Промовирани огласи »

Занаетчиската комора во земјата бара од власта - доколку се зголеми минималната плата, таа да биде субвенционирана од државата. 

Од комората реагираа преку писмен допис во медиумите, во кој истакнаа дека испратиле вакво барање до Владата и до Министерството за економија.

Занаетчиска комора на Република Македонија која ги застапува микро, малите и самостојните вршители на дејност односно занаетчиите, уште еднаш Ве информира дека реагиравме до Владата на РСМ и до Министерството за економија каде што дадовме наше образложение и потенциравме дека во моментот на оваа криза која е предизвикана од Ковид – 19 и во тешка економска состојба во која се наоѓа нашата земја, баравме доколку се покачи минималнта плата, таа да биде субвенционирана од државата се додека се тргнат рестрикциите за работа, односно субвенциите да бидат 3.000 денари (разликата од 15.000 до 18.000 денари), се вели во дописот испратен до медиумите.

Промовирани огласи »

ПроVR кацига претставена од Sony, ја зголемува верноста на приказот на сликата, го намалува доцнењето, а ќе користи OLED микро дисплеи. Индивидуално, овие дисплеи нудат 4K приказ на сликата, додека комбинирано 8K квалитет.  

Покрај индустриските апликации, OLED микродисплејот се очекува да се користи и за забавни цели, бидејќи може да ја покаже текстуратата во висока резолуција како и човечките изрази во реално време врз основа на движењата на главата на гледачот.

За повеќе информации погледнете во видеото:

Промовирани огласи »

Фолксваген вети дека новиот пик-ап на Амарок што треба да излезе следната година ќе има „јасна ДНК на Фолксваген“, и покрај тоа што е заеднички развиен со Форд.
 

Машината се развива заедно со неодамна откриениот нов пик-ап на Ford Ranger и ќе се произведуваат заедно со Ford во Силвертон, Јужна Африка. Двете фирми договорија широк опсег на „глобален сојуз“ во 2019 година, кој ќе вклучува производство на комерцијални возила и електрични автомобили. Следната генерација на Amarok ќе биде првиот модел лансиран како резултат на иницијативата и е опишан од Volkswagen како „голем стратешки чекор“.
 

Промовирани огласи »

Кон иницијативата „Стоп за задолжителното носење на маски во училиштата“ за неколку дена се приклучија повеќе од 3000 родители на деца кои одат на училиште.

Оттаму велат дека петицијата со собраните потписи ќе биде доставена до надлежните од кои очекуваат разбирање и одговор, со цел второто полугодие од оваа учебна година да почне без задолжителното носење маски за време на часовите.

Доколку нема никаков одговор од надлежните, протест кон крајот на месецот, најавуваат од иницијативата.

-Континуираното носење маски е исклучително штетно по здравјето на нашите деца, особено што децата се приморани да носат и маски за време на часовите по физичко воспитување, спротивно на сите препораки од СЗО и експерти. Истото не е предвидено ниту во протоколот за работа во основните и средните училишта но сепак истото сеуште се практикува, велат од иницијативата.

Тие бараат носењето на маска да биде по избор, а петицијата може да се потпише и он-лајн, на истоимената група на социјалната мрежа Фејсбук. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »