Во Македонија од 15 ноеври стапи на сила обрската за носење на зимска опрема во возилата, а тоа значи и промена на летните со зимски гуми. Доколку сеуште не сте го сториле тоа, сега е дефинитивно време, затоа што покрај казната која може да ја добиете, деновиве се очекува и можен снег, па безбедноста на возилото мора да се одржува на високо ниво. Проблемот по промената на гумите е тоа што веројатно често се прашувате каде да ги чувате летните гуми. Ако вие треба да се погрижите за оваа обврска, треба да знаете неколку важни информации.
Правилно складираните гуми не ги губат своите карактеристики, така што нивниот век на траење ќе биде подолг, поради тоа експертите подготвија неколку корисни совети кои ќе ви помогнат правилно да ги чувате вашите гуми.
Пред да ги складирате гумите, важно е да ги исчистите од нечистотија и да ги отстраните ги камењата и сличните предмети што можат да ги оштетат или да влијаат на обликот на површината.
Чувајте ги гумите на темно, суво и ладно место (не, на пример, каде што стои котелот за парно греење) бидејќи изложувањето на дневна светлина, а особено на УВ зраци (повеќе отколку што е потребно за време на работата), е многу штетно.
Контактот со масла, лубриканти, лакови и горива исто така ги оштетува гумите.
Гуми со фелни
Ако ги чувате гумите со фелни, намалете го воздушниот притисок пред складирањето, но не ги празнете целосно.
Не чувајте ги гумите со фелни во исправена положба, туку закачете ги на носачи за да ја преживеат зимата без оптоварување.
Ако не можете да ги обесите гумите со фелни, наредете ги една врз друга, но така што висината на наредените гуми да не надминува 1,5 метри.
Добро е еднаш месечно да се преуредуваат за да не биде една постојано на дното.
Гуми без фелни
Чувајте ги гумите што сте ги извадиле од тркалата паралелно во исправена положба, оставајќи малку простор меѓу нив.
Се препорачува да ги свртите на секои четири недели за да не се деформира гумата.