Промовирани огласи »

Од ССМ ги потсетија работодавците дека годинава имаат простор без да бидат оданочени да исплатат и поголема сума од оние 40 проценти од трите последни просечни исплатени на ниво на држава, кои со колективен договор се предвидени како минимум за регресот за годишен одмор.

На работодавците им остана уште еден месец на своите вработени да им исплатат К -15 за оваа година, за да избегнат санкции.

Дел од работниците овој регрес за годишен одмор кој годинава е околу 11.500 денари го добија уште на почетокот на сезоната за одмори, некои подоцна, а голем дел сè уште го чекаат.

Право на К-15 имаат сите вработени во приватниот и во дел од јавниот сектор кои кај ист работодавец работеле најмалку шест месеци во календарската година. Од ССМ ги потсетија работодавците дека годинава имаат простор без да бидат оданочени да исплатат и поголема сума од оние 40 проценти од трите последни просечни исплатени на ниво на држава, кои со колективен договор се предвидени како минимум.

Од ССМ потсетуваат дека регресот за годишен одмор е право воспоставено по пат на дијалог помеѓу претставниците на работниците, во конкретниот случај Сојузот на синдикатите на Македонија и од претставниците на работодавците – ОРМ и со оглед на тоа што се работи за право уредено спогодбено со потпишување на колективен договор, очекувано е работодавците целосно да ја исполнат обврската која доброволно ја презеле.

Oд ССМ и потсетуваат дека за работодавачи кои не исплаќаат К-15, или бараат од работникот да им го врати, законот предвидува и затворска казна до една година.

Од лани право на К-15 имаат и над 20.000 вработени во јавната управа и правосудството.

Промовирани огласи »

ЕВН хоум го продолжи рокот на тендерот на кој треба да се обезбеди струја за домаќинствата за идната година, што било договорено на денешниот состанок меѓу РКЕ, ЕСМ, МЕПСО и претставници на Владата во просториите на ЕВН.

Тендерот наместо до 25-ти ноември ќе трае до 2-ри декември. Според информации на Сител причина за продолжувањето е што државната ЕСМ нема да може до 25-ти овој месец  да достави понуда, затоа што според информациите компанијата не знае колку електрична енергија ќе произведе бидејќи нема доволно јаглен и допрва ќе се навбавува.

Сител дознава и дека на последната владина седница месецов – на 30 ноември државната ЕСМ ќе бара и зголемување на производствената цена на електрична енергија која во моментов е 36 евра за мегават час.

Според законот за енергетика државните електрани треба да обезбедат 60% од потребите на струја до универзалниот снабувач.

Во меѓувреме МЕПСО ја доби сметката од Европа за влечењето на струјата од меѓународната мрежа. За октомври изнесува 16,5 милиони евра, а за јули, август, септември и октомври вкупно 18,5 милиони евра. Од компанијата очекуваат фактурата за ноември да биде помала затоа што сега се влече многу помалку струја од Европа во однос на претходниот период.

Промовирани огласи »

Од 1-ви декември (среда) се забранува употребата на пластични ќеси во Македонија. Со тоа веќе нема да се произведуваат пластичните кеси, а биоразградливите ќе се наплаќаат по 15 денари.

Со ова треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи кои ја загадуваат околината.

За средствата од продадените пластични кеси, трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.

Промовирани огласи »

Челниците на Формула 1 ја продолжија соработката со првите луѓе на патеката во Каталонија која сега според планот ќе се вози до 2026 година.

Патеката која за првпат беше користена во Формула 1 во 1991 година, кога беше изградена пред Олимписките игри и следната година останува во календарот на Формула 1.

Оваа година Луис Хамилтон дојде до победата на оваа патека, а следната трка во Каталонија е закажана за 22 мај 2022 година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »