Промовирани огласи »

Веројатно на нашите работни места сите сме слушнале многупати дека „никој не е незаменлив“, иако е поверојатно тоа да се слушне почесто во големите корпорации каде луѓето сè уште се сметаат за „позиции“. Сепак, не е технологијата, производот или процесот што ја прави компанијата голема, туку луѓето зад тоа одлично решение. А какви се тие незаменливи работени, кои особини ги имаат? 

1. Прават повеќе отколку што e побарано од нив

Повеќето луѓе недоволно испорачуваат или ги исполнуваат минималните барања само за да ја штиклираат задачата на нивната листа со задачи. Еве еден едноставен пример. Менаџерот прашува „Треба да нарачаме брендирани маици за нашата кампања“. Лесно заменливиот вработен ќе испрати врска од првиот продавач на кој налета. Речиси незаменливиот би рекол „Најдов 5 добри решенија за нашите брендирани маици, најевтината е оваа, но најдоброто со оглед на цената и квалитетот е оваа. Побарав понуда и договорив попуст и можеме да ги доставиме за една недела. Но, наидов и на многу добра понуда на Bluetooth звучници што можеме да ги брендираме ако сакаме да размислиме за промена на маиците“.

2. Имаат исклучителни комуникациски вештини

Тие знаат како лесно да искомуницираат без да одат во круг и долги објаснувања. Тие го почитуваат времето на другите и практикуваат ефективна комуникација. Незаменливите вработени се справуваат со барањето на клиентот или клиентот кој се жали во еден разговор преку е-пошта предвидувајќи ја ситуацијата и други подпрашања што може да ги има клиентот, додека во инбоксот на лесно заменливиот вработен ќе најдете десетици разговори за истото прашање.

3. Тие се еден чекор понапред 

Секој менаџер сака кога добива серија „да“ одговори на прашања како „Дали ја испрати таа е-пошта?“, „Дали ја вклучивте и спецификацијата“, проследено со некои смирувачки дејства како „И јас исто така го направив тоа и тоа...“.

4. Тие се добри слушатели и набљудувачи

Тие слушаат и не ги поставуваат истите прашања два пати. Тие знаат да препознаат важна содржина што е соопштена, да ја забележат и да постапат по неа. Тие создаваат вредност со предвидување на ситуацијата и го прават она што е потребно.

5. Тие се доверливи,одговорни и лојални

Кога менаџерот е надвор од функцијата, тој се обраќа кон својата незаменлива личност во просторијата за да ги остави своите големи должности во сигурни раце. Незаменливите вработени не се плашат да преземат големи одговорности затоа што веруваат во нивната способност. А на врвот на тортата доаѓа црешата - лојални се.

Промовирани огласи »

Погледнете како изгледа мапата на најпаметните, но и на најглупавите народи во светот, а дознајте и на кое место се најде Македонија според просечниот коефициент на интелигенција на народот кој живее во неа.

Често, на шега знаеме да кажеме дека на глупавиот човек му е полесно поради тоа што не знае дека е глупав.

Од друга страна пак, сакаме и да се пофалиме колку сме паметни и доколку малку подобро размислите, ќе сфатите дека никој и никогаш во животот не ви се пожалил дека е глупав.

Според студијата која во 2019 година ја спровеле истражувачите Ричард Лин и Дејвид Бекер, највисокото ниво на IQ во светот го имаат Јапонците, со просек од 106,49.

На листата топ 10 држави во кои живее народ со највисок коефициент на интелигенција следат:

  • Тајван – 106,47
  • Сингапур – 105,89
  • Хонгконг – 105,37
  • Кина – 104,10
  • Јужна Кореја – 102, 35
  • Белорусија – 101,60
  • Финска – 101,20
  • Лихтенштајн – 101,07
  • Холандија и Германија – 100,74.

Просечното IQ според податоците на оваа студија е 98,16 што нас нè сместува во потпросечно паметни луѓе.

Maкедонија се најде на 108-то место со просечен коефициент на интелигенција 81,91.

Кога станува збор за земјите од регионот, редоследот е следен:

  • Хрватска – 95,75
  • Бугарија – 90,99
  • Србија – 89,6
  • Босна и Херцеговина – 88,54
  • Црна Гора – 85,78
  • Албанија – 81,75

Според интерактивната мапа направена врз основа на податоци од оваа студија, најнизок коефициент на интелигенција забележан е на континентот Африка кој е обележан со виолетова боја.

Целосната листа на држави погледнете ја ТУКА.

