Промовирани огласи »

Претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и универзитетски професори, вчера, пред наставниот кадар од Република Македонија го презентираа ЕКВЕТ системот (Европскиот кредит систем за стручно образование и обука).

На конференцијата, одржана во хотел „Континентал“, беше потенцирано дека ЕКВЕТ претставува техничка рамка за трансфер, признавање и акумулација на стекнати знаења, вештини и компетенции за да се добие одредена квалификација и зголемена транспарентност на образовните системи, можност за размена на искуства, како и синхронизација и мобилност во европскиот простор за стручно образование и обука.

Со имплементацијата на овој кредит систем, велат претставниците на Националната агенција, ќе се поттикне мобилноста во областа на средното образование, ќе се олесни процесот на доживотно учење и ќе се промовира стручното образование и обука.

ЕКВЕТ, како што беше потенцирано на конференцијата, е европски инструмент за промоција на заедничка доверба, мобилност и препознавање во стручното образование и обука. Овој систем ќе го олесни трансферот, признавањето и акумулацијата на проценетите резултати од учењето, ќе го подобри општото разбирање на резултатите од учењето на граѓаните, ќе оствари мобилност и преносливост во земјите во областа на доживотното учење, ќе ја подобри преносливоста на квалификациите на национално ниво меѓу различни сектори на економијата и на пазарот на трудот и ќе придонесе за развој и проширување на европската соработка во образованието и обуката.

Промовирани огласи »

Над 1.000.000 луѓе се насочени кон технологијата со цел да им помогне да научат јазици. Се прави истражување со цел да се дознае зошто оваа апликација за учење е толку популарен метод и кои се предностите што ги нуди.

Фејсбук сега има околу 1.6 милијарди корисници, што е еднакво на скоро една четвртина од популацијата во светот. Овој број зачудува кога ќе помислите дека 3,3 милијарди на светот 7,2 милијарди се поврзани на интернет. Од друга страна пак гигантот Гугл, се справува со околу 4 милијарди пребарувања на ден.

Што се случува со интернет компаниите кога не се фокусираат на потребите, а во преден план ги ставаат желбите?

Во 2007 година неколку експерти од Babbel се соединија за да го направат учењето на јазици лесно, ефикасно и достапно за сите. Цел тим од лингвисти, наставници, полиглоти и креатори на содржини подготвуваат индивидуални курсеви на четиринаесет различни странски јазици.

Како функционира?

Бројките говорат сами за себе: над 1.000.000 луѓе избираат да учат јазици со Babbel и бројот постојано расте. Но зошто Babbel апликацијата стана толку популарна?

Еве неколку причини:

  • Експертите

Од неколу ентузијасти кои започнаа да работат во Берлин, Babbel апликацијата еволуираше во широк спектар на експерти обединети со една цел, а тоа е создавање на најдобрите алатки за учење на јазици.

  • Производот и услугата

Апликацијата базирана на учење има неколку својствени предности. Ја имате достапна на вашиот мобилен телефон во секое време, целосно подготвена да ве води низ лавиринтот на современиот живот. Апликацијата постојано се надоградува и ажурира.

Но, колку и да изгледа Германската граматика комплицирана или пак некои од Француските зборови тешки за разбирање, тука е Babbel апликацијата за да ги поедностави работите.

  • Учениците

Сите 1.000.000 ученици имаат своја интересна приказна зошто сакаат да учат јазици и зошто ја користат оваа апликација. Некои од приказните се доста инспиративни, на пример Џани. Тој е најстариот ученик има 101година и сака да учу јазик за да си ја олесни комуникацијата на Скајп со својата правнука. Сесилија пак ја користи апликацијата со цел да научи Германски и да се пресели да живее во Берлин.

  • Списанието Babbel

Ова спизание е формирано пред две години, со цел да се промовираат забавни и образовни статии, уметнички дела и видеа на тема за јазикот и културата. Се печати на шест различни јазици – и го читаат над десет милиони луѓе месечно.

  • Иднината

Образовната индустрија често заостанува зад другите, но Babbel апликацијата има за цел да го промени тоа и ние веруваме дека и претстои светла иднина.

Промовирани огласи »

Денешното време е многу динамично, ако нашите родители живееле во време на извесна иднина, денес нашата е многу понеизвесна. Секој од настежнее кон обезбедување финансиска сигурност за иднината која претстои, меѓутоа колкава и каква сигурност ќе успееме да обезбедиме зависи од одлуките кои ќе ги донесеме во сегашноста.

За многумина, да се ужива спокојно во староста е многу важна цел и награда за вложениот труд во својата работа. Меѓутоа со константното поместување на старосната граница за пензионирање во европските земји, и кај нас, се повеќе расте желбата да се најдат алтернативни начини за обезбедување на финансиски посигурна иднина. Со други зборови граѓаните изнаоѓаат план Б за финансиски мир, без разлика дали ќе биде штедење или некаков вид на инвестиција.

Со зголемување на финансиската писменост на граѓаните се менуваат и нивните преференци, стануваат пософистицирани и очекуваат прилагодување на барањата и потребите кои ги имаат. Оттаму на пазарот се зголеми бројот на финансиски производи чија задача е да ја намалат неизвесноста и да понудат подобро решение.Сите тие производи на некој начин даваат план Б за обезбедување на посигурна иднина, меѓутоа едно од најдобрите решенија е животното осигурување.

Животното осигурување е производ во кој се вклучени и штедењето и инвестирањето со цел да се минимизира неизвесноста на финансиската иднината. Пониските каматни стапки на штедниот дел од животното осигурување се причина луѓето многу често да се одлучат за класично штедење или пак некоја друга форма на инвестиција. Меѓутоа за разлика од останатите производи за штедење, животното осигурување, гарантира финансиски надомест и исплата на целосната сума за најблиските во случај на немил настан.

Со растот на бројот на заинтересирани граѓаните за полиса со повисок принос се појави животната полиса Лајф Инвест од Винер Лајф како иновативен производ наменет токму за пресретнување на нивните барања. Производот,на клиентите, освен животно осигурување нуди и можност за највисок принос по истекот на договорот. Премијата која ја уплаќаат клиентите се инвестира во акции од реномирани светски компании преку инвестициски фонд на ВФП фонд менаџмент. Со средствата управуваат професионални портфолио менаџери кои со цел да го намалат ризикот, вложувањата ги дисперзираат во поголем број компании со различни дејности и од различни региони со што се намалува ризикот повеќе компании истовремено да имаат потешкотии во работењето. Сепак да не заборавиме дека секој ден влегуваме во некој ризик со исплатлив завршеток, па зошто тоа да не биде инвестирање во својот живот и во акции.

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикати на Македонија потсети дека до крајот на годината во приватниот сектор треба да се исплати регресот за годишен одмор односно К-15. Од Синдикатот истакнуваат дека регресот за годишен одмор се исплаќа во висина од најмалку 40 проценти од основицата, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во годината кај ист работодавач. 

За работодавачите кои нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе побараат од работниците да ги вратат парите предвидена е затворска казна до една година. 

Од ССМ потсетуваат дека со колективен договор на ниво на дејност или на ниво на работодавач може да се исплати регрес за годишен одмор поголем од утврдениот со Општиот колективен договор, додека оние фирми кои имаат потешкотии во работењето во консултација со синдикатот на ниво на гранка може да утврдат исплата на К-15 во помал износ. 

Спогодбата за измени и дополнувања на Општиот колективен договор за приватниот сектор со која се овозможи исплата на К-15 беше потпишана во 2013 година од страна на ССМ и Организацијата на работодавачи. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »