Промовирани огласи »

Амбасадата на Германија во земјава од новиот список на регистрирани,по случаен избор, со помош на компјутерски управуван генератор во лотариска постапка, ќе се извлечат оние, на кои ќе им се додели термин за вадење виза за месец март 2022 година.

Поради Вашите многубројни реакции и сè уште многу големиот интерес за термини за поднесување на барање за виза, од февруари 2022 година секој месец ќе се применува постапка на лотарија. За таа намена, во февруари за првпат ќе се отвори нов список за регистрирање, кој ќе биде неприкинато отворен за подолг период (најверојатно за околу две недели). Потоа, по случаен избор, со помош на компјутерски управуван генератор во лотариска постапка, од сите регистрации ќе се извлечат оние, на кои ќе им се додели термин за месец март 2022 година, напиша Холштајн на Фејсбук.

Поопширни информации можат да се најдат на веб-страницата https://skopje.diplo.de/mk-mk/-/2493044.

Промовирани огласи »

Само 14 отсто од Европејците сакаат да се вратат во канцеларија по пандемијата од 9 до 17 часот, а повеќе од половина од анкетираните велат дека се попродуктивни додека работат од дома, покажуваaт најнови истражувања.

Според нив „хибридната работа“, мешавина од работа од дома и канцеларија има и свои недостатоци, а повеќе од една четвртина од испитаниците веруваат дека работат постојано или работат до доцна во ноќта.

Со прашалникот биле опфатени 14.000 луѓе ширум Европа.

Според Евростат, во 2020 година, околу 12 отсто од вработените во Европската Унија работеле од дома, во споредба со 5 отсто од нив пред пандемијата.

Работодавците сега мора внимателно да размислат како ќе одговорат на предизвиците на модерниот хибриден живот“, вели потпретседателот на „Самсунг, Бенџамин Браун.

Две третини од Европејците изјавиле дека направиле или планираат да направат адаптации во домот за да го олеснат хибридниот живот и дека на пример, уредиле домашни канцеларии, додека 41 процент одлучиле да се преселат.

Исто така, 51 процент од испитаниците се изјасниле дека технологијата, односно алармите и разните апликации им олеснуваат да поставуваат граници меѓу работата и приватниот живот.

Технологијата веројатно ќе го следи нашето ментално здравје и среќа, како и физичкото здравје, а паметните уреди ќе станат наши асистенти, рече Меик Викинг, извршен директор на данскиот институт за истражување на среќата.

Промовирани огласи »

А1 Македонија е организатор на најголемиот е-спортски настан во Македонија во соработка со GG.MK, закажан за во петок и сабота, 10-ти и 11-ти декември, во новоотворениот трговски центар East Gate Mall.


Пријавените играчи ќе се натпреваруваат во повеќе видео игри: Counter Strike: Global Offensive како FPS, Dota 2 за МОВА, Fifa 2022 како спортска игра, Tekken 7 како игра со боречки вештини и добро познатиот Cosplay натпревар. Пријавите за учество се затворени, има вкупно 282 екипи за трите тимски игри и 64 Tekken 7 играчи.

Организаторите најавуваат голем број награди со вкупен број од 150 за победниците, како и награди (giveaway) за гледачите на стримот и присутните. Дел од наградите се: телевизор, мобилни телефони,е -скутер,таблет, гејмерски мауси и слушалки, Nintendo Switch, тастатури и А1 Game Fest маици.

Како специјални гости се најавени јутуберите, GP и Steffonator, кои ќе имаат свои стримови во живо од East Gate Mall.

Распоредот за настанот по денови изгледа вака:

ПЕТОК 10-ти декември 2021

  • 13:00 – 15:00 – FIFA22 
  • 14:00 – 17:00 – GP
  • 16:30 – 19:30 – Steffonator
  • 15:30 – 20:00 – Dota2

САБОТА, 11-ти декември 2021

  • 11:00 – 19:00 – TEKKEN 7 
  • 11:00 – 16:30 – CS:GO 
  • 14:00 – 17:00 – GP
  • 16:30 – 19:30 – Steffonator
  • 17:00 – 19:00 – Cosplay
  • 19:00 – TEKKEN 7 – финале

Промовирани огласи »

Цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе се зголеми до 10 отсто. Новата цена ќе се знае на 9 декември, изјави министерот за економија Крешник Бектеши за Алсат.

Да бидам искрен, на затворена владина седница веќе е усвоена одлука со која ЕСМ ќе учествува на јавен тендер објавен од универзалниот снабдувач, во овој случај, ЕВН Хоме. Јас само можам да потврдам дека крајната цена според сите проекции што сме ги правеле ние како енергетски тим во рамки на Владата, нема да биде над 10% за домаќинствата и граѓаните, вели Бектеши.

Неизвесно е и дали по Нова година граѓаните преку ден ќе имаат евтина тарифа на електричната енергија, објавува Алсат.

Според надлежните 100 отсто од потребната струја на Универзалниот снабдувач за домаќинствата ќе биде обезбедена од ЕСМ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »