Промовирани огласи »

Прележан ковид не е заштита од инфекција со омикрон, велат од Светската здравствена организација(СЗО). 

Оваа информација денеска ја соопшти инфектологот Ане фон Готберг од јужноафриканскиот Национален институт за преносливи болести (НИЦД). 

Овој проблем и натаму се истражува, вели Фон Готберг. 

Таа изјави дека првичните набљудувања говорат дека со омикрон може да се заразат и да заболат и луѓето кои веќе прележале коронавирусот. 

Омикрон е потврден во повеќе од 20 земји, меѓу кои и Германија. Првите Омикрон-случаи денеска ги пријави Индија.

Во соседството, сојот го има во Грција. Заразен е човек на Крит, кој се вратил од Јужна Африка. Сојот се појави во Јужна Африка и брзо се шири во светот.   

Промовирани огласи »

Прототипите на новата, шеста генерација на Mercedes-Benz E-Class се забележани како се тестираат на јавните патишта за прв пат пред планираното претставување во Велика Британија во првата половина на 2023 година.
 

Познат под името W214, новата E-Class е во развој кој е фокусиран на доработка на електричната архитектура и моторот. Неговата електрична архитектура во голема мера се надградува за да поддржува нови функции кои вклучуваат опција за автономно возење земјите каде што е дозволено, заедно со 5G конекција што овозможува брзо ажурирање на софтверот.

Новиот Mercedes-Benz, кога ќе биде пуштен во продажба, ќе ви понуди електрични погонски линии. E-Class 2023 ќе остане со електрифицирани верзии на денешните мотори со четири и шест цилиндри.

Промовирани огласи »

Стапката на слободни работни места во третото тримесечје од 2021 година изнесува 1,69%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупниот број слободни работни места во земјава е 8.595, од кои најмногу се во секторот преработувачка индустрија (1.732), кој, сепак, нема највисока стапка на слободни работни места.

Највисока стапка на слободни работни места од 3,32% има во секторот административни и помошни услужни дејности, каде што има вкупно 730 слободни работни места.

Голем број слободни работни места има и во секторот трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (1.554), сектор кој има стапка на слободни работни места од 1,82%, а има и 906 слободни работни места во секторот градежништво, кој има стапка од 3,03% и 648 слободни работни места во секторот транспорт и складирање, кој има стапка од 2,29%. Секторот образование има стапка на слободни работни места од 1,67%, односно вкупно 626 непополнети работни позиции.

Најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,20%, а каде што се бараат само 16 работници.

Според податоците на ДЗС, вкупниот број на пополнети работни места во третото тримесечје од годинава е 500.145, од кои најмногу се во преработувачката индустрија (115.467), а потоа следува секторот трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (83.628), јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување (37.782), дејности на здравствена и социјална заштита (37.716) итн.

Најмал број пополнети работни места има во секторот дејности во врска со недвижен имот, 2.050, но таму има и мал број слободни работни места (26).

Промовирани огласи »

За најевтин град за живот е прогласен сирискиот главен град Дамаск, објави Економист.

Утврдено дека проблемите во синџирите за набавка и антиепидемиските мерки кои ги ограничија производството и трговијата придонеле на порастот на трошоците за живот во многу градови.

Трошоците за транспорт пораснале поради растот на цените на горивата, а забележан е значителен пораст на цените на тутунот, производите за лична хигиена и забавни содржини.

Најскапи градови се Тел Авив, Париз, Сингапур, Цирих, Хонг Конг, Њујорк, Женева, Копенхаген, Лос Анџелес и Осака, а потоа следат Осло, Сеул, Токио, Виена, Сиднеј, Мелбурн, Хелсинки, Лондон, Даблин, Франкфурт и Шангај.

фото Wikipedia

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »