Се повеќе семејни долгогодишни бизниси изумираат во нашата држава. Бидејќи се занимаваме со HR решивме да истражиме што е тоа што ги убива овој тип на компании.
Нашите баби и дедовци и родители купуваат млеко од истата компанија со генерации а денес гледаме дека компанијата има послаб квалитет, повисоки цени и лош однос со клиенти.
Зошто е тоа така?
Зошто семејните компаниите иако во помодерни услови не успеваат барем да останат на истото ниво како и во минатотот?
“Кога јас се мачев, тој/таа не мора” е уникатнa за нашиот регион. Всушност, не знеме дали тоа е мудрост. Дури и ако е оправдана, во трите наведени случаи не е применлива.
Никој никого не мачи, ако му/и даде работа за која е квалификуван/а, ако за таа работа е адекватно вреднуван/а и ако поттикнува да ја почитуваат работната дисциплина.
Прва причина - Наследникот не смее да биде генерален менаџер одеднаш, туку треба да почне да се искачува по скалилата на успехот во компанијата на своите родители
Втора причина - Членовите на семејството не треба да имаат повисоки плати од нивните колеги на иста позиција на која ги извршуваат истите задачи;
Трета причина - Членовите на семејството треба да го почитуваат работното време
Традицијата е нешто прекрасно и семејните бизниси треба да се негуваат и продлабочуваат со нови идеи од подмладокот, сепак, размислете во кој правец одат семејните бизниси во нашиот регион, се согласувате нели?