Промовирани огласи »

Мерката за имунизирање на вработените важи за луѓето во јавните и приватните институции а иницијативите за ваквите иницијативи дојдоа од претставниците на Стопанските комори, изјави по средбата на претставниците на синдикатот, Министерот за здравство, Венко Филипче.

“Тоа што го побараа претставниците на синдикатот а ќе биде разгледано на утрешната седница на владата е прво мерката, по моментот за донесување, да важи не 10 дена, туку 15 дена потоа, со цел да се остават уште неколку денови за едукација на членството на синдикатите. Понатаму да бидат дадени два, слободни платени денови за луѓето кои ќе се имунизираат, денот на имунизација и следниот ден и последното барање во однос на оние кои не сакаат да се имунизираат и ПЦР тестот како алтернатива, што треба да се прави секоја недела, наместо на сопствен трошок, да биде на товар на работодавачите” – изјави Филипче.

Тој потврди дека сите овие предлози ќе бидат разгледани на утрешната владина седница. Во однос на како што кажа, специфичната дискусија, со претседателот на синдикатот за здравство, била утврдена правната основа врз основа на која може имунизацијата кај здравствените работници да биде задолжителна а тоа се одредбите во правилникот за имунопрофилакса, имајќи ја предвид специфичноста на ситуацијата, додаде Филипче врз основа на кој, сите здравствени работници во наредните 30 дена би се имунизирале.

Претседателот на сојузот на синдикатите, Дарко Димовски, изјави дека тој лично е имунизиран и не гледа зошто и другите не би се имунизирале.

Тој ги потврди барањата кои ќе бидат разгледани на владината седница.

Промовирани огласи »

ЕВН хоум распиша нов тендер за набавка на 3.621 гига вати струја, откако на првиот тендер не учествуваше државната компанија ЕСМ, иако има законска обврска да обезбеди 60 отсто од потребните количини за домаќинствата од домашното производство.

Според законот за енергетика ако и на вториот тендер ЕСМ заради состојбите во кои се наоѓа компанијата, а тоа е 25 ноември, не успее да обезбеди домашна струја по 37 евра за мегават час, ЕВН хоум ќе биде принуден да ја набави целокупната потребна количини на слободен пазар, каде што еден мегават се продава по цена и од 250 евра. Таквата ценовна разлика ќе предизвика дополнителен притисок врз цената на струјата за домаќинствата, која според најавите секако ќе се зголеми двојно на почетокот на следната година.

Владата не виде ништо спорно во тоа што ЕСМ не учествуваше на првиот повик бидејќи како што тогаш рече министерот Бектеши може да има втор па и трет оглас пред да се формира цената на електричната енергија за тарифните потрошувачи од страна на РКЕ. Најважно според него е да се утврди цената на домашното производство и да се зголеми ископот на јаглен.

Цената ја одредува Владата, а не ЕСМ. Ја очекуваме анализата на ЕСМ и во момент кога ќе се достави до Владата, Владата ја одредува цената со која ЕСМ ќе влезе во тендерот на ЕВН Хоум. Тие веќе прават калкулации за наредните шест месеци и во моментот кога ќе стигне предлог од страна на ЕСМ ние како Влада ќе ја утврдиме цената која ќе биде за домаќинствата и за малите потрошувачи за наредните шест месеци, рече минатата недела Бектеши.

Според убедувањата на Владата капацитетите ќе работат според планот, со Стопанската комора се работи на набавка на мазут за ТЕЦ Неготино а од 1 декември ќе биде пуштен во употреба РЕК Осломеј.

Состојбата во енергетиката е во деликатна состојба. Производството е во лоша кондиција, а за да надополни потребните количини МЕПСО неколку пати преземал балансна енергија од европските преносни системи, кои деновиве ќе мора да се платат.

Остатокот од текстот прочитајте го на Фокус.мк

Промовирани огласи »

Ако работите во секторот програмирање во земјава, во септември годинава сте зеле просечна плата од 75.135 денари. Тоа значи и дека вашата плата пораснала за 12,2 отсто во однос на една година претходно.

Среќник сте и доколку сте ангажирани во дејноста фармација, со просечна плата од 49.188 денари. Сепак, вашите примања се далеку пониски од оние на програмерите, иако добрата вест е дека платата ви пораснала за 4,4 отсто.

Во врат на фармацевтите им дишат оние од воздухопловството, каде просечната плата е 48.294 денари, со тоа што оние на повисоките позиции земаат многу повисоки лични примања. Оваа плата во однос на една година претходно пораснала за 14,7 проценти.

Банкарите традиционално со солидни плати, имаат во септември просечна плата од 46.716 денари, и притоа овде не влегуваат бонусите што си ги делат менаџерите на банките. Послаб пораст на платите, само 1,4 отсто во однос на една година претходно.

И, стручноста по се изглед почнала да се исплатува во земјава, па вработените во секторот стручни дејности земале во септември просечна плата од 45. 293 денри, што е раст од близу 10 отсто во однос на претходната година.

Банкарите традиционално со солидни плати, имаат во септември просечна плата од 46.716 денари, и притоа овде не влегуваат бонусите што си ги делат менаџерите на банките. Послаб пораст на платите, само 1,4 отсто во однос на една година претходно.

И, стручноста по се изглед почнала да се исплатува во земјава, па вработените во секторот стручни дејности земале во септември просечна плата од 45. 293 денри, што е раст од близу 10 отсто во однос на претходната година.

Промовирани огласи »

Самостојниот синдикат на клинички центар единствено за спроведување на најавената мерка од страна на Комисијата за заразни болести, гледа во бесплатните ПЦР тестови. Тие од самиот почеток на вакцинацијата се децидни дека треба сите медицински работници да се вакцинираат против Ковид – 19, но предложените мерки, според нив, се доста нејасни. 

Вчера, Претседателот на ССКЦ, д-р Горан Беговиќ во изјава за ТВ Телма, посочи дека прво се кажува дека вакцинацијата не е задолжителна, за да во исто време се бара вработениот ПЦР тестот сам да го наплати. Смета дека едното со другото е контрадикторно. 

Коректно би било тие брзи тестови, бар брзите тестови за ПЦР да бидат на трошок на здравственото осигурување, рече Беговиќ. 

Беговиќ тврди дека не може нешто да биде слободен избор ако во текот на месецот тоа претставува обврзувачки финансиски товар за вработениот, а за него спорна е и границата од само 45 -те дена природен имунитет за прележаните од коронавирус, што ги ослободуваат вработените од обврската за вакцинација или ПЦР тест. 

Во однос на имунитетот на оние што ја прележале болеста Ковид – 19, не би смеело тој имунитет да биде 45 дена, минимум би требало да биде шест месеци, доколку комисијата за заштита од заразни болести има други сознанија или препораки би требало, барем нас во стручната фела, да не извести и за тоа да ни ги соопшти тие сознанија и препораки, рече Беговиќ за Телма. 

Според Беговиќ, Комисијата за заразни болести треба да се произнесе и за тоа, дали луѓето со високо ниво т.е. титар на антиела по прележан коронавирус треба да се вакцинираат.

Извор: Телма

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »