Промовирани огласи »

Во Македонија од 15 ноеври стапи на сила обрската за носење на зимска опрема во возилата, а тоа значи и промена на летните со зимски гуми. Доколку сеуште не сте го сториле тоа, сега е дефинитивно време, затоа што покрај казната која може да ја добиете, деновиве се очекува и можен снег, па безбедноста на возилото мора да се одржува на високо ниво. Проблемот по промената на гумите е тоа што веројатно често се прашувате каде да ги чувате летните гуми. Ако вие треба да се погрижите за оваа обврска, треба да знаете неколку важни информации.

Правилно складираните гуми не ги губат своите карактеристики, така што нивниот век на траење ќе биде подолг, поради тоа експертите подготвија неколку корисни совети кои ќе ви помогнат правилно да ги чувате вашите гуми.

Пред да ги складирате гумите, важно е да ги исчистите од нечистотија и да ги отстраните ги камењата и сличните предмети што можат да ги оштетат или да влијаат на обликот на површината.

Чувајте ги гумите на темно, суво и ладно место (не, на пример, каде што стои котелот за парно греење) бидејќи изложувањето на дневна светлина, а особено на УВ зраци (повеќе отколку што е потребно за време на работата), е многу штетно.

Контактот со масла, лубриканти, лакови и горива исто така ги оштетува гумите.

Гуми со фелни

Ако ги чувате гумите со фелни, намалете го воздушниот притисок пред складирањето, но не ги празнете целосно.

Не чувајте ги гумите со фелни во исправена положба, туку закачете ги на носачи за да ја преживеат зимата без оптоварување.

Ако не можете да ги обесите гумите со фелни, наредете ги една врз друга, но така што висината на наредените гуми да не надминува 1,5 метри.

Добро е еднаш месечно да се преуредуваат за да не биде една постојано на дното.

Гуми без фелни

Чувајте ги гумите што сте ги извадиле од тркалата паралелно во исправена положба, оставајќи малку простор меѓу нив.

Се препорачува да ги свртите на секои четири недели за да не се деформира гумата.

Промовирани огласи »

Законското решение кое предвидува недела да биде ден на неделен одмор ќе почне да се применува од 1 јануари наредната година. Ова со заеднички комисиски амандман го одлучија пратениците на денешната седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика, каде Предлог-законот за работните односи помина во второ читање.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска нагласи дека законското решение кое предвидува недела да биде ден на неделен одмор е дел од политиката на Владата за заштита на правата на работниците. Таа очекува пратениците да го поддржат ова законско решение и на пленарна седница, бидејќи законот е во интерес на 92 проценти од работниците во Република Северна Македонија.

Со ова решение ги штитиме правата и на оние осум проценти од работниците што поради виталноста на дејноста или технолошкиот процес мора да работат во недела, со тоа што се превидува дневница поголема за најмалку 50 проценти и слободен ден во наредните седум дена. За вработените во трговијата, каде што исто така има одредени исклучоци, додатокот на плата е во висина од 100 проценти, значи двојно повисока дневница во недела, рече министерката Шахпаска.

Промовирани огласи »

Судот во Обединетото Кралство ја поништи сопствената одлука и, по тужбата на американските власти, донесе одлука Џулијан Асанж да биде екстрадиран во САД.

Да потсетиме, американското правосудство побара екстрадиција на Асанж, обвинувајќи го за стекнување и објавување доверливи информации на платформата Викиликс, на која објави стотици илјади документи поврзани со војните во Авганистан и Ирак.

Судот ја укина сопствената одлука

Британскиот суд во јануари пресуди дека Асанж не може да биде екстрадиран во САД, наведувајќи ја реалната можност Асанж да изврши самоубиство.

Асанж моментално се наоѓа во затворот Белмарш во Лондон. Доколку биде осуден во САД, му се заканува затворска казна до 175 години, пишува Си-Ен-Ен.

Асанж беше уапсен во април 2019 година, кога британските власти влегоа во амбасадата на Еквадор, каде што Асанж се криеше седум години.

Промовирани огласи »

Веројатно на нашите работни места сите сме слушнале многупати дека „никој не е незаменлив“, иако е поверојатно тоа да се слушне почесто во големите корпорации каде луѓето сè уште се сметаат за „позиции“. Сепак, не е технологијата, производот или процесот што ја прави компанијата голема, туку луѓето зад тоа одлично решение. А какви се тие незаменливи работени, кои особини ги имаат? 

1. Прават повеќе отколку што e побарано од нив

Повеќето луѓе недоволно испорачуваат или ги исполнуваат минималните барања само за да ја штиклираат задачата на нивната листа со задачи. Еве еден едноставен пример. Менаџерот прашува „Треба да нарачаме брендирани маици за нашата кампања“. Лесно заменливиот вработен ќе испрати врска од првиот продавач на кој налета. Речиси незаменливиот би рекол „Најдов 5 добри решенија за нашите брендирани маици, најевтината е оваа, но најдоброто со оглед на цената и квалитетот е оваа. Побарав понуда и договорив попуст и можеме да ги доставиме за една недела. Но, наидов и на многу добра понуда на Bluetooth звучници што можеме да ги брендираме ако сакаме да размислиме за промена на маиците“.

2. Имаат исклучителни комуникациски вештини

Тие знаат како лесно да искомуницираат без да одат во круг и долги објаснувања. Тие го почитуваат времето на другите и практикуваат ефективна комуникација. Незаменливите вработени се справуваат со барањето на клиентот или клиентот кој се жали во еден разговор преку е-пошта предвидувајќи ја ситуацијата и други подпрашања што може да ги има клиентот, додека во инбоксот на лесно заменливиот вработен ќе најдете десетици разговори за истото прашање.

3. Тие се еден чекор понапред 

Секој менаџер сака кога добива серија „да“ одговори на прашања како „Дали ја испрати таа е-пошта?“, „Дали ја вклучивте и спецификацијата“, проследено со некои смирувачки дејства како „И јас исто така го направив тоа и тоа...“.

4. Тие се добри слушатели и набљудувачи

Тие слушаат и не ги поставуваат истите прашања два пати. Тие знаат да препознаат важна содржина што е соопштена, да ја забележат и да постапат по неа. Тие создаваат вредност со предвидување на ситуацијата и го прават она што е потребно.

5. Тие се доверливи,одговорни и лојални

Кога менаџерот е надвор од функцијата, тој се обраќа кон својата незаменлива личност во просторијата за да ги остави своите големи должности во сигурни раце. Незаменливите вработени не се плашат да преземат големи одговорности затоа што веруваат во нивната способност. А на врвот на тортата доаѓа црешата - лојални се.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »