Стопанските комори, изјави по средбата на претставниците на синдикатот, Министерот за здравство, Венко Филипче.

“Тоа што го побараа претставниците на синдикатот а ќе биде разгледано на утрешната седница на владата е прво мерката, по моментот за донесување, да важи не 10 дена, туку 15 дена потоа, со цел да се остават уште неколку денови за едукација на членството на синдикатите. Понатаму да бидат дадени два, слободни платени денови за луѓето кои ќе се имунизираат, денот на имунизација и следниот ден и последното барање во однос на оние кои не сакаат да се имунизираат и ПЦР тестот како алтернатива, што треба да се прави секоја недела, наместо на сопствен трошок, да биде на товар на работодавачите” – изјави Филипче.

Тој потврди дека сите овие предлози ќе бидат разгледани на утрешната владина седница. Во однос на како што кажа, специфичната дискусија, со претседателот на синдикатот за здравство, била утврдена правната основа врз основа на која може имунизацијата кај здравствените работници да биде задолжителна а тоа се одредбите во правилникот за имунопрофилакса, имајќи ја предвид специфичноста на ситуацијата, додаде Филипче врз основа на кој, сите здравствени работници во наредните 30 дена би се имунизирале.

Претседателот на сојузот на синдикатите, Дарко Димовски, изјави дека тој лично е имунизиран и не гледа зошто и другите не би се имунизирале.

Тој ги потврди барањата кои ќе бидат разгледани на владината седница.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »