Peugeot ќе продава само електрични автомобили во Европа од 2030 година наваму, користејќи четири Stellantis EV платформи, пишува Automotive News Europe.
Одлуката ја потврди извршната директорка на Peugeot, Линда Џексон, која додаде дека француската марка ќе продолжи да произведува модели ICE за други меѓународни пазари. „Како што преминуваме кон новите платформи – STLA Small, [STLA] Medium и [STLA] Large – до 2030 година во Европа, сите наши модели ќе бидат електрични“, рече Џексон. „Но, сепак морам да се погрижам да одржувам понуди за внатрешно согорување за моите меѓународни клиенти“.