Промовирани огласи »

На многу од нас жените ни е преку глава од купување на скапи дизајнирани хулахопки 3 пати месечно, бидејќи ги кинеме на работа или пак ќе ги закачиме со нокт при облекување.

Секоја жена сака да ги носи хулахопките повеќе време. Но, за жал, уште на второто или третото облекување по нив се појавува грда линија и треба да ги фрлите. Но, има еден едноставен трик, кој ќе ви помогне да го продолжите животот на вашите омилени хулахопки!

Се што треба да направите е само да ги замрзнете хулахопките!

Да, тоа звучи малку лудо, но мора да го пробате овој метод. Следниот пат, кога ќе купите нови хулахопки, ставете ги во замрзнувач. По нивното замрзнување, одмрзнете ги и оставете ги да се исушат.

На овој начин ќе ги зајакнете влакната на хулахопките и тие ќе траат подолго од обично.

На девојките од Кариера.мк им успеа - пробајте и вие :)

Промовирани огласи »

Компанијата „Самсунг“ на конференцијата за технологија на дисплеи „Досплеј Вик“ во Калифорнија, ги претстави новите прототипи на ОЛЕД екрани, кои можат да се виткаат и растегнуваат.

Овие флексибилни екрани имаат големина од 9,1 инчи, а се враќаат во првобитната форма по секое развлекување. За разлика од другите флексибилни екрани кои можат да се свиткаат само во една насока, прототипот на „Самсунг“ може да се свитка до 12 милиметри во двете насоки. Иако тоа не звучи како спектакуларно виткање, „Самсунг“ досега направи најголем исчекор кога станува збор за развојот на флексибилни екрани.

Корејската компанија не соопшти кога официјално ќе почне да ги користи овие екрани на новите мобилни уреди.

На конференцијата во Калифорнија, „Самсунг“ го претстави и 5,09 инчниот стаклен ЗД ОЛЕД екран кој може да се употребува за уште подобро мултимедијално и ВР доживување. Проѕирните звучници звучат фасцинантно, но таа технологија на екрани се уште не е подготвена за масовно производство во блиска иднина.

Меѓу бројните производители на екрани кои ги покажаа своите најнови изуми, „Самсунг“ го претстави уште и 1,96 инчниот ЛЦД екран со висока резолуција.

Промовирани огласи »

Изградбата на најголемата фотонапонска постројка на светот е завршена во Кина.

Tаа е приклучена на локалната електроенергетска мрежа. Тоа е еден од чекорите на кинеската влада, критикувана заради емисијата на штетни гасови, во обидите да предводи во примената на системи за обновлива енергија.

Сместена во градот Хуинан, ова 40 мегаватна постројка ја направи компанијата Сунгров Пауер Саплај.

Самата пловечка мрежа на соларни панели е изградена над поранешниот, а денеска поплавен, рударски регион.

Соларните фарми стануваат сè попопуларни во светот заради единствениот дизајн, кој е ефикасен и решава проблеми на градското планирање.

Промовирани огласи »

Министрите за трговија на земјитре од ЕУ постигнаа договор околу строги еколошки правила за приватни возила.

Здруженијата за заштита на животната средина и потрошувачите не се задоволни и сметаат дека правилата имаат недостатоци.

После долги и макотрпни преговори, министрите за трговија на ЕУ постигнаа договор во Брисел околу тестирање на издувните гасови.

Во позадина на тој договор се манипулациите околу количините на штетни издувни гасови кај автомобилите со мотори на дизел погон кои веќе неколку години се присутни во јавноста.

Kрајно време е ЕУ да предложи оддржани системи за издавање на употребни дозволи за автомобили, рекла комесарка на ЕК за трговија Бјенсковска.

Комисијата ќе ги предлага правиалта, а контрола ќе спроведуваат самите земји членки. Комисијата ќе може да изрекува казни и до 30 илјади евра по автомобил. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »