Tрка во Саудиска Арабија беше полна со драма, а најдраматичниот момент дојде на 13 круга преостанати. На Макс Верстапен му беше кажано да го препушти водството на Луис Хамилтон, откако тој го принуди бранителот на титулата да излезе од патеката. Верстапен забави и Хамилтон налета на него, што значи дека Ред Бул го задржа водството уште шест круга додека тој не отстапи.
Холанѓанецот денеска заврши како втор, во дуел кој ќе се памети по неколку меѓусебни контакти, па и судири помеѓу двајцата најдобри. Двајцата возачи очајнички ја посакуваа победата, а на крајот пресуди подобриот избор на гуми на Британецот, кој на крајот „преживеа“ директен судир со задниот дел на Ферстапен.
Инцидентите меѓу нив двајцата донесе големи главоболки кај судиите, кои под лупа ставија неколку нивни контакти, за на крајот да го казна возачот на Ред Бул со казна од пет секунди, набрзо по што тој беше престигнат од ривалот од Мекларен.
Тие сега имаат по 369,5 бодови, што значи дека новиот шампион ќе биде решен по седум дена во Обединетите Арапски Емирати.