Промовирани огласи »

Ова недела издвојуваме најпосетени огласи за вработување на нашиот сервис. Од анализите на тимот на KARIERA.mk би сакале да пренесеме резултати околу популарност на одредени огласи кои најдобро котираа оваа недела. 

ПАВ МОТИВИ работи во партнерство со своите клиенти и комбинација на доверливи високо квалификувани кандидати со кои преку специјални извори се обидуваме да испорачаме одлични работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени позиции. МОТИВИ е лиценцирана агенција која поседува Лиценца А (највисок ранг на лиценца) за посредување при вработување и привремени вработувања во земјава но и надвор од неа, издадена од Министерството за труд и социјална политика. Во моментов МОТИВИ е во потрага по: 

Прекрасниот хотел Double Тree by Hilton вработува на неколку различни позции и за истите може да ги погледнете деталите ТУКА.

Ресторан Еквилибриум се наоѓа во скопската населба Аеродром, нуди уникатно искуство, не само поради мирната тераса туку и поради најинтересните ентериери за ресторани, исполнети со пријатни звуци на музика и релаксирачки амбиент. Поради зголемен обем на работа имаат потреба од проширување на тимот со 5 работни позиции

 АЛФИ ТЕХНОЦЕНТАР која успешно ја гради својата професионална приказна веќе 29 години поради зголемен обем на работа го проширува тимот со ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА и ПЕРСОНАЛ ЗА КАФЕТЕРИЈА во Скопје.

Лапласт-М е фирма со 30 годишна традиција на успешно производство и монтажа на производи за заштита од сонце поради зголемени обврски има потреба од МОНТЕР НА ТЕНДИ И УРБАНА ОПРЕМАБРАВАР - ЗАВАРУВАЧОПШТ ГРАДЕЖЕН РАБОТНИК.

Sarajeva Steakhouse вработува талентирани, мотивирани, креативни и страстни поедници во новата локација - East Gate Mall во Скопје. Аплицирајте за следните позиции:

НИКОБ, агенцијата за обезбедување лица и имот, е основана во 1995 година во Скопје и е првата компанија за обезбедување во Македонија која е судски регистрирана. Лојалноста, стабилноста и професионалноста беше одлика на компанијата од почетокот на нејзиното работење. Тоа беше единствениот предуслов НИКОБ, 25 години да е број еден агенција за обезбедување на имот и на лица во Македонија. Погледни ги сите отворени работни позиции во НИКОБ ТУКА.

Hello Post - најдобрата и најголема компанија за достава во Македонија! Hello Post нуди достава на писма, пакети и габаритни пратки. Hello Post има канцеларии во 36 градови низ Македонија и секојдневно ја опслужува целата земја! Најдобар партнер за било кој бизнис, домаќинство, е-трговија. 

ДОСТАВУВАЧ - ГЕВГЕЛИЈА

АДМИНИСТРАТОР - ВЕЛЕС 

МАГАЦИОНЕР 

ДОСТАВУВАЧ - СТРУМИЦА 

КУРИР 

ДОСТАВУВАЧ - НЕГОТИНО

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 28 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Истовремено СЕТЕК сé од техника има и свој малопродажен ланец кој континуирано се развива и моментално брои околу 400 вработени. Истите се во потрага по:

ПРАВНИК 
REFERENT PËR SHITJE NË ÇAIR, SHKUP 
РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО ЧАИР-СКОПЈЕ 
ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОР

Низ историјата успесите на ЖИТО МАРКЕТИ секогаш биле базирани на цврсти вредности: одговорност, чесност, доверба и интегритет. Маркетите се дизајнирани и опремени во согласност со европските стандарди за пазарење, со сопствен паркинг простор и со пристап за лица со инвалидност. Кога е Жито маркети во прашање, очекувајте многу подароци, акции, промоции и други изненадувања за купувачите. Успешниот македонски ланец Жито Маркети вработуваат на следниве работни позиции! Погледни ги сите ТУКА.

Промовирани огласи »

Лапласт-М е фирма со 30 годишна традиција на успешно производство и монтажа на производи за заштита од сонце. За сите тие години Лапласт-М ја прошируваше својата дејност и освојуваше нови пазари со се побогатата понуда на разновидни и пред се квалитетни производи за заштита од сонце. Оваа интенција вработените ја остваруваат со развој и унапредување на производите, користење современи материјали за производство, брза монтажа и навремено сервисирање на производите, како и со одржување на ефективен систем за унапредување на квалитетот заснован на ISO 9001 стандардот, и системот за управување со заштита на животната средина(EMS согласно барањата на ISO 14001 стандардот).

Во моментов Лапласт-М има отворени работни места за:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »