Промовирани огласи »

Усвоен е нацрт регулатива од страна на Европската комисија со која се дефинира задолжителното инсталирање уреди за интелигентно прилагодување на брзина на сите возила од 6 јули 2022 година, пишува „Ревија ХАК“.

Моделските генерации на автомобили кои ќе бидат пуштени во продажба пред тој датум нема да мора да имаат темпомат до почетокот на 2024 година.

Прилагодувањето на брзината може да се дефинира со податоците на системот за навигација или системот за препознавање знаци, кој исто така станува се почест кај денешните автомобили. На производителите им останува да обезбедат доверливост на одредувањето на брзината, а на земјите од ЕУ е да се грижат за сообраќајните знаци за ограничување на брзината, посочуваат од Европската комисија. Системот ISA ќе го извести возачот за максималната дозволена брзина со звучен и хаптички сигнал, а потоа самиот систем автоматски ќе реагира со спречување на пребрзо возење.

Сепак, тоа не значи дека возачот нема да може да вози побрзо бидејќи системот ќе може да го „заобиколи“ ненадејниот притисок на педалата за гас. Имено, се предвидува можност возачот да го деактивира системот, но тој автоматски да се активира секогаш кога ќе го запали моторот.

Начинот на кој функционира е, едноставно кажано, како кај старт-стоп системот.

Промовирани огласи »

Ресторан Еквилибриум се наоѓа во скопската населба Аеродром, нуди уникатно искуство, не само поради мирната тераса туку и поради најинтересните ентериери за ресторани, исполнети со пријатни звуци на музика и релаксирачки амбиент. Секоја вечер во Equilibrium има жива музика (амбиентален џез, поп, рок) и пријатна атмосфера каде можете да ја вкусите гастрономската магија на нашите шефови или да уживате во врвните вина. Нашите готвачи ќе се потрудат максимално професионално да излезат во пресрет на сите ваши барања.

Моментално има отвoрени работни места поради зголемен обем на работа:

Промовирани огласи »

Samsung најави сензор од 200MP кој најверојатно ќе биде користен за Galaxy S22 Ultra, а треба да излези  на почетокот на следната година. Motorola исто така ќе биде една од првите компании што ќе лансира смартфон со главен сензор на камера од 200MP. Ликстерот Ice Universe додава дека и Xiaomi ќе биде следниот со 200MP смартфон, во втората половина на 2022.



​Motorola ќе го  лансира својот уред со 200MP пред Xiaomi, а најверојатно тоа ќе биде моделот Moto Edge X. Овој модел ќе има Qualcomm - Snapdragon 8 Gen1 чип и ќе биде првиот смартфон со ваков чип. Moto Edge X би требало да биде лансиран во средина на 2022 година. Овој модел ќе ја има камера од компанијата Samsung со 200MP која се нарекува ISOCELL HP1, и располага со пиксели од 0.64μm, со нова ChameleonCell pixel-binning технологија и ќе има можност да снима во 8K.

Промовирани огласи »

Renault Kadjar ќе добие нов изглед, редизајниран ентериер, обновени погонски единици, па дури и ново име кога ќе влезе во својата втора генерација во 2022 година.
 

Ривалот на Toyota RAV4 сега ќе се вика Renault Austral - име за кое Renault вели дека „ја потсетува на живоста и топлината на југот, мирното задоволство на природата, како и широко отворените простори, евоцирајќи неограничени можности“.

Претходните видувања на камуфлирани прототипови, исто така, потврдија дека водечкиот SUV ќе претрпи значителен стилски ремонт, следејќи го водството на новиот Renault Mégane E-Tech Electric, кој го поставува тонот за дизајнерскиот етос на Renault од новата ера.
 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